|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







358 енормно богати
мулти-милијардери
денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го
заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ
(GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот
свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати
луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над
30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент
ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за
рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан
Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на
Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé
под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно
право!
над 4 милијарди жители на планетава
живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното
светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки
сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во
едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време
гледаат исти спектакли и настани!
трошоците за еден TV приемник
произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот
Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони
зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето
вести преку радиото и телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку
20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои
раце држат 66% од светското производство, а само 1% од корпорациите
во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од
областа на
телeкомуни-кациите
контролираат 86% од светскиот пазар
(којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја
контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји
(САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го
потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд
во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!
учеството на најсиромашните 5%
од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во
1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20
држави има реално помал приход per capita (по глава на жител),
отколку што имаа во доцните 1970-ти години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено
оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал
опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на
медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има
во „нај-демократската
земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во
поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури
неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се
зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови
затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги
задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на
правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100
000 жители има затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија -
85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ
заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против
наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ
Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10
милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира
Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година
чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му
се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една
секунда!
во првата Заливска војна (операцијата
„Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот
Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во
пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во Република Македонија постојат над 5
800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои
најголем дел се петоколонашки и шпионски)!
во американските затвори се
заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!
125 италијански војници од
контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на
тестисите како влијание на осиромашен ураниум!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати
мулти-милијардери
денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го
заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
телeкомуни-кациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на
известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што
предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во „нај-демократската
земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во
поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури
неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се
зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови
затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги
задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на
правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100
000 жители има затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија -
85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот
направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати,
којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија
ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј
пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300 долари, за да денес
преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91)
под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател
Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12
000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои
се и сексуално злоставувани!
125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од
рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на
осиромашен ураниум!
постои светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски
војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!
700 милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -
со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!
кај нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90% од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски
јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на планетава во просек
пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти,
а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои
околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите
земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и
ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“
кој владее во Унијата!
за да има напредок, раст и стопански развој на една економија
и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и
со релативно добри лични примања!
Бакингамската палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на
Аљаска
на САД и тоа за само 7,2 милиони $!
по падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени
околу 1 200 000
професионални
разузнавачи
на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа
формираат паралелни системи во подземјето (мафијата)!
|
✍
Емануел ПАЛИКАРИУС
О
П Е Р А Ц И Ј А
„ТЕВТОНСКИ
МЕЧ“
(mарсејскиот
атентат)
. . .
Во октомври 1934
година
се случил еден од најдобро организираните атентати во XX-от
век, којшто по многу нешта претставува настан што предизвика
пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на
активностите што биле вовед во Втората светска војна (1939 -
1945) . . .
На
19 мај 1934 година тогаш „новата“ бугарска Влада на чело со
Кимон Георгиев законски го забранила постоењето на ВМРО на
Иван (Ванчо) Михајлов, по што била растурена целата нејзина
организациона мрежа на територијата на Бугарија. Поголемиот дел на
нејзиното членство бил уапсен од страна на бугарската власт, додека
Михајлов заедно со неговата сопруга Менча Карничева и
неговиот соработник Петар Ацев, побегнале на територијата на
Турција. Со распуштањето на В М Р О се сметало, посебно во
политичките кругови во Кралството Југославија, дека ќе престанат
терористичките активности на оваа организација насочени против
Југославија.

Меѓутоа, ВМРО неколку години пред нејзиното распуштање, а
и потоа, се поврзала со некои организации и движења во тогашна
Југославија, кои се бореле против нејзиното уставно устројство и за
отцепување на територии и формирање на независни држави.
За таа цел на 20 април 1929 година како поканети гости на
Националниот комитет на македонските братства во Бугарија
пристигнале водачите на усташката организација од Хрватска д-р
Анте Павелиќ и Густав Перчец, и овде со раководството на
ВМРО било разговарано за заедничка борба против големосрпската
хегемонија во Кралството Југославија. По оваа средба, кадешто била
донесена и Декларација за создавање на независна Македонија и
Хрватска, властите во Белград на суд им изрекле смртни казни
на Павелиќ и Перчец, по што тие преминале во илегала.
