|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот Бонд Стил на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за слободите
и правата на човекот и граѓанинот
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
Екоцидот при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските медиуми
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
Соларни симболи од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи
без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300
долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30
000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во првата Заливска војна (операцијата Пустинска
луња 91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски
претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се
убиени над 12 000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН! |
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од
глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно
лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои
три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат
повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во
долгогодишната Виетнамска војна)!
358
енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од
она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот
Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од Третиот свет е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот
буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД
имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот
на меѓународното право кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците
за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека
во фабриките на островот Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат
на само 4 долари $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за
само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во
моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те
најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред
две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 мамутски мултинационални
корпорации!
пред
две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските
финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
Договорот
од Кјото
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до
април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на
Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема
Америка!
учеството
на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот
приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над
2,3%)!
во
субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски
модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милиони хектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во
САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а
стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за
600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во
најдемократската земја на светот САД - на 1000 жители има 62
осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000
жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на
осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има
плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови
затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се
под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за
споредба, на 100 000 жители има затвореници во: Велика Британија -
120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со
Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот
диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос
дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
|
✍
Димитриј АПАСИЕВ
©
КАМПОТ
BOND
STEEL
НА К
О С О В О
(планот на САД за контрола
на Касписката нафта)
Милитарната база, или aко сакате Воениот Камп
Bondsteel во
Косово моментално е
најголемата воена база
на американските воени сили, стационирана надвор од границите на
Соединетите Американски Држави.
Неговата локација е мошне поволна, блиску до витални нафтоводи, како
што е А М Б О односно нафтовод Транс - Балкан"
- спонзориран од Американски компании, којшто ја пренесува
нафтата од Црното Море (Бугарија) до Јадранското Море (Албанија);
како и главните енергетски далноводи кои минуваат низ Коридорот 8
кој е попознат како Коридор Исток - Запад.
Во јуни 1999 година, односно веднаш по потврдата за бомбардирање на
Југославија, Американските сили присвоија два квадратни километри (2
km2) обработливо земјиште во Југоисточно Косово, близу
македонско-југословенската граница во делот кон Косово, и отпочнаа
конструкција на воена база.
Кампот Бонд Стил
во мрежата на американскии воени кампови надвор од САД е
познат под називот Големата Дама".
Инаку овој Камп ја спроведува граничната контрола од двете страни на
македонско-косовската граница. За помалку од три години овој Камп,
најпрвин конструиран од монтажни бараки премина во високо технични
развиена база, дом на 7 000 војници, односно Ύ од сите војници
стационирани во Косово.
Бонд Стил моментално
се состои од 25 km патишта; преку 300 згради заобиколени со 14 km
земјени и бетонски барикади; 84 km долга ограда од бодликава жица и
11 мониторинг кули
(за стражарење и набљудување). Овој Камп е толку голем, што е
поделен на три дистрикти, а во нив има спортски сали, библиотека и
најдобро опремена болница во цела Европа. Постои една шега помеѓу
војниците на КФОР, за тоа колку всушност е голем целиот проект,
Единстевното нешто што се гледа од месечината, покрај кинескиот
ѕид, тоа е кампот Бонд Стил.
Базата исто така е
пристаниште на 55 Апачи хеликоптери.
Сеуште нема аеродромска писта, но местото е така одбрано што во
иднина истата би требало да биде изградена, и да ја замени Авиано"
- базата на НАТО во Италија.
Според американскиот капетан Robert L. McClure,
плановите за базата биле готови со месеци пред да биде бомбардирана
Југославија!
Пред изградбата на кампот трупите на САД презедоа контрола над 320
километри патишта и 75 мостови во целата околина, исклучиво за
милитарни цели и започнаа со изградбата на базниот Камп - кој
требаше да содржи бараки каде што војниците би живееле, хелиодроми
(места за слетување на хелихоптери), магацини за муниција и оружје и
слично. Robert L. McClure понатаму објаснува, како таа база требало
всушност да се поврзе со кампот Монтеит (база на 7 000
трупи). Зад целиот овој проект, поточно зад неговата изведба стои
извесна американска корпорација Вrоwn & Rооt services
(истата компанија денес ја снабдува американските окупациони сили во
Ирак со неопходните продукти).
Оваа контроверзна корпорација покрај своите aмерикански инжeнери за
изведба на проектот најмила и 7 000 изведувачи локално aлбанско
население, на кои им плаќала по 3 $ на час, и работата била
изведена од месец јули до месец октомври 1999 година.
Компанијата "Вгоwn & Rооt
services"
ги извршува сите потребни сервисни услуги како: набавување храна,
доставување вода, електрицитет и други неопходни услуги без кои
милитарните операции би биле незамисливи. Ова вклучува 6 тони литри
чиста вода дневно, како и 18 илјади оброци.
Оваа компанија моментално е најголем работодавач во Косово, со
повеќе од 5 000 лица локално население вработено во базата
(исклучиво албанско),
како и уште 15 000 планирани идни вработувања.
Предметите и документи ретко ги напуштаат границите на базата,
т.е сите нејзини активности се тајни. Милитарните трупи ја напуштаат
базата со хеликоптери или конвои од оклопни возила. Интересно е тоа
што трупите, постојано се жалат на непријателски расположеното
локално население - кое тврди дека
нивниот животен стандард опаѓа како последица на постоењето на
Кампот.
