|
✍
Александар ЗИНОВЈЕВ
©
ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА
КАКО
ВОЈНА
ОД НОВ ВИД
Војна против Европа со помош на „петта колона“
Овој есеј што Ви го приложуваме во продолжение е презентиран од
страна на Александар Зиновјев на конференцијата одржана во
Москва од 14 до 16 јуни 2001 година на тема: „Русија и
Централна Европа во новата геополитичка реалност”. Зиновјев е познат руски писател, филозоф, социолог и
дисидент од времето на сталинизмот, којшто долго време живеел во
Германија и работел како универзитетски професор во Минхен. Во знак
на протест против бомбардирањето на НАТО врз Југославија од 1999
година тој ја напушта својата катедра и повторно се враќа во Русија,
од кадешто може слободно да ги критикува САД, НАТО и целиот Западен
свет.
Овој еминентен социолог и филозоф кој предаваше на Универзитетот
„Ломоносов“ во Москва, за жал, почина пред неколку месеци од тумор
на мозокот.
Тој во статијата објавена во еминентниот магазин „Монд”
на 25 мај 1999 година, насловена како „Војна
против Европа”
говори за нов либерален (паричен) тоталитаризам, којшто е
поопасен од Хитлеровиот или Сталиновиот режим. Бомбардирањето на
Југославија од страна на НАТО тој го оквалификува со терминот
технолошки фашизам.
Познати дела на овој руски универзитетски професор се:
Комунизмот како реалност
- 1994
Запад
- 1995
Комплексна логика
- 2000
На пат кон надопштество
- 2000
Гибелта на рускиот комунизам
- 2001
Руската трагедија
- 2002
Логична социологија
- 2002
Сите на избори (партиска идеологија на иднината)
- 2003
I.
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
Претставете си себеси опис на 40-те години на XX-от
век во Европа. Врз основа на истакнатите достигнувања на науката и
техниката започна обединувањето на народите во Европа во единствено
општество.
Неспорно е дека глобализацијата не е привиден или виртуелен,
туку реален процес.
Тој има објективни основи и закономерности. Ова е процес во кои
активните луѓе треба да поседуваат волја и знаење. Во него се
решаваат судбините на луѓето, државите, народите и поколенијата...
Од каде произлегува иницијативата за овој процес?!
Иницијативата на глобализацијата се јавува во Западниот свет.
Основите на овој процес произлегуваат од ЗАПАД. Тој се реализира
со силата на Западот и првенствено во негов интерес!
Социјалната суштина на глобализацијата се состои во тоа што таа
самата е грандиозно испланирана и постојано детално разработувана.
Таа е усмерувана и насочувана од основните аспекти на Војната на
западниот свет - не директно кон светско господарење, туку кон
владеење со еволутивните процеси на човештвото и управување пред
се во свој интерес. Подолу ќе го појаснам ова мое уверување...
II.
СОЦИОЛОГИЈА И ВОЕНОЛОГИЈА
(П О Л Е М О Л О Г И Ј А)
Науката којашто професионално се занимава со изучување на војната
како општествен феномен т.е. со нејзините причини и последици се
нарекува полемологија. Јас не сум стучњак во таа област. Но,
суштината на војната како појава во општествената реалност
професионално ја проучувам како социолог. И социолозите и филозофите
кои се занимаваат со социјални проблеми, природно насекаде
посочуваат на осмислена војна. Но,
во нашево време војната добила таков вид и такво социјално значење,
што повлекувањето реска граница меѓу социолошкиот и полемолошкиот
приод практично е едвај возможно.
И полемологијата се почесто при разгледувањето на стручни воени
проблеми се осврнува кон социолошко-општествените аспекти на
војната, така што јас како социолог сметам дека сум во право што ќе
Ви говорам на тема војна.
III.
ЕВОЛУЦИЈА НА ВОЈНАТА
Војната, која всушност е и историска појава, исто така е
подведена под Законот на еволуцијата. Во тој план соединувам
три светски војни
(во XX-от и почетокот на XXI-от век):
·
Првата светска војна (1914-1918)
се водела внатре во западниот свет т.е. меѓу земјите на Западната
цивилизација. Читаме дека таа се водела за прераспреелба на
интересните сфери на влијание и експлоатација. Ова тврдење можеби е
издржано, но држи место и нешто друго, подлабоко, а тоа е -
борбата за доминација на Западниот свет врз целокупната историја
на човештвото. Западниот свет бил социјално истороден и немал
конкуренти во неговото еволуирање. Како резултат, на крајот на оваа
војна, се појавил таков конкурент на Западот, олицетворен во лицето
на рускиот, поточно советскиот, комунизам.