Во исто време и македонските и хрватските емигрантски организации
во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба
против големосрпскиот режим во Југославија.
Во Женева (Швајцарија) повторно дошло до средба помеѓу д-р Анте
Павелиќ и Ванчо Михајлов,
каде покрај разговорите за продолжување на оработката, Павелиќ
настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и
ВМРО, на што Михајлов изразил воздржаност.
Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле
1 000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката „Хајнрих
Фолмер". За возврат од страна на ВМРО на располагање на
усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и
ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките
терористи во нивниот
логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија,
во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката меѓу двете
организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во
Горна Џумаја, Пиринска Македонија (денешен Благоевград во
Бугарија) на Великиот собор на македонската емиграција
што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија
и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа
идеја - Марко Дошен.
Пророштвото за атентатот . . .
На 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на
бугарскиот митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на
терасата за да го испијат попладневното кафе, митрополитот и водачот
на распуштената ВМРО Ванчо Михајлов. Некаде околу 16 часот Михајлов
погледнал на часовникот и изјавил:
„Во овој момент ќе се случи нешто, коешто ќе биде фатално за
човештвото! Започна ново броење на годините. Се начнува календарот
на... Втората светска војна!“.

По
мала пауза, Михајлов на збунетиот бугарски митрополит му
објаснил дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во
францускиот град Марсеј. Водачот на распуштената ВМРО
понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоела не само ВМРО, туку и
фашистичка Германија и некои други земји, коишто не ги посочил.
Утредента митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни
весници коишто ги имало во Истанбул. На насловните страници
митрополитот го видел и прочитал сето она што претходниот ден му го
имал навестено неговиот гостин во однос на настаните што се случиле
во Франција.
Посетата во Марсеј . . .
Во октомври 1934 година француската Влада го очекувала
пристигнувањето на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во
неговата прва официјална посета на Франција.
На 9 октомври параходот "Дубровник" пристигнал во
пристаништето во градот Марсеј, носејќи ги со себе високите гости од
Југославија.
За да му се даде поголема свеченост на настанот, земјата-домаќин се
погрижила југословенскиот параход да добие придружба од француски
воени бродови, а во моментот кога тој влегувал во марсејското
пристаниште биле испукани плотуни во знак на поздрав, на што од
"Дубровник" исто така било одговорено. На палубата на
југословенскиот параход се качила француската делегација, која му
посакала добредојде на кралот Александар.
Југословенскиот крал, којшто бил облечен во адмиралска униформа на
брегот бил пречекан од страна на францускиот министер за надворешни
работи Луј Барту.
По официјалниот пречек, Кралот Александар се качил во
подготвениот автомобил за таа цел;
до него седнал шефот на француската дипломатија Барту, а на
едно од седиштата на автомобилот седнал и генералот Жорж. Во
другиот автомобил се возеле југословенскиот министер за надворешни
работи Јефтиќ и францускиот министер Пиетри, позади
кои што следувала кралската придружба и луѓето што го организирале
дочекот. Југословенската кралица Марија, поради тоа што
страдала од морска болест, кон Франција патувала со воз.
Во тие моменти кралот Александар бил блед и на неговото
лице се гледала изнемоштеност, која веројатно била резултат на
пловидбата. Друга причина за таквиот израз на лицето била неговиот
страв од можен атентат. Таквиот страв се пренел и врз луѓето од
неговото лично опслужување, така што во еден момент пред почетокот
на патувањето во Франција кралскиот личен собар Зечековиќ му
советувал на кралот во џебовите на униформата да стави челични
плочки, кои би го заштитиле од куршуми во случај на атентат.

За зголемување на напнатоста, не само кај гостите, туку и кај
домаќините, придонесувале гласините што во Париз се ширеле за можен
атентат врз високиот гостин од Југославија.