Оние кои го посетуваат Кампот Бонд Стил, тоа го опишуваат како
патување 100 години наназад. Целиот простор што го опкружува кампот
е екстремно сиромашен а, невработеноста достигнува и 80%, додека
Бонд Стил штрчи со нивните сателити за масовна комуникација,
антени, секакви заканувачки оружја и хеликоптери кои постојано го
надлетуваат просторот.
Компанијата на локалното вработено население им плаќа од 1 до 3
долари на час,
а тоа го оправдуваат со одржување на инфлацијата на ниско ниво,
односно немешање во економската политика на земјата.
Како и да е, присуството на Бонд Стил не само што не ја намали,
туку напротив може да се забележи и дека
ја зголеми акивноста на ОНА т.е. УЧК во регионот.
Српското население кое се обидело да се спротистави или е протерано,
или пак убиено а, останатите живеат во постојан страв и не ги
напуштаат своите домови дури ни во случај на набавка на прехрамбени
продукти. Војниците кои се во Кампот Бонд Стил, се шегуваат и
велат дека треба да почнат, наместо милитарни чинови и беџови, да
носат налепници со логото на компанијата која го спонзорира и стои
зад целиот проект, т.е. "Вгоwn & Rооt services". Овој проект,
односно
Кампот Бонд Стил е последниот проект доделен на оваа компанија, а
таа се грижи буквално за се
(од облека и јадење, до делови за хеликоптери и тенкови). Оваа
компанија е дел од корпорацијата Наlliburton - најголемиот
снабдител на продукти и сервисер во нафтената индустрија во САД.
Во 1992 година "Вгоwn & Rооt services" ги одржуваше базите во
Сомалија, заработувајќи неверојатни 62 милиони долари. Во 1994
година компанијата изгради бази и помошни системи за 18 000 трупи на
Хаити, сега со заработка од 133 милиони долари. Во 1995 година
истата оваа компанија потпиша петгодишен договор за изградба на
воени објекти во Унгарија, Босна и Херцеговина и Хрватска - со
годишна заработка од 180 милиони американски долари ($), и на крај
договорот над договорите е одржувањето токму на Кампот Бонд Стил
во протекторатот на Обединетите Нации - Косово.
Целта на овој вид организација на воените бази е што повеќе
војници да бидат слободни за воени задачи, додека компанијата се
грижи за буквално се друго што не е опфатено со воените задачи. На 5-ти
јуни 2001 година, Секретарот за одбрана на САД - Доналд Рамсвелд
им објасни на трупите во Бонд Стил каква е всушност нивната улога,
потенцирајќи им притоа дека тие...
во никој случај не се товар на економијата на САД, туку инвестиција
на истата, исто така и нејзини бранители!
Еден месец подоцна, претседателот Џорџ Буш Baby
(ooo, се извинувам Помладиот т.е. Јуниор) отпатува во Кампот за
лично да ја види тамошната состојба. Отпатува директно од
Римскиот Самит на G - 8 кадешто тензиите со европските влади
достигнаа критично ниво. Имено, Буш инсистираше трупите да останат
на Косово, и покрај притисоците од страна на Европа тие да заминат,
а згора на тоа
САД одобри уште 1,9 милијарди $ за милитарни цели.
По примерот на Бонд Стил вакви кампови почнаа да никнуваат
особено низ поранешните социјалистички советски републики. Според
европските медиуми, политичарите се уверени дека всушност
бомбардирањето на СР Југославија беше токму со цел да се воспостави
ваква воена база за конотрола на регионот.
Уште пред бомбардирањето весникот Вашингтон Пост
изјавуваше: ...Ќе ни биде потребен балканскиот простор за
надлетување, поради ескалациите на состојбата на Блискиот Исток, и
тоа за заштита на нафтата во Каспиското Море.
Сега е повеќе од јасно дека целта на САД беше пред се од економски и
профитерски карактер, односно поврзување на ресурсите од Каспиското
Море со Западниот пазар на нафта.
Имено 1,3 милјарди $ вредниот АМБО или Транс-Балкан
нафтовод е еден од најважните кој во целост го покрива
регионов. Намерата беше да се искористи истиот за нафтата преку
Бугарија Македонија - Албанија, да биде пренесувана до европските
земји и САД (и тоа над 300.000 тонски такнери, а не 150 000 кои
единствено смеат да поминуваат низ Босфор, и Црното Море).
По смртта на претседателот и основачот на Транс - Балкан
нафтоводот Вуко Ташковиќ, за претседател е избран Тед
Фергусон, кој секако нуди големи фирми кои би го спонзорирале
истиот. Но,
САД заборава на Турција - единствениот партнер на Америка во
регионот,
чии интереси се запоставени, а секако и интересите на Советските
земји кои ќе бидат исклучени од влијание врз регионот.
Во април 1994 година британскиот генерал Џексон -
командант на НАТО силите за време на бомбардирањето на Србија,
изјави: ...Денеска се создадени драстични различни околности, и
ние мораме да бидеме сигурни дека безбедноста во Македонија ке биде
загарантирана, како и опстојувањето на енергетскиоте коридори кои
поминуваат низ оваа земја. Овде Џексон всушност мисли на
Коридорот 8,
којшто го снабдува нафтоводот со енергија,
и ова објаснува зошто сите помали а, богами и поголеми сили (како на
пример Русија) не сакаат да бидат исклучени од Балканските случувања
во наредните неколку години - во кои всушност и следуваат клучни
одлуки за иднината на регионов.
Ω

г
о
р
е |