·
Втората
светска војна (1939-1945)
била измешана т.е хибридна. Од еден аспект можеби била слична
на Првата светска војна - бидејќи се водела внатре меѓу државите од
Западниот свет, но од друг аспект таа била војна на целиот Запад
против фашизмот, нацизмот и советскиот комунизам - како
еволуционистички конкурент на вестернизацијата. Сепак како
краен резултат на војната комунизмот зајакна, се распространи ширум
светот со претензии за воспоставување на светско господство
(владеење).
·
Веднаш после завршувањето на Втората светска војна започна
интеграцијата на западниот свет и неговата отворена борба против
светскиот комунизам. Почна Студената војна меѓу Западот (на
чело со САД) - од една страна и Истокот (на чело со СССР заедно со
замјите на социјалистичкиот блок) - од друга страна. Таа прерасна во
Нова светска војна,
односно „Војна од нов тип“.
IV.
НОВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Општоприфатеното сфаќање на војната е дека таа е ...борба на
вооружените сили на државите во којашто се користат специјални
средства за уништување на живата сила на противникот (луѓето) и
уривање на градбите и објектите. Но, искуството и праксата од
втората половина на XXот век внесоа извесни корективи во
класичното поимање на војната. Во текот на околу половина век се
водеше борба на земјите на Западниот свет - на чело со САД, против
земјите на комунистичкиот блок (т.н. социјалистички лагер) -
на чело со Советскиот Сојуз. Таа го доби називот „Студена војна”.
Во таа борба американската армија ниту еднаш не стапна на
територијата на СССР. Не пукаа пушки, не фрчеа бомби и воопшто не се
користеа оние средства на војната во првобитната, претходноспомената
смисла.
За постигнување на воено-политички цели се искористија, впрочем
многу ефективно, т.н. невоени средства (а пред сé:
политичките притисоци, информационите диверзии, спекулации на
хуманитарните проблеми, работата на специјалните разузнавачки служби
и несправедливата дипломатија т.е. лукавата дипломатска офанзива).
На Советскиот Сујуз му беше нанесена неправедна штета, којашто беше
многу поголема и пострашна од онаа со војната против Германија
(1941-1945).
Нема потреба да се говори за загубите на руската страна, бидејќи
тие се општопознати. Покрај тоа
вооружените сили
во таа војна играа огромна, но засебна и одвоена улога - како
потенцијално орудие или средство на самата борба.
Без нив таа борба би била незамислива. Оттука, употребата на
терминот „војна” во однос на оваа борба, којшто трајно навлезе во
тогашната терминологија и во публикациите од тој историски период,
може да се смета за потполно оправдана.
Да додадам уште и тоа дека со завршувањето на студената војна
борбата против Русија сеуште не престана, туку напротив - таа
продолжи и премина во нов стадиум, кој јас го нарекувам „Топла
војна”. Кај оваа војна, на средствата на т.н. „студена војна” се
надоврзуваат и средствата на војната во првичната т.е. класична
смисла на зборот, со што се добива една навистина врела или т.н.„усвитена
/ жешка војна”, а исто така се користат и дополнителни или нови
средства (како на пример диверзантските операции од огромни размери
- првенствено во политичката и економската сфера). „Топлата војна”
почна да се распростира и на други региони ширум нашава планета -
Ирак, Балканскиот Полуостров и слично. Тоа е сосем доволна основа да
се увериме дека човештвото веќе стапило во
епохата на
новата глобална војна
(односно Војна од нов тип).
За прецизно и точно ја окарактеризираме неа, потребни ни се темелни
истражувања. Јас ќе Ви напоменам само на некои нејзини црти, коишто
беа типични за периодот на “студената војна” и коишто останаа мошне
јасно да се дооформуваат во мигот кога настапува епохата на „топлата
војна”. Мислам дека тие попримаат универзален развиток со
започнувањето на XXI-от век. И сосема е веројатно дека компонентите
на „усвитената” војна ќе се засилуваат, како што врочем се виде и од
агресијата на НАТО и САД врз Србија (СР Југославија т.е. денес
Србија и Црна Гора з.п.).
V.