Службата за државна безбедност на Франција добила
анонимно писмо, неколку дена пред посетата, дека југословенскиот
крал ќе биде убиен токму во Франција. Шпекулациите за можниот
атентат ги подгреале и натписите во париските весници "Пари-миди"
и "Пари-соар", кој на денот на посетата пишувале дека врз
југословенскиот крал се подготвувал атентат од страна на радикални
националистички организации на хрватската емиграција. Меѓутоа
поголемиот број од релевантните безбедносни фактори во Франција не
ги сфатиле за сериозни овие закани, бидејќи до тогаш не успеал ниту
еден од планираните атентати врз некој државник, или пак домашен
политички функционер.
Проблеми со обезбедувањето на Високиот гостин
Во однос на обезбедувањето во градот Марсеј најголеми
забелешки имал генералот Димитријевиќ - министер на
југословенскиот кралски двор. Тој бил изненаден, во негативна
смисла, од недоволните мерки за обезбедување што ги презела
француската полиција.
Обезбедувањето на градот Марсеј и било доверено на
локалната полиција и мерките што таа ги преземала се сведувале
на заштита само на улицата каде што требало да помине поворката, и
тоа на тој начин што полицајците биле поставени на растојание од
десетина чекори, со грбот свртени кон насобраните луѓе.
Димитријевиќ исто така бил изненаден од податокот дека одредот од
мотоциклисти, кој требало да ја обезбедува поворката заради поголема
сигурност, едноставно не дошол. Наместо нив како единствено
обезбедување останале двајца коњички офицери, кои јавале
отстрана и неколкумина пред поворката.

Недостатоците во обезбедувањето на кралот Александар се
гледале и на автомобилот во кој се возел. Автомобилот не бил
блиндиран, на него постоеле големи платформи кои биле погодни за
употреба кај можните атентатори и на крај подвижниот кров бил
отворен, поради убавото време, со што се создавала уште поголема
можност за дејствување на потенцијалните стрелци.
Човек се одвојува од толпата . . .
Посетата започнала со бавно придвижување на поворката среде толпата
од народ, која се создала за да го види високиот гостин од
Југославија.
Автомобилите се движеле со брзина од околу 4 km на час, наместо со
предвидените по протокол - 20 km/h,
што се практикувало при возењето на секој владетел. Однесувањето на
луѓето во толпата било смирувачко и не постоеле било какви знаци
дека може нешто да се случи. Поворката со автомобилите се движела на
средината на улицата, помеѓу трамвајските шини. Состојбата укажувала
на тоа дека критичните моменти и стравувањата за можен атентат биле
неоправдани.
Часовникот покажувал 16:20 попладне, и поворката автомобили веќе се
наоѓала пред Зградата на берзата во градот, кога од толпата
луѓе излегол еден човек.
Полковникот Пиоле, еден од обезбедувањето на поворката, во
тој момент се обидел да го сврти коњот за да се врати и да го
заштити автомобилот во кој се наоѓал кралот Александар од
таинствениот човек. Меѓутоа напаѓачот бил побрз од него и успеал да
се искачи на платформата на кралскиот автомобил и да се најде
непосредно пред самиот крал.

Потоа настаните се случувале со огромна брзина. Атентаторот
извадил револвер и испукал два куршуми во градите на кралот,
кој паднал на седиштето целиот облеан во крв. Следниот истрел бил
во раката францускиот министер за надворешни работи, Луј Барту.
Истрелите го исплашиле возачот Фуасак, кој го запрел
автомобилот и побегнал, додека генералот Жорж кој седел пред
кралот, се обидел да го онеспособи атентаторот, но бил погоден со
револверски истрели, два во градите и по еден во секоја рака. Потоа
врз терористот скокнал и се обидел да го собори полицаецот Гали,
но и тој бил застрелан.
Тогаш полковникот Пиоле успеал да го скроти својот коњ и да
го сврти кон атентаторот, на кој му задал два удари со сабјата,
додека во исто време кон него започнале да пукаат и другите
полицајци од обезбедувањето.
Во општата пукотница што настанала биле убиени и неколку луѓе од
масата што се собрала да го пречека југословенскиот крал.
