|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







358 енормно богати мулти-милијардери
денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го
заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од
власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во
САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза
(попознат како Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
телeкомуни-кациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа
светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот
за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив
повторно ја нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската
популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година
(а истиот во 1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално
помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во
доцните 1970-ти години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во
текот на една година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а
стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за
600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во „нај-демократската
земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во
поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури
неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се
зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови
затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги
задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на
правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100
000 жители има затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија -
85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со
Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот
диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос
дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати
мулти-милијардери
денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го
заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
телeкомуни-кациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на
известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што
предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во „нај-демократската
земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во
поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури
неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се
зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови
затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги
задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на
правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100
000 жители има затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија -
85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот
направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати,
којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија
ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј
пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300 долари, за да денес
преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91)
под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател
Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12
000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои
се и сексуално злоставувани!
125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од
рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на
осиромашен ураниум!
постои светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски
војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!
700 милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -
со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!
кај нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90% од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски
јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на планетава во просек
пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти,
а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои
околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите
земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и
ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“
кој владее во Унијата!
за да има напредок, раст и стопански развој на една економија
и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и
со релативно добри лични примања!
Бакингамската палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на
Аљаска
на САД и тоа за само 7,2 милиони $!
|
✍
Борче РАЗМОСКИ
©
Б
У Ш И Д О
Душата на Јапонија

БУШИДО е код од морални принципи од кои витезите имале потреба или
ги проучувале заради себеисполнување. Тој не е напишан кодекс; во
најдобар случај се состои од неколку начела предадени од уста до
уста, или напишани од перото на некој добро познат воин или
научник.
I. БУШИДОТО КАКО ЕТИЧКИ СИСТЕМ
Витештвото
е цвеќе,
ништо помалку сиромашно од јапонската почва, според неговиот симбол
- црешов цут (не е тоа исушен примерок од античката особина
сочуван во хербариумот на нашата историја, тоа е сеуште животен
објект на сила и убавина помеѓу нас; и ако тој зема на себе
невистинска состојба или форма, има малку траги на морална
атмосфера, што не прави свесни дека сеуште се наоѓаме под неговата
моќна магија). Условите на општеството што го унапредиле и го
хранеле, полека исчезнуваат; но како многу далечни ѕвезди кои
некогаш биле, и сеуште продолжуваат да ги фрлаат неговите зраци на
нас, па таа светлина на витештвото - кое беше „дете на
феудализмот“, сеуште ја осветлува нашата морална патека,
надживувајќи ја неговата мајчина институција.
Зборот
БУ-ШИ-ДО
литературно и буквално значи
„Воени Патишта на Витезот“
- патишта по кои борбените благородници морале да се придржуваат во
нивниот дневен живот, исто како и во нивната животна професија; со
еден збор „Правила на витештвото“ или благороднички
обврски од војничката класа.
БУШИДО е код од морални принципи од кои витезите имале потреба
или ги проучувале заради себеисполнување.
Тој не е напишан кодекс; во најдобар случај се состои од неколку
начела предадени од уста до уста, или напишани од перото на
некој добро познат воин или научник. Многу почесто тој е код
неискажан и ненапишан, поседувајќи се повеќе силни санкции на
вистински подвизи. Тој беше органски пораст на декади и векови на
воената кариера. Тој можеби ужива иста позиција во историјата на
етиките, како и англискиот устав, во политичката историја.
Навистина, рано во XVII-от век Воените статути
(Buke Hato) беа јавно објавени, но нивните 13 куси членови беа
оптоварени најмногу со бракови, замоци, сојузи и друго – а,
дидактичките прописи беа недоволно опфатени. Поради тоа не можеме да
установиме некое одредено време и место и да речеме „овде е неговиот
главен извор“. Само кога, тој, постигнува свесност во феудалната
доба, неговото потекло, со респект на времето, може да биде
идентификувано с о
феудализам.