ЕВОЛУЦИОНЕН ПРЕСВРТ (П Р Е Л О М)
При оценувањето на секоја војна нужно е да се утврди кој
учествува во неа т.е. меѓу кого таа се води; какви се целите на
учесниците; со какви средства се води и каков е текот на целата
војна (стратегијата и тактиката). А за да овие карактеристики ги
утврдиме во веќе започнатата војна од нов тип, потребна е научна
анализа на пресвртот во еволуцијата, којшто произлезе во
втората половина на XXот век. Социологијата како наука за
општеството, суштината на овој пресврт ја лоцира, во прв ред, во
преодот на човештвото од епоха на општество во Епохата на
надопштество, а потоа и во трансформацијата на историскиот
процес од стихиен и неуправуван во проектиран, управуван и
контролиран.
VI.
НАД-ОПШТЕСТВО
Надопштеството,
кратко речено претставува
обединување на луѓето на едно повисоко ниво на социјална
организација од вообичаеното општество.
Тоа повисоко ниво се забележува со самото тоа што врз државноста се
распростира односно израснува наддржавноста, врз економијата
- недекономија, врз идеологијата - надидеологија итн.
- така што сите тие „надградби” ја образуваат новата компонента во
социјалната структура на обединувањето. Тоа во себе ги вклучува
претходните нивоа т.е. компоненти на социјалната организација на
општеството (држава, право, економија, идеологија и слично) но, нив
ги трансформира со цел да ги прилагоди на новите услови и се разбира
да доминира над нив.
Историски гледано, првиот образец односно пример на надопштество со
огромни размери и со претензии за светско лидерство бил
Советскиот Сојуз.
После Втората светска војна и западниот свет исто така започна да
еволуира во насока на надопштество, но надопштество од сосема друг
тип.
Започна интеграцијата на државите од западниот свет во глобалното
западнистичко надопштество. Тоа веќе зазема се поригиден и тврд
курс на воспоставување на своето светско господарење, и успешно
чекори на тој пат - имено, ја остварува глобализацијата на
човештвото притоа користејќи го своето главно оружје, а тоа е
вестернизацијата на останатите народи ширум планетава. Основите
и темелите на ова западнистичко глобално надопштество се наоѓаат во
САД. Тие се толку меѓусебно сраснати, така што
изразот Соединети Американски Држави (Вашингтон) стана
двосмислен т.е. двозначен:
од една страна тој ги означува САД како една национална сложена
федеративна држава, а од друга страна е синоним и за глобалното
надопштество, за кое ќе проговориме нешто повеќе. Во тоа
надопштество веќе се вовлечени повеќе милиони луѓе, а исто така тоа
располага и со околу 70 % од светските ресурси. Може да заклучиме
дека тоа веќе ги пуштило своите пипала во сите точки и места на
планетава.
VII.
ПРОЕКТИРАНА И УПРАВУВАНА ИСТОРИЈА
Вториот аспект на еволуциониот пресврт кој се случи во втората
половина на XX-от век се забележуваше преку тоа што
историскиот процес од стихиен и неконтролиран се преобрази во
проектиран, раководен и управуван (контролиран и
координиран).
Да се каже просто само дека тој управува со животот на луѓето значи
да се каже нашто бесмислено, па затоа треба и мора точно да се укаже
кој и со каква сила го врши тоа планирање и управување.
Како субјект којшто го контролира одот на историските процеси и
управува со нив, се јавува големо множество на луѓе од западниот
свет, обединети во глобалното надопштество, за коешто стана збор
пред малку. Тоа надопштество го организира сиот западен свет во една
целина и го нанишанува или усмерува кон покорување на целата
планета. Огромен број организации, центри, специјалисти итн. земаат
удел во креирањето и контролирањето на историскиот од.
Онаа историја со којашто со занимавал Карл Маркс, кога
пишувал за некави закони на стихијната еволуција, остана во
минатото. Ресурсите кои денес се контролирани од ова западнистичко
надопштество се толку големи што дури дозволуваат еволуционистичките
процеси да се остваруваат на сличен начин како што порано се
одвивале одделните операции (или ударнички работни акции) на
градење аеродроми, пристаништа, канали и сл. Самите овие грандиозни
примери од ваков вид можеби послужија за Антикомунистичката
револуција во Русија, подготвувана во текот на целата студена
војна, а остварена во годините на Горбачов и Елцин.
Жртви на ова глобално планирање и владеење со историските закони
постануваат сите земји и народи.
Првите решавачки акции на западнистичкото надопштество во однос на
Руската Федерација (денешната Русија) се успешно остварени - од
гледна точка на нашите непријатели т.е. противници. Но, тие не се
задоволија со тоа…
VIII.