После овие настани се случило панично бегство на толпата луѓе,
при што настрадал атентаторот. Во тие критични моменти
полицијата успеала да фати едно лице кое се упатило кон кралскиот
автомобил, а под сомнение дека тој бил убиецот на кралот
Александар. Во полицијата тој бил подложен на физичко
малтретирање за да на крајот се воспоставило дека несреќникот сакал
да им пружи прва помош на ранетите, по што бил пуштен на слобода.
Според друга верзија, пак, фатениот човек всушност бил
вистинскиот атентатор на кралот Александар и бил однесен во
полициска станица каде бил испитуван и физички малтретиран, по што
тој ги замолил нив да го остават него, а да им помогнат на ранетите
кои настрадале при обидот за атентат. (!?)
Колку луѓе загинале?
Како и да е, по тие драматични настани се установило дека
кралот Александар Караѓорѓевиќ им подлегнал на раните уште на
самото место.
Во моментите пред да умре кралот, според кажувањето на министерот
Јефтиќ, последните негови зборо-ви биле: „Чувајте ми Југославију"
(што е малку веројатно и повеќе имало пропагандно значење, поради
големата веројатност дека кралот починал веднаш по извршениот
атентат).
Атентатот врз југословенскиот крал бил погубен и за францускиот
министер за надворешни работи Луј Барту.
Неговата прострелна рана во подлактицата не била опасна по живот, но
поради нестручното поставување на завојот на неговата рана, дошло до
обилно крварење кое предизвикало губење на свест кај францускиот
министер. Во болницата во која бил донесен со ранетиот терорист, врз
Барту била извршена хируршка интервенција, но неговото ослабено срце
не можело да ги издржи тие напори, така што починал без да дојде при
свест.
Ранетиот генерал Жорж и покрај тешките прострелни рани, по
петмесечно лекување успешно се опоравил
и живеел до 1951 година, додека полицаецот Гали, којшто исто така
бил ранет починал после неколку месеци, но не од нанесената рана.
Атентаторот
исто така во тешка состојба бил пренесен во болница и околу 20 часот
по локално време, без воопшто да дојде при свест, подлегнал на
повредите.
Кој бил вистинскиот атентатор?
При прегледот на личните работи на атентаторот, полицијата во
неговите алишта пронашла чехословачки пасош на име Петер Келеман
(лажно име) како и револвери од марката "Маузер" и
"Валтер" и една бомба. При аутопсијата на неговата десна рака
била пронајдена тетоважа „В М Р О“ – иницијали на Внатрешната
Македонска Револуционерна Организација; потоа мртовечки
череп со вкрстени коски, и паролата " Слобода или смрт "
. Атентаторот бил погребан на 12 октомври 1934 на
гробиштата во Марсеј и неговиот гроб не бил одбележан. При
обдукцијата на телото на атентаторот има веројатност дека бил
пронајден куршум за кој се сметало дека веројатно бил истрелан од
неговиот соучесник од редот на усташкото движење - Мијо Крал.
Тоа било договорено уште пред извршувањето на атентатот, за да не
проговори нешто во врска со неговото планирање во случај да биде
фатен од страна на француските власти. Смртта на атентаторот
настанала од тој куршум, без да може да ја голтне отровната
ампула којашто ја имал во неговата уста и која исто така ја
чувал за да не биде жив фатен по атентатот.

Вистинскиот атентаторот на југословенскиот крал всушност бил
Владо Георгиев - Черноземски,
кој во круговите на ВМРО, од кадешто потекнувал, бил познат под
прекарот Владо „шоферот“ (всушност, правилното име на
терористот не било ни горенаведеното, туку Величко Димитров –
Керин).
Но, како и да е, Владо Черноземски бил назначен од страна на
раководството на ВМРО да ја изврши оваа тешка задача поради неговата
храброст и големиот број атентати што пред тоа ги имал успешно
извршено, благодарение на неговата умешност во ракувањето со оружје.