Повторно, во Јапонија, како и во Европа, кога феудализмот бил
формално воведен, професионалната класа на воини дошла на истакнато
место. Тие биле познати како
самураи,
литературно значејќи, исто како и стариот англиски cniht (витез)
- чувари или послужници - потсетувајќи на
карактерот на soldurii, кои Цезар ги спомнал дека
егзистираат во Аквитанија; или comitati, кои во
согласност со Такитус, ги следеле германските главатари во нивно
време; или да се земе уште подоцнежна паралела, milites medii,
кои се запишани во историјата на средновековна Европа.
Siniko - јапонскиот збор; Bu-ke или Бу-ши (Борбени витези),
бил исто така присвоен во државна употреба. Тие биле привилегирана
класа, при што морале да бидат оригинално и сурово одгледувани, што
ги поттикнало да се занимаваат со борби. Таа класа била природно
регрутирана, во долг период на константно војување, по што
започнувал процес на елиминација така што се одбирала само „грубата
раса, сите машки со брутална сила“, позајмувајќи ја Емерсоновата
фраза „преживувале во фамилијарни форми и во редовите на
самураи“.
Доаѓајќи јавно да ја искажат својата чест и привилегија, тие
набрзо почуствуваа потреба од едноставен стандард на однесување,
посебно кога биле во воинствени простори и припаѓале на различни
кланови. Токму кога лекарите го ограничиле натпреварувањето меѓу
самите себе низ професионална учтивост; токму кога адвокатите
седнале во судниците на честа во случаите со насилнички етикети,
исто така и воините морале да поседуваат некое такво засолниште за
финална победа на нивното лошо однесување...
Фер игра во борбата!
Какви микроби на моралност лежат во тоа примитивно чуство на
дивјаштво и детство? Не е ли тоа темел на сите воени и цивилни
особини? „Подлеци и кукавици“ се епитети на најлошите
угнетувачи на здравата, едноставна природа. Ако воените интереси би
дејствувале сами, без повисока морална подршка, идеалите на
витештвото би паднале.
„Религијата, војната и славата беа трите души на
совршениот христијански витез“ - вели Ламартен. Во
Јапонија, пак, тоа беше поинаку.
II. ИЗВОРИ НА БУШИДО
1.
Будизам

Тој е снабден со некое чуство на тивка верба во судбината,
некоја тивка преданост кон неизбежното, таа стоичка стложеност
во глетката на опасност или пропаст, тој презир на животот и
пријателството со смртта. Првиот учител на мечувачката вештина,
кога го видел неговиот ученик, најголем во неговата умственост,
рекол: „Над оваа моја инструкција морам да му го отстапам
учењето на Зен“.
(Зен е јапонски еквивалент за Дијана, која „го
репрезентира човечкиот обид да ги збогати медитациските зони со
мисли над границите над вербалното изразување“). Неговиот метод
е размислување, а неговата намера, да биде убеден во
најважното што ќе ги надлаже сите феномени, и ако може потполно
себеси да се стави во хармонијата на Универзумот.
2.
Шинтоизам
Како што Будизмот недоволно дава, Шинтоизмот нуди во изобилство.
Секоја
лојалност кон владарот
и секоја синовска побожност во тоа време не се проучувани од никоја
друга вера, како што беа влеани во главата од Шинто-учењата
дозволувајќи пасивност (а, на друг начин арогантност).
Шинто-теологијата нема место за догма. Напротив, таа верува во
невнимателната добрина и богољубива чистота на човечката душа. Секој
ќе забележи дека шинто-олтарите се впечатливо лишени од објекти и
инструменти на обожавање, и дека едноставно огледало висело
во свети форми - како битен дел од неговото моделирање. Присуството
на овој предмет е лесно да се објасни: тој го моделира човечкото
срце, кое, кога е совршено, мирно и чисто, ја рефлектира вистинската
слика на Деити. Кога ќе застанеш напред пред олтарот за
богослужење, ќе го видиш неговиот сопствен одраз рефлектиран на
неговата сјајна површина, и чинот на богослужба е со еднакво значење
исто како и старата Делфичка наредба „Спознај се самиот“.