ЕВОЛУЦИОНА ВОЈНА
Војната од нов тип
за којашто станува збор, во своето прилагодување кон еволуциониот
пресврт, не е веќе едноставна војна за освојување на нови
светски предели, пазари или нешто слично. Оваа војна е неспоредливо
подлабока и со поголеми размери - таа е Еволуциона војна
(војна којашто се води за контролирање на сета подоцнежна еволуција
и развиток на човештвото којшто следи во наредниов период).
Таа имаше свои предвесници - спомнете си само на намерата на
Хитлерова Германија да создаде светска империја според однапред
осмислен проект; сетете се на намерата на марксистите да воведат
светски комунизам. Овие обиди може да се каже дека беа направени со
неподобни средства, кои беа преслаби и несоодветни за исполнување на
такви грандиозни проекти.
Сега положбата и ситуацијата на планетава се изменети. Условите и
моќта на новите иницијатори на ваквите и слични идеи за подведување
на човештвото по зададен калап станаа такви што намерите да се
потчини под себе целокупниот процес на човековата еволуција,
напредок и развој - се чинат наполно реални. Дали овие намери се
остварливи или не - тоа е сосема друго прашање. За нас сега е важно
тоа што го дефиниравме карактерот на оваа Светска војна од нов
тип, којашто веќе е започната.

Подвлекувам дека не случајно,
главен противник на западнистичкото глобално надопштество стана
Советскиот Сојуз, којшто во еволуционите односи му парираше на
западниот свет повеќе од половина век.
За Западот, проблемот да се урне Советскиот Сојуз не беше едноставно
проблем тој да се ослабне воено, политички, економски или идеолошки,
туку проблемот се состоеше во тоталното опустошување и уништување на
својот конкурент - којшто го загрозуваше устројството на новиот
светски поредок воспоставен по своеволен терк, притоа имајќи реални
шанси за успех (само спомнете си - одамна ли беше времето кога
поголемиот дел од политичката карта на светот беше обоена со црвена
боја!?). Советскиот Сојуз откри таква линија на социјалниот
развој којашто квалитативно се разликуваше од онаа по којашто тргна
Западниот свет, со којашто овој не можеше и сеуште не може да се
одржи во живот. Советскиот Сојуз стана образец кој беше имитиран од
стотици милиони луѓе ширум светот, кои не му припаѓаа на Западот.
Поразот на Русија и во “студената” и во “топлата” војна зададе силен
удар врз комунистичкиот курс на општествениот развој, но сепак не
успеа да го погуби еднаш-засекогаш, бидејќи од гледна точка на
западните стратези сеуште постои опасност од комунизмот којшто не
беше целосно усмртен.
Русија сеуште не е здробена до крај и сеуште раѓа страв во Западниот
свет.
И војната од нов тип (како еволуциона војна) сеуште не е завршена.
Нејзиниот завршеток ќе се случи некаде во периодот кој е пред нас.

IX.
МИРОВНИТЕ СРЕДСТВА НА ВОЈНАТА
Надопштеството користи најразлични средства за покорување
и експлоатација на планетава, којшто од гледна точка на застарените
сфаќања на војната изгледаат несфатливи за повеќето земји, но
всушност тие сами по себе ги надминуваат многубројните средства на
т.н “усвитена т.е. жешка војна” (сфатени како
средства …за разорување и подривање на противникот…).
Еден од забележителните белези на војната од нов тип стана и
исчезнувањето на јасните разлики меѓу специфичните воени и т.н.
мировни средства на војната. Полека исчезнуваат разликите и меѓу
професионалните милитарни и граѓански фронтови, како и меѓу воените
и мировните (хуманитарни) операции.
Ние веќе живееме во ситуација на перманентна војна.
Идеологијата на постојаниот агресор секојдневно се наметнува врз
другите народи. Оние теоретичри коишто сеуште инсистираат на
првичното и веќе застарено сфаќање на војната и кои
предлагаат термините „студена” и „топла” војна да се заменат со
други неутрални зборови и помиротворни еуфемизми
- свесно или несвесно дејствуваат во полза на новиот глобален
агресор, којшто идеолошки го окупира човештвото.