Черноземски ја напушта Бугарија во летото 1932 година, по наредба
на ВМРО и местото на неговиот престој не било познато. Веројатно и
од тогаш започнале и подготовките за извршувањена атентатот врз
кралот Александар. По налепницата што била пронајдена на неговиот
багаж со потекло од унгарскиот град Печуј, се сметало дека
тој престојувал на територијата на Унгарија, но во кој
дел, не можело со точност да се утврди (според информациите што
доаѓале од кругови блиски до ВМРО, Владо Черноземски извесно
време престојувал во усташкиот логор за обука на терористи во
местото Јанка Пуста - каде бил и инструктор по стрелање).
Поврзаноста на хрватската усташка организација со ВМРО
ја потврдил и лидерот на првата - Анте Павелиќ, којшто исто
така истакнал дека биле отворени кампови за обука на терористи во
Унгарија, каде како инструктор дошол Владо Черноземски. (Павелиќ
уште посочил и дека такви кампови било планирано да се отворат и на
територијата на Англија).
Сеќавања на преживеаните...
Во однос на атентатот врз кралот Александар подоцна евоцирале
спомените на преживеаните директни учесници во тој настан.
Полковникот Пиоле се сеќавал дека во тие моменти се
придржувал до упатствата на Шефот на протоколот и
согласно тоа се наоѓал на десната страна на кралскиот автомобил.
Наеднаш од масата народ се издвоил еден човек
и поминал покрај коњот на полковникот и пред да можел да го спречи
да се упати кон автомобилот тој успеал да дојде до платформата на
истиот и да испука повеќе револверски истрели кон кралот, министерот
Барту и другата придружба. Потоа, според сеќавањата на
Пиоле, тој успеал да му нанесе неколку удари со сабјата на
атентаторот, кој и покрај тоа успеал да истрела уште четири пати од
неговиот револвер.
Возачот на кралскиот автомобил Фуасен во однос на
атентатот истакнал дека според неговите сеќавања
од масата луѓе што се наоѓале на околните тротоари се издвоил еден
човек кој извикувал „Да живее кралот“, по што тој
помислил дека тоа бил некој граѓанин што го симпатизирал
југословенскиот Крал. Во тој момент лицето се нашло на
автомобилската платформа и ги истрелало смртоносните куршуми кон
Александар Караѓорѓевиќ.
Закрепнатиот од повредите, генерал Жорж, пет месеци после
атентатот сликовито се сеќавал на брзината, спретноста и умешноста
на ракувањето со револверот од страна на атентаторот и покрај
трагичниот момент.
До што дојде полициската истрага?
Веднаш по атентатот врз југословенскиот крал, истрагата на
полицијата била насочена кон откривање на сите усташки терористички
организации на териториите на поголем број европски држави, додека
вниманието кон испитување на учеството на ВМРО во атентатот, било
многу мало или воопшто никакво (најверојатно поради тоа што уште не
се знаел вистинскиот идентитет на атентаторот).
Непосредните соработници на терористот на ВМРО во извршувањето
на атентатот биле членовите на усташката oрганизација: Мијо Крал,
Иван Рајиќ и Звонимир Поспишил, додека непосреден
раководител на акцијата бил еден од првенците на оваа хрватска
организација - Еуген Кватерник.
Завршните подготовки за атентатот започнале во Швајцарија кон
крајот на месец септември 1934 година, кога петчлената група се
состанала во хотелот "Сен Готард" во градот Цирих.
Групата на чело со Кватерник потоа се упатила во градот Лозана, каде
тој им купил нова облека на тројцата усташи и на Черноземски, по што
заговорниците на 29 септември со брод, преку Женевското Езеро,
преминале на територијата на Франција.
Овде групата се разделила на два дела, а заради уште поголема
конспиративност Кватерник им разделил нови чехословачки
(фалсификувани) пасоши.
Кој бил мистериозниот „мозок“ на операцијата?
Во Париз на конспиративната група им се придружило
едно лице, чијшто идентитет и денес, 72 години по атентатот,
останува мистеррија и е многу тешко да се утврди. Кватерник на
членовите на групата им го претставил под името Петар, а тој
во хотелот каде што престојувал се пријавил со чехословачки пасош на
име Јан Вудрачек (заедно со неговата жена Марија Вудрачек).
