|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







358 енормно богати мулти-милијардери денес
поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од
власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе
од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
теле-комуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на
известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што
предизвикува страв кај населението!
|
|
✍
Мaне МАНУШЕВ
©
Писмо од
Земјата
што зборува
-
П р е п и с к а -
( Името на Земјата )
Ако можеш да ме видиш. Знам, Земјава не ме собира...
(пауза)
Ако сакаш... Еден ден сите ќе се гледаме во нашето сомневање.
Земи ги сопствените мисли и научи се да зборуваш. Жега.
Можеби е поради пелтечењето на возниот ред. Ти не си разумна.
Кратко, ти велам, послушај ме некако, ако треба и погрешно со
директен престорен сомнеж. Што е тоа важно? (пауза)
Можеш да ме видиш. Дали навистина можеш да ме видиш напред и
денес во ова среќно пладне? Магла.
(за прв пат долга пауза)
Ми се чини наведната е нашата готовност да препливаме во своите
денови од животот. Убаво е. Го доживувам секој момент како
карпа во едноставното будење на насмевката. Ти можеш да ме видиш,
низ зачудената виза на разгледницата. Не сосема. Ако можеш?
(пауза)
Повторно времето ни зборува. Си оди и повеќе го немаме. Одговорот
чувај го како изговор за твоите намерни и гласни помисли. Ако
кажуваш вистина јас треба да бидам во неа, несомнено скриена, но
видлива и непремолчено покриена со возбуда. Чувај го денот кој ќе
дојде во себе и понекогаш дели го, сподели го со сите исплашени кои
мислат дека ме немаат под сопствените нозе. Ноќта чувствително Ве
принудува да ми ги разберете зборовите, да ме примите во своите
мириси разголени од туѓите потези. Јас се движам низ историјата.
Крваво се влечам бранејќи ги ѕвездите што згаснуваат на небото.
Многу атентати ми зарија во душата. Јас повторно не можам да
умрам на прекрасниот свет. Ќе се одделам од себе си и повторно ќе се
обидам да заспијам со сите мои трауми понесени и принесени од
несовесните тела, сега мртви.
(пауза).
Само јас Ви останав, само и непознато, но видливо и јасно.
Газете ме со силен чекор и напуштете ме.
На почетокот ги разликував сенките од смртта. Сите сакаат да
оживеат, и сенките, и смртта, само Вие целосно загубени дремки
сакато се умирате.
Што остана од сонот?
Се чудите каде сте дошле?
Кој повторно ќе Ве оживее, ако умрете?
Јас само поради Вас се борам за здив, сеуште лежам мирно соочено со
тврдото лудило спуштено од небесата. Чувствувам дека сите Ве
погребале во мене, а симбол и име немате за да Ве извлече од
утробата која голта и ѕида во мене. Разумот не може да Ве придвижи.
Кога Ве гледам како се тетеравите просто ми доаѓа да пукнам и да
Ве угнетам во мрачнина, но сепак се борам за здив. Туѓите
приказни Ве избезумија, туѓите чекори Ве прегазија, не знаете да
дишите слободно, не знаете да голтате слободно. Вие сте мојата
голема зандана.
(Станува бавно од столчето и седнува на подот во затворената
просторија, а во тој момент се отвора вратата и двајца стражари
внесуваат нов затвореник. Двајцата се прегрнуваат и новиот почнува
да пишува седнувајќи на столчето од кое стана првиот )
*
*
*
( Историјата на Земјата )
Имам жиг.
Безболно и осамено огнено око кое веќе не гледа ништо. Предавничкиот
глас ме затетерави во просторијава. Убаво е.
(пауза)
Нозете не ги чувствувам, телото не е повеќе мое, душата не си ја
познавам. Со плач и страв бучам од сите страни, а никој не ме
поима. Се сеќавам на жената на која и го подарив моето срце. Таа
ме издаде. (пауза)
Се сеќавам на детето што го родив од моите рани, од моите војни,
а тоа како тишина не ме слуша.
Се сеќавам на мажот кој ме создаваше и ме продаваше на други
ништожници, тие ме жигосуваа, присвојуваа, ме извитоперуваа и пак му
верував на зборовите што си ги порекнуваше. Веќе не ја познавам
вистината, а ми беше мојата причина поради која јас живеев.