Ефективноста на средствата коишто се користат во оваа „Мировна
војна” доста уверливо се покажаа, односно се разоткрија, во
војната на западниот свет против Советскиот Сојуз, во којашто СССР
претрпи значителен пораз. Имено, социјалистичкиот блок се распадна,
а се распадна и самиот Советски Сојуз. Јас не би повторувал какви се
штетни последици претрпе сегашната Руска Федерација, бидејќи за тоа
сум пишувал во многу мои публикации, само ќе подвлечам дека во
распадот на СССР гледам удел и на самите советски граѓани (како и на
насилното наметнување на Советскиот Сојуз врз поранешните негови
републики, притоа исклучувајќи ја можноста за натамошна преродба на
советскиот регион во квалитетен конкурент на Западот).
За да се оствари она за што јас толку Ви говорам, Западот морал да
поседува доста моќни средства за вршење притисок врз Советскиот
Сојуз. Но, не само тоа. Западот морал многу да работи на идеолошката
обработка на советското население и во самиот Советски Сојуз да
создаде своја „петта колона”, способна да го наклони
советското население кон масовно предавство и капитулација пред
Западот.
Факторот на домашното предавство бил присутен и во време на
војната против Германија, но сепак исклучиво во периодот на
„студената” војна тој доби свое социјално значење.
Имено, во Втората светска војна поголемиот дел од советското
раководство остана верен на својата Татковина и ја сочува преданоста
кон комунизмот, притоа спроведувајќи беспоштедна борба против
предавниците и квислинзите. Рускиот народ крајот на војната го
дочека повеќе сплотен отколку што тоа беше пред војната. Но, во
„студената” војна на патот на предавството и капитулантството се
приклучија и повисоките власти, идеолошката елита како и дел од
интелигенцијата (како уметничката, така и научната), односно
предавството
беше поттикнато од самиот врв на власта. Во него се најде вовлечено
целокупното активно население на земјата. Се создаде толку моќна „петта
колона на Западот”, што странската интервенција и
непријателската окупација се покажаа сосема излишни и непотребни.
Мнозинството од луѓето останаа пасивни набљудувачи и не дадоа речиси
никакво спротивставување и отпор на контрареволуционерниот
(антикомунистички) преврат.
Методот на разделување на населението на покорената држава на
непријателски настроени делови, создавајќи притоа своја послушна
„Петта колона” која е склона кон предавство и заземањето на власта
од страна на прозападните активисти беше применет неодамна во
Југославија, со помош на силата на Западот. А, како увертира на сето
тоа Србија беше бомбардирана од страна на НАТО и САД, користејќи ги
притоа средствата и новите оружја на „жешката/усвитена” војна!
Подмолноста на новиот тип војна се состои во тоа што, самата таа од
страна на луѓето не се восприема како војна.
Згора на се, таа престорена во пропаганда се восприема од широките
маси дури и како стремеж да се избегне војната. Огромен број од
луѓето на планетава живеат во оваа состојба на перманентна војна
од нов вид. Таа не е виртуелна, туку реална војна во којашто жртвите
не ни забележуваат дека се жртви (па дури и да знаат дека се жртви
на таа војна, значителен дел од луѓето кои извлекуваат корист од неа
не претпочитаат да се активираат против агресорот).
Тие доброволно ја прифаќаат сопствената капитулација. Беззначајно
малите отстапки на завојуваната (нападнатат) земја, од страна на
покорените жртви не се восприемаат - секоја поодделно - како пораз,
но од множеството на такви отстапки и попуштања се составува и
разработува стратегијата, идеологијата и психологијата на
историската капитулација.
Нејзините последици жртвите на ги доживуваат како свои лични
саможртви, такашто не треба да не зачудува фактот што овој вид војна
се одвива во период од неколку десетлетија, претворајќи се полека во
закон на идното егзистирање на човештвото. На овој начин ќе се изоди
конечно патот на претворањето на светот во состојба на постојана
(сеприсутна) војна.
На дело е колосален фалсификат на светската и на руската историја.
Крајна цел на оваа војна е уништувањето на Русија и на Кина. Русија
е веќе раздробена земја, којашто треба да се сведе само на 50
милиони жители, за никогаш повеќе да не биде голема светска сила.
Оттука, можеме да заклучиме дека
нема виртуелна војна - има виртуелен мир!!!
X.