Истражните дејствија на француската полиција покажале дека лицето
било на 45 годишна возраст и дека добро го владеел италијанскиот
јазик, врз основа на што имало некои
тврдења дека тоа најверојатно бил самиот Анте Павелиќ. Според
други тврдења, улогата на Павелиќ добро ја одглумил хрватскиот усташ
Антун Година заедно со неговата жена
(овој Антун извесен временски период живеел во Чикаго - САД,
каде бил член на гангстерско-мафијашката банда на легендарниот Ал
Капоне и бил специјалист за фалсификување на документи).
На 6 октомври,
сега седумчлената група, повторно се раздвоила, при што Звонимир
Поспишил и Рајиќ добиле наредба да заминат во
Версај, а потоа во Париз да чекаат понатамошни
инструкции - така што по ова биле целосно изолирани и ништо не
знаеле за понатамошниот тек на акцијата. Од друга страна Кватерник,
заедно со Черноземски и Крал, заминале за Авињон
- снабдени со револвери, бомби и нови чехословачки пасоши.
На 7 октомври
тие пристигнале со автобус во Марсеј, каде Кватерник ги
снабдил Черноземски и Крал со компаси и карта на
градот.
На 8 октомври лицето со псевдоним Петар
(наводниот Јан Вудрачек), Кватерник, Черноземски
и Крал ја проучиле маршрутата по која требало да помине
кралот Александар, при што според наредбите Черноземски требало да
го убие кралот, а Мијо Крал имал задача да активира бомба во
толпата народ за да му овозможи на првиот да побегне. По последните
дадени инструкции Еуген Кватерник, вечерта на 8 октомври заминал од
Франција и утредента се наоѓал на сигурно место во
Швајцарија.
Утредента на 9 октомври, откако го зеле оружјето од
брачниот пар Вудрачек, Черноземски и Крал се
измешале со народот што се собрал по повод пречекот на
југословенскиот крал. За тоа време таинствените Вудрачекови, коишто
всушност биле раководители на операцијата, исчезнале од градот - се
со цел да си обезбедат алиби по извршувањето на атентатот.

Организаторите на атентатот веројатно намерно не испланирале сигурно
повлекување на директните извршители на убиството на кралот
Александар, за да со нивното елиминирање се отстранат опасностите за
откривање на нарачателите.
Во тоа време наидувале критичните моменти за дејствување на
двајцата атентатори. Но, како што доаѓало времето за непосредната
акција, така Мијо Крал станувал се понервозен и колеблив во врска со
успешниот исход на атентатот. На предлогот да се повлечат од
намерата за атентат врз кралот, ладнокрвниот Македонец Владо
Черноземски му одговорил на Хрватот дека и него ќе го убие
доколку не го следи (што подоцна на судењето било потврдено и од
самиот Мијо Крал).
Но, во моментот кога вниманието на Черноземски било насочено кон
автомобилот на кралот Александар, неговиот хрватски придружник ја
искористил толпата народ и побегнал од местото на настанот.
Тој подоцна се обидел да побегне од Франција, но поради
непознавањето на францускиот јазик станал сомнителен за полицијата и
при еден обид да биде легитимиран започнал да бега, но бил фатен од
страна на француските власти во близина на селото Мелон.
За тоа време, другите двајца усташи, Поспишил и Рајиќ се наоѓале
во Париз и за атентатот дознале од вечерните весници, кои со големи
наслови известувале за марсејскиот атентат. Откако увиделе дека
Кватерник нема да се појави на договореното зборно место во Париз,
тие решиле преку местото Евијан да заминат за Лозана
во Швајцарија. Но, на 11 октомври, во раните утрински часови
Поспишил и Рајиќ биле уапсени во нивните хотелски соби во градот
Тонон.
По апсењето на тројцата припадници на усташката организација станало
очигледно учеството на оваа хрватска емигрантска организација во
атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ. Тогаш Франција
упатила официјално барање до Италија да ги уапси
усташките првенци Анте Павелиќ и Еуген Кватерник.