Но, самоспознавањето не подразбира, дури и во
древно-македонското или древно-јапонското учење, познавање на
физичкиот дел
на човекот, ниту неговата антомија, или психофизичките особини;
спознавањето би било еден 
морален вид, самопосматрање на нашата
природа. Суштински, нашиот одраз го дава на значење не толку моралот
колку националната свест за индивидуалното. Неговата
природна богослужба
станува драга татковина на нашите најскриени души, додека неговата
прадедовска богослужба, наследена од род до род - направи од
царското семејство изворен водач на целата нација. За нас
татковината е повеќе од земја и почва од која се копа злато или се
жнее семе - тоа свето живеалиште на боговите, духовите на нашите
потомци, тој е главен претставник од Небото на Земјата, спојувајќи
ја во својата личност неговата сила и неговото милосрдие.
Начелата на шинтоизмот
покриваат две надмоќни карактеристики на емоционалниот живот:
Патриотизам
и Лојалност.
Сепак, суштествено во рамките на националниот инстинкт и расните
чувства, шинтоизмот никогаш не претендирал на систематска филозофија
или на рационална теологија. Оваа религија (или поточно да се каже
расните емоции кои оваа религија ги изразува) го натопуваат
Бушидо-то со Лојалност кон владарот и Љубов кон татковината, така
што тие дејствуваат повеќе како мотиви отколку како учења.
3.
Конфучијанизам
Како и етичките учења, и учењето на големиот филозоф Конфучие
беше еден од најплодните извори на Бушидо. Неговото јасно
искажување на
пет морални врски
помеѓу господар и слуга
(владетелот и потчинетиот), таткото и синот, сопругот и
жената, постариот и помладиот брат и помеѓу пријател и пријател -
беше само потврда по која расниот инстинкт беше препознат. Тивкиот,
великодушен и мудрозборечки карактер на неговите политичко-етички
упатства беа особено добро приспособени на самураите, кои формираа
еден вид на управна класа. Неговиот аристократски и
конзервативен глас беше добро адптиран со потребите на тие т.н.
воени државници.
4.
Делата на Менсиј
Наблиску до Конфучие, Менсиј го извежбал својот огромен
авторитет преку Бушидо. Неговите силни и често многу тивки
демократски теории беа прекумерно земени од сочуствителните
карактери, беа дури и поим за опсност, и разорни за постоечкиот
општествен поредок (оттука неговите дела долго време беа под
цензура). Сепак зборовите на овој голем ум најдоа постојано
засолниште во срцето на самурајот.

Делата на Конфучие и Менсиј формираа основен прирачник за
младината и
највисок авторитет
во расправањето меѓу старите. Очевидното запознавање со класиките на
тие две преданија беше прифатено, како и да е, без високо
почитување. Обичните пословици го исмејуваат оној кој има само
разумно познавање на Конфучие - како човек секогаш трудољубив, но
неук кон „Аналектите“. Типичниот самурај,
литературните научници го викаат книгомиризлив пијаница.
Други, пак, ја споредуваат науката со лошо миризливо растение кое
треба да се превари пред да биде готово за употреба. Писателот,
поради тоа, мислел дека знаењето станува навистина такво само кога е
асимилирано во умот на образованиот и се покажува во неговиот
карактер.
Интелектуалниот стручњак размислувал како машина. Самиот негов
интелект бил почитуван, запоставувајќи ја моралната емоција.
Човекот и Универзумот
биле сфатени еднакво (духовно и морално). Бушидо произведе светлина
од знаење како таков. Тој не бил проследен како крај на самиот себе,
туку како средство за достигнување на мудроста.
Знаењето било сфатено како идентично со неговата практична
примена во животот; и ова Сократово учење го нашло својот најголем
претставник во кинескиот филозоф, Ван Јанг Минг, кој никогаш
не се изморил да повторува:
„Да се знае и да се твори е едно исто!“.
Западните познавачи лесно во своите дела ќе препознаат паралели со
Новиот Завет. Јапонски приврзаник за тоа кажува:
„Господарот на небото и земјата, на сите живи суштества, живеејќи во
срцето на човекот станал негов Ум (кокочо); оттука, умот е жив
предмет, и секогаш сјаен“, и повторно, „Духовната светлина на
нашето суштествено постоење е чиста, и не е склона на човечката
волја“.