УНИФИКАЦИЈА НА ЕВОЛУЦИОНАТА ВОЈНА
Врз основа на досега кажаното станува очигледна и следнава црта на
новиот тип војна: таа се јавува како единствена, унифицирана или
униформирана. Порано, кога се создавала Теоријата за војната, во
предвид се земало цело множество на различни видови војни коишто
иако имале некои општи заеднички црти, сепак повеќето од нив се
разликувале според причините, траењето, последиците; потоа се
класифицирале според најразлични критериуми кои биле типични за дел
од нив и слично. Денес можеме да говориме не за множество на
истовидни војни, туку само и исклучиво за една единствена војна
којашто созревала низ неколку децении, веќе го опфатила развојот и
еволуцијата на целокупното јадро на човештвото (т.е. станала
глобална) и ја загрозува сржта и опстанокот на животот којшто
навлегува во XXI-от век. „Студената” војна беше всушност
единствена војна, со сложена просторно-временска структура. Сите
други војни беа нејзини епизоди, делови и продолженија. Во секој
случај таа ја сочинуваше основата на огромниот број, само на прв
поглед различни конфликти. И токму овој квалитет, којшто ја
карактеризира и „топлата” војна, на очигледен начин ги создава и
раѓа многубројните кризни жаришта ширум целиот свет (Косово,
Палестина, Чеченија и многу други).
Интеграцијата на западниот свет во глобалното западнистичко
надопштество неодложно води и кон интеграција на воените
конфликти во посебни видови на „надвојни”.
XI.
ПЕРСПЕКТИВИ НА НОВИОТ ТИП ВОЈНА
Иако Западниот свет, кој стои на чело на своето глобално
надопштество, досега добило премногу (дури повеќе и од она на што
тој се надевал пред почетокот на „студената” војна) - сепак сеуште
не може да се успокои и конечно да се задоволи со она што го има
достигнато. По силата на социјалните закони и по сила на конкретните
услови за живот на планетава, кои се се посложени, Западниот свет е
принуден, во интерес на сопственото самоодржување, да оди до
логичниот крај при
реализацијата на своите манијачки планови: да го потчини
еволуциониот процес на целокупното човештво под своја власт и
контрола, до тој степен што во историјата никогаш повеќе нема да се
појават позначителни обиди за придвижување по некој друг пат - кој
ќе биде квалитативно различен од оној којшто води кон
западнистичкото надопштество.
Поради тоа Русија сеуште останува противник на Западот во тековнава
светска војна од нов тип. Западот може да биде спокоен само и дури
тогаш кога Русија и Рускиот народ ќе бидат доведени во ситуација
достојна за потсмев и презир.
Сега, после распадот на Југославија, една од поважните појави
којашто се случува во светската еволуциона војна стана
борбата на Западот за завладување и доминација над Белорусија (и
Украина).
Во дадениов случај сосема умесно може да се говори за отворање на
Белоруски фронт. И тука се разработува варијантата којашто беше
применета во Југославија: раскол и поделба меѓу населението на
земјата; создавање на западна „петта колона”; фалсификување и
извртување на целокупната состојба во државата, се со цел да се
оправда својата агресија во очите на светското општествено мнение и
јавно мислење; дискредитирање на претседателот Лукашенко -
жигосувајќи го како противник на Западот; поставување свој човек на
чело на државата - којшто секако дека ќе биде само една послушна
марионетка во рацете на западнистичкото надопштество. Ако на
прозападните сили во Белорусија им тргне од рака да направат во
односот со Лукашенко нешто слично како што тоа го сторија
прозападните сили во Југославија, во однос на Милошевиќ, тоа
ќе биде кобен, судбоносен и историки настан на толку за самата
Белорусија, колку за Русија.
Очигледно е дека главна препрека на патот на западнистичкото
надопштесство кон светска хегемонија, после падот на
социјалистичкиот блок и Советскиот Сојуз, станува комунистичка
Кина. За нас е од посебна важност да утврдиме каква
судбина и се пишува на Русија во услови на војна на западниот свет
против Кина.
Некои пророкуваат дека ќе се создаде евро-азиско единство, на
чело со Русија, и дека таквото заедништво ќе биде противтежа на
Западот, т.е своевидна брана против вестернизацијата.
Мислам дека ова пророштво, поточно оваа желба, е лишена од каква
било основа и смисла, бидејќи Русија веќе по многубројни канали е
вклучена во сферата на влијанија и интереси на глобалното
надопштество од Запад. Стратегијата на западното надопштество, скоро
секогаш ќе се стреми кон тоа да и наметне на Русија улога на
антикомунистички бастион во војната против Кина, ако работата
дојде до степен да мора да се искористат средствата на „топлата”
војна. Исклучувањето на оваа можност, барем во сегашниве услови, би
било сосем погрешно.
Ω
превод
од руски јазик:
А
п
а
с
и
е
в
г
о
р
е |