Под притисок на француската дипломатија и на Југославија,
италијанските власти се согласиле да ги уапсат усташките водачи, но
единствено нешто што направиле во полза на расветлувањето на
атентатот било земањето на писмени искази од обвинетите.
Павелиќ и Кватерник одрекувале било каква поврзаност со убиството на
југословенскиот крал (па дури и негирале дека воопшто се членови на
усташката организација).
Судењето пред францускиот суд
Во судскиот процес против уапсените тројца учесници во
планирањето на овој т.н. „Марсејски атентат“
како нивни бранител бил ангажиран адвокатот Жорж Десбон,
кој во францускиот политички живот важел за жесток противник на
европските граници воспоставени со Версајскиот мировен договор.
Судењето започнало на 18 ноември 1935 година во францускиот град
Екс-ан-Прованса и за неговото vреметраење биле преземени
дотогаш невидени мерки за безбедност.
Во обезбедувањето на градот, улицата и зградата во која се одвивало
судењето биле вклучени 600 полицајци и неколку стотина
жандарми, при што строго се контролирале сите оние што влегувале во
градот, поради стравот од нови можни терористички напади.
На
вториот ден од судењето на обвинетите за атентатот стигнало писмо до
поротата во кое се укажувало дека оружјето со кое бил убиен кралот
било од италијанско потекло,
но откако тоа не му било покажано на бранителот на обвинетите, по
расправијата со судиите, тој бил отстранет од случајот (а, му била
изречена и забрана за бавење со адвокатура).
По отстранувањето на адвокатот Десбон од функцијата бранител
на обвинетите, судењето западнало во ќорсокак поради противењето на
тројцата обвинети да ги застапува друг адвокат. Процесот, сепак,
продолжил на 6 февруари 1936 година во истиот град, со полициско
обезбедување кое ги надминувало сите нормални граници. На судењето
биле повикани околу 66 сведоци (од кои повеќето не се
појавиле), но најголема бура на негодување кај бранителот
предизвикало отсуството на началникот на службата за безбедност во
Марсеј.
Понатамошната судска расправа течела без некои позначајни измени
во однос на првиот дел од процесот и од страна на обвинителството
претежно била насочена кон тоа да им се изрече смртна казна на
тројцата присутни обвинети.
Одбраната настојувала да докаже дека улогата на обвинетите во
извршениот атентат била споредна, нагласувајќи го фактот дека двајца
од нив на никаков начин директно не учествувале во неговата
подготовка.
По завршување на расправата, на 12 февруари 1936 година судот
донел одлука дека обвинетите Звонимир Поспишил, Мијо Крал и Иван
Рајиќ се виновни за учеството во атентатот врз кралот
Александар Караѓорѓевиќ и францускиот Министер за надворешни работи
Луј Барту и
ги осудил на доживотен затвор со присилна работа. Во
отсуство, смртна казна им била изречена и на водачите на
усташката организација Анте Павелиќ и Еуген Кватерник
(што секако имало за цел да ги задоволи и смири југословенските
државно - политички кругови).
Противречностите и контроверзите на случајот
Во однос на полициската истрага што се водела за атентатот врз
кралот Александар, експертите забележале дека во официјалните
документи постоеле многу недоречености.
Така, иако француската полиција располагала со сознанија и докази
дека потеклото на бомбите најдени кај Владо Черноземски било
од една италијанска фабрика во Милано и дека револверите најдени кај
атентаторот биле купени со посредство на италијанска фирма од
Германија во 1932 година, за тоа не се зборувало во судската
постапка (на тој начин
се избегнувало прашањето за евентуалната замешаност на Италија
во атентатот).
Втора работа која во текот на истрагата била исто така
занемарена, свесно или несвесно, била необјаснивото однесување на
француските власти во однос на недоволно преземените мерки за
организирање на безбедноста на југословенскиот Крал. Зачудувал
податокот што во последен момент била дадена наредба за повлекување
на моторизираниот одред, кој требало да претставува засилено
обезбедување на гостинот од Југославија. Имено, наредбата била
дадена од структури на француската тајна полиција или поточно
од комесарот Систерон - кој во однос на причините за тоа
никогаш не доставил извештај до неговите претпоставени. Во сите овие
околности најмногу превез на таинственост имало околу претпоставката
чии наредби и инструкции спроведувал Систерон, односно
кој од претпоставените му наредил да го повлече моторизираниот вод
од обезбедување на кралската поворка.