Уште уживам како страв собран од полињата афион. Ѕидовите околу
мене ме даруваат со пцовки, ме преправаат сечејќи ми го трупот,
срцето, разумот. Некој ми ги умира соништата со силен стисок без
многу труд, а Вие ништо не знаете. Сите планови ги фрлате во
огин запален од другите околу Вас кои Ви кажуваат за мене како нивна
проститутка. А м а н! (пауза)
Еден ден ја убив во себе строгата починка, а Вие ми помогнавте да се
оттуѓам од Вашите деца, и сега ништо не знаете освен омраза и гнев.
Да даде Господ никогаш да не изртев, а Вие никогаш да ме немавте.
И сега повеќе ме немате. Имам жиг издраскан во моето копнеење. Не го
разбирам зошто е нечиј симбол, лош знак ѓаволски, изблуен со бес и
немир. Јадот сака да ме потишти, Вие сакате да ме цркнете, овие леб
не ми даваат, други јадот ми го испраќаат штом Ве охрабрам, лебот
низ нос ми го вадат.
Збор по збор, црта по црта, писмо! Бегате ли уште од мене, се
борите ли за мене, со мене или со себе. Оставете го привидот и
портретот кој го нема во мене, оставете ги портретите и војните,
зборовите и архетиповите, мислите и гласовите што ги нема во мене,
тие не се Ваши. И веќе ништо нема во мене. Ни гласови, ни траги,
ни патишта, ни ѕидини, ни гробишта, ништо не остана да ме
препознаете.

Маријо, Богородице, Петре, Павле таму во градината имаше една
смоква, веќе не раѓа плод! Се е пепел и мрачнина. Обликот на
храбрите им го сменивте и сега веќе херои немате, предавници сте
сите од прв до последен. Совест немате и затоа ќе умрете.
Полека ме убиваат ладни морници. Гласот не си го препознавам,
јазикот не си го разбирам. Лудило и бесилка, црвенеам и горам.
Треска ме тресе, солзи ми течат се изнамачив себе си. Чувствувам
болка, чувствувам смрт. Така изгледа мојот жиг.
( Паѓа од столчето, а „Името на земјата“ се смее, се доближува и
гледа како „Историјата“ умрела, почнува да плаче, па да се смее и се
повлекува во еден ќош од просторијата, таму се склопува и молчи. Се
појавува лист хартија која паѓа до Името. Ја зема и почнува гласно
да чита што има напишано на неа... )
„И
пак,
Сенката зборува за Вечноста,
и пак,
Ковчегот не можете да го изнесете,
и пак...
(пауза)
Стеблото се претвора во Стих,
стихот се претвора во Збор,
зборот во Аманет,
аманетот во Сениште,
сеништето во Грозомор,
Знакот не си го знаете,
Името не си го кажувате,
и пак,
и пак симболот се претвора во Утро,
утрото плаче по Денот,
денот Сонцето Ви го украде,
денот ден денешен не Ви даде,
и пак,
гледате со нашата Зеница утрото што го разбуди,
сонот што го измами,
сонот се претвора во Омраза,
омразата во Бетон,
бетонот се претвора во Огниште,
огништето во Темел,
темелот во Јагне,
а jагнето блее а, коските не си ги познава,
и пак,
гледате со нашата Зеница,
а таму некаде Сончогледот ме тормози,
јас не знам чиј Темел куќен изградив,
темелот се претвора во Слово,
и пак,
и пак знаме не носи и име не знае,
а пак
Tемел
немаме,
некој повторно гледа со нашата Зеница,
зеницата се претвора во Страв,
стравот во Копнеж,
копнежот во Надеж,
надежта во издигнат Сомнеж,
и пак,
темелот се претвора во Манастир,
манастирот во Црква, а црквата во Гробишта,
гробиштата...
и пак,
гробиштата се Јас, и Ти, и Сите,
и не знаеме име кој Друг,
другиот има своја Зеница,
зеницата - Аманет,
јазикот - Писмо,
писмото - Говорник,
говорникот - Предавник,
и пак,
Вера немате
и
пак,
Љубов немате,
Крвта ќе си ја испиете,
приказот ќе го исплукате,
од Името здив ќе создадете,
воздишка ќе испуштите,
и пак,
Мене ме немате,
и пак,
Ковчегот не можете да го изнесете,
ковчегот се издига над Сетилото,
сетилото над Месечината,
а таа граби,
Вие само давајте и крвта допијте си ја,
Утро немате,
Ден не знаете,
а Ноќ не сакате,
Верата, Јас, ја истуривте,
во мастилото закоравено,
во пеплиштата испустени,
во огништата изгубени,
и пак,
пак Вечност ќе немате“!
Со љубов, В е р
а
(14. IX.
2005)
Ω
г
о
р
е |