Беа малку и едноставни како такви, тие беа доволни да се снабдат со
сигурно раководење во животот, дури и во најнесигурните денови во
најнеорганизираниот период на националната историја. Добриот
несофистициран
карактер на воените прадедовци,
добиваат обилна храна за нивниот дух, од сноп на површност и
фрагментирани учења, собрани во тоа време на друмовите и лошо
проодните патишта на старата мисла, и поттикнати од барањето на
годините, формирајќи од тие зборови нов и уникатен тип на човештво.
Еден остроумен француски научник со хрватско потекло Де ла
Мазелиер на овој начин ги сумира неговите импресии од XVI век:
„Кон средината на XVI век, се во Јапонија е конфузија - во
владата, во општеството, во црквата.
Со граѓанските војни однесувањата се вратија кон варваризмот.
Неопходноста за секого да изврши правда за себе
- се формираа луѓе споредливи со оние Италијани во XVI век. Во
Јапонија, како и во Италија, суровите начини на Средните Години
направија од човекот величествено животно, целосен борец и целосно
отпорен. И тоа е она зошто XVI век е изложен на највисок степен на
темелен квалитет на Јапонската раса, онаа голема разновидност која
еднаш се нашла тука меѓу нивните умови исто како и помеѓу
темпераментите. Додека во Индија, како и во Кина луѓето главно се
разликуваат во степенот на енергија или интелегенција, во Јапонија
тие се разликуваат исто така и по оригиналноста на карактерот“.
Сега, индивидуалноста е знак на супериорните раси и на скоро
развиените цивилизации. Ако го искористиме еден израз драг на
Ниче, би рекле дека во Азија, да се зборува за човештвото е да
се зборува за неговите скромности; во Јапонија, како и во
Европа тоа е претставено „горе, се до неговите планини“.
III. ЧЕСНОСТ ИЛИ ПРАВДА !?
Ова е најуверливото правило во кодот на самурајот. Нему ништо не
му е подвратно одошто нечесните договори и кривите
зафати. Замислата на чесноста може да е погрешна - може да е
ограничена. Добро познатиот Буши ја дефинира како
сила на решителност:
„чесноста е сила на решавање над одреден правец на однесување во
согласност со причината, без нерешителност; да се умре кога е право
време да се умре; да се порази кога за тоа е вистинско време“.
Други автори зборуваат за тоа во следниве фрази: „Чесноста е
коска што дава решителност и раст. Како што без коски главата не
може да се потпира на врвот на р’бетот, ниту рацете мрдаат, ниту
стопалата стојат - така без чесност ниту една дарба, ниту ученост не
можат
од човекот да изградат самурај“.
Менсиј добротворноста ја вика
човеков ум,
а чесноста или правичноста негова патека. „Како е тажно“,
извикува тој „за него да ја запостави патеката и да не продолжи
по неа, да го загуби умот и да не може да го пронајде повторно“.
Чесноста,
согласно со Менсиј, е права и ограничена патека која човекот мора да
ја зграпчи за повторно да го стекне изгубениот рај. Дури и во
доцните денови на феудализмот, кога долгата непрекинатост на мирот
довела до безработица во животот на воената класа, и со тоа се
растуриле сите можности и пристојни однесувања, епитетот Гиши
(човек
на чесноста)
бил почитуван како старешина на секое име што означува власт на
науката или културата.
Во времињата кога подвижното лукавство беше склоно да премине во
воена мера и отворена невистина, таа мажествена особина, искреност и
чест - беше накит што најсветло блескаше и беше највозвишено.
IV. ВЛИЈАНИЕТО НА БУШИДО
Во овој дел ќе се обидеме да раскажеме за тоа на кој начин Бушидо
извршило влијание врз нацијата и пошироко. Да погледнеме само
неколку од најзначајните врвови кои се издигнуваат над границата на
витешките особини,
за самите нив толку многу унапредени отколку основното ниво на
нашиот национален живот. Kaко што Сонцето при неговото издигнување,
прво ги опсипува највисоките врвови со темно-црвенкаста боја, и
после постепено ги излива своите зраци долу во долината, така
етичкиот систем, кој, прво го просветува воениот поредок, за, со тек
на време да ги извлече неговите следбеници од толпата.
Демократијата воспита природен владар за нејзин водач, и
на аристократијата и вметна кнежевски дух меѓу луѓето.
Особините се не помалку заразни од маните. „Тука треба само еден
паметен човек во друштвото, и сите се паметни“ - вели
Емерсон.
Нема социјална класа или слој што може да се спротистави на
распространетата сила на моралното влијание.
Тоа што е Јапонија, сето му го должи на самурајот. Тие не беа само
цвеќе на нацијата, туку исто така и нејзин темел. Сите
величествени дарови од Небото, истекоа низ нив. Иако тие се држеа
далеку од социјалното население, тие задржаа морален стандард за
нив, и ги водеа по нивниот пример.
Самурајот пораснал да биде главниот идеал на целата раса.
„Како што меѓу цвеќињата црешата е кралица, така меѓу луѓето
самурајот е Господ“ - така пее јапонскиот народ. Спречени од
трговските прогонства, самата воена класа не ја помагала трговијата;
но немало средства на човечка активност, средства на размислување,
кои во некоја граница не примиле поттик од Бушидо.
Интелектуална и морална Јапонија била директно или индиректно
работа на витештвото. Г-дин Малок, во неговата книга
прекумерна со идеи, „Аристократија и Еволуција“,
убедливо ни вели дека „социјалната еволуција, дотолку поразлична
од биолошката, може да биде дефинирана како ненамерна последица на
намерите на големиот човек;
понатаму
„тој историски напредок е изнесен низ борбата, не помеѓу општеството
генерално, туку борбата помеѓу малите делови на општеството да го
води, да го упатува, да го применува мнозинството на најдобар пат“.
Правилата на витештвото почнаа најпрво како слава на елитата,
станувајќи со време стремеж и инспирација на нацијата и пошироко; па
сепак народот не ја постигнал моралната височина на тие возвишени
души. Ако ралигијата не е ништо повеќе од „моралност допрена низ
емоции“, како што ја дефинира Метју Арнолд, неколку
етички системи
се подобро објаснети во религијата отколку Бушидо.
V. ИДНИНАТА НА БУШИДО
Застрашувачките знаци се во воздухот, што ја претставуваат
неговата иднина. Не само знаци, туку двојни сили му се
закануваат. Многу историски споредби можат да бидат попристрасно
направени отколку помеѓу витештвото на Европа и Бушидо-то на
Јапонија, и ако историјата се повторува, таа секогаш ќе се направи
со судбината.
Една најжабележлива
разлика помеѓу искуството на Европа и на Јапонија
е што, додека во Европа витештвото било благословено од феудализмот
и било прифатено од Црквата, тоа добивало свеж замав на живот, во
Јапонија ниедна религија не била доволно пространа да го одгледува;
оттука кога мајката институција феудализмот исчезна, Бушидо, оставен
како сираче, морал да размислува за себеси. Денешната усовршена
војничка организација можеби би го зела под свој патронат, но свесни
сме дека модерното војување може да си дозволи мала соба за неговото
непрекинато растење. Шинтоизмот кој го негувал во неговото детство,
и самиот е пензиониран...
Моралните теории,
умилкувајќи се на шовинистичките склоности на времето, и поради тоа
мисловно добро адаптирани за потребата на тој ден, биле пронајдени и
изнесени; но како сеуште да ги слушаме нивните продорни гласови
одѕвонувајќи низ колумните на жолтиот печат. Главните извори
се настроени против Правилата на витештвото. Веќе, како што вели
Веблен
„распаѓањето на церемонијалниот код,
или, како што поинаку се нарекува вулгаризација на животот, присутна
меѓу индустриските класи, постана една од главните расипаности на
подоцнежната цивилизација во очите на сите лица со осетлива
чуствителност“.
Неодоливото време на триумфалната демократија кое не може да
толерира никаква форма или состојба на доверба – и Бушидо беше
доверба организирана од сите кои монополизираат резервен капитал
на интелект и култура, зацврстувајќи ги степените и вредноста на
моралните квалитети, самите доволно силни да проголтаат остатокот од
Бушидо. Сегашните општествени сили се
непријателски со ситниот дух на класата,
и витештвото е, како што Фримен критизираше класен дух.
Модерното општество, ако претендира кон некакво единство, не може да
признае исклучиво лични должности измислени во интересите на
ексклузивната класа.
Зборовите кои големиот мислител ги користел во говорењето за
Тереза и Антигона може, веројатно, да бидат повторени за
самурајот „тоа суштество во кое
неговите ревносни постапки заземаат форма,
засекогаш замина“.
Моралитетот воведен во светот со звук на ловечки рог и тапани е
одреден постепено да се изгуби како што „водачите и царевите
заминале“. Ако историјата може да не научи на нешто, тоа е, дека
државата изградена врз воинствени особини – било да е град како
Спарта или империја како Македонија и Рим, а во денешни услови
држава како Америка – никогаш не можеле, ниту можат на Земјата да
направат „траен град“. Под инстинктите на борба се чува
божествениот инстинкт за љубов.
Занимањата поблагородни и пошироки од воените, го бараат нашето
внимание денеска. Со проширен поглед на животот, со растење на
демократијата, со подобро познавање на другите луѓе и народи,
Конфучијанската идеја на добротворност ќе се развие во
Христијанската концепција на љубов.
Луѓето станале повеќе од предмети, растејќи во наследството на
граѓаните; накратко, тие беа повеќе од граѓани, беа луѓе. Иако
воените облаци обилно надвиснаа над нашиот хоризонт, ние ќе веруваме
дека крилата на Ангелот на мирот, можат да ги растурат...
Историјата на светот го поткрепува пророштвото „Понизниот мора
да ја наследи Земјата“.
Нација која го продава нејзиното наследено право на мирот, прави
навистина сиромашна спогодба.
Условите на општеството толку се изменија така што станаа не само
спротивни, туку и непријателски со Бушидо.
Тешко е да се претстави кога витештвото замре, како и да се
определи точното време на неговиот почеток. Д-р Милер вели
дека витештвото било формално уништено во 1559 година, односно дека
формалното уништување на феудализмот беше знак да заѕвони погребната
камбана и за Бушидо. Едиктот, издаден две години
подоцна, го забранува носењето на мечот, го рангира како стара „неоткупена
милост на животот, безначајна заштита на нациите, одгледувачка на
мажественото чуство на херојската предприемчивост“. Било кажано
дека
Јапонија победила во нејзината поранешна војна со Кина
со помош на пиштолите на Мурата и топот на Крап; било речено дека
победата била работа на модерниот училишен систем; но тоа е помалку
од половина вистина. Или, ако пиштолите ги добија борбите, зошто Луј
Наполеон не ги истепал Прусите со неговиот митралез, или Шпанците со
нивните наузери Филипинците, чии раце не биле подобри од
старомодниот Ремингтон? Излишно е да се повтори од што произлезе
простата поговорка дека тоа е Духот што поттиснува, без кој
најдобрите орудија малку даваат корист.
Најусовршените пиштоли и топови не пукаат со нивната сопствена
согласност; најмодерниот воспитен систем нема да направи од
кукавицата херој. Не!
Чепнете го Јапонецот со најнапредни идеи, и ќе Ви го покаже
самурајот.
Големото наследство на честа, храброста и на сите војнички особини,
е, како што професор Крамб тоа многу опфатно го изрекува
„само наша верба, понеотуѓива од смртта и од генерацијата што доаѓа“,
и повиците на сегашноста се да се чува тоа наследство, исто така да
се ублажи една ситница од прастариот дух; повиците на иднината би го
опфатиле многу пошироко за да се употреби во сите патеки и релации
на животот.

Пожелно и веројатано, како што е исполнувањето на некое пророштво,
ние не мораме да заборавиме дека Фениксот се издигнал само од
својата сопствена пепел, и дека тоа не е само птица на минување.
„Царството Божјо е внатре во тебе“.
Тоа не доаѓа тркалајќи се низ планините, колку и да е возвишено; тоа
не доаѓа едрејќи преку морињата, колку и да е широко. Семињата на
кралството како да сведочат и претчуствуваат низ Јапонскиот ум,
расцутен сред Бушидо.
Сега неговите денови се завршени, тажно е да се