Веројатно не се исклучувала можноста дека некои кругови во
Италија и Германија со огромни финансиски
средства имале подмитено некои луѓе во француската државна
безбедност, на што укажувал и податокот дека во текот на истрагата
воопшто не се поставило прашањето за тоа
од каде им била позната на терористите програмата и протоколот на
престојот на кралот Александар и мерките на неговото обезбедување,
што секако претставува државна тајна.
Исто така, важна работа која во текот на полициската истрага
била запоставена била прашањето за учеството на ВМРО во подготовките
и извршувањето на атентатот.
Нејзината улога во тоа од страна на истражните органи била
маргинализирана, што бил сосема погрешен пристап, поради фактот што
оваа организација го дала непосредниот извршител на атентатот (а и
во годините пред тоа имала огромен удел во обуката на припадници на
усташката организација за терористичко и герилско дејствување).
Конечно,
тајна останал и идентитетот на таинствениот брачен пар Вудрачек
(?)
- наредбодавците и главните раководители со акцијата. Најчестите
претпоставки за нивниот идентитет, посебно на Петар Вудрачек
биле дека зад него се криел водачот на усташкото движење, иако не е
исклучена можноста дека оваа личност да бил и лично Ванчо
Михајлов, водачот на распуштената ВМРО и дека неговото присуство
во Истанбул за време на атентатот било само алиби за да го одврати
вниманието од неговото евентуално учесгво во овие настани. (во
корист на оваа теза оди и неверојатната точност со која Михајлов
му го навестил атентатот на бугарскиот митрополит Андреј
Велички, што упатува на тоа дека бил многу добро запознаен
со плановите за неговото извршување.
Навидум чуден е податокот дека сите докази и показатели одат во
правец на тоа дека убиството на Југословенскиот крал било мошне
внимателно испланирано од страна на раководството на
фашистичка Германија и дека тајната операци]а била наречена
„Тевтонски меч“. Мозокот на операцијата биле самите
првенци на Третиот Рајх (Хитлер, Химлер и Херман Геринг
додека за директен раководител на операциј-ата бил назначен
генералот Ханс Шпајдел - за што сведочеле писмата испратени
до него од страна на Геринг и од шефот на германската тајна служба.
Но, и покрај вмешаноста во атентатот Шпајдел и по пропаѓањето на
нацистичка Германија ја продолжил својата генералска кариера, но
тогаш како генерал на новоформираната воено – политичка алијанса
НАТО).
За контактите на ВМРО со фашистичка Германија во периодот пред
атентатот посведочил и водачот на хрватските усташи Анте Павелиќ,
кој не криел дека имал средба со Хајнрих и Химлер - едни од клучните
фигури во тогашна фашистичка Германија, кога веројатно биле
утврдени плановите за претстојниот атентат.
Колку и да не била насочувана истрагата во правец на откривањето
на вмешаноста на оваа македонска организација во подготовката на
атентатот, фактите зборувале поинаку. Не само што директниот
егазекутор потекнувал токму од нејзините редови, туку и улогата на
нивниот водач Ванчо Михајлов останала вешто прикриена,
бидејќи острицата по извршениот атентат била насочена кон хрватската
усташка организација (која судејќи по се одиграла само епизодна
улога).
Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ претставува круна на
сите убиства што организацијата ВМРО ги вршела во периодот
помеѓу двете светски војни.
Со нејзиното забранување во 1934 година била срушена нејзината
организациона мрежа и убиствата што таа ги организирала по различна
основа престанале. Но, со тоа не престанува крвавата црна страница
на македонската историја која продолжува се до денешни дни . . .
Ω
(при подготовката на текстот Редакцијата се потпираше врз фактите
изложени во книгата
„Предавствата и атентатите во Македонската историја“ од
авторите Виолета Ачкоска и Никола Жежов)
г о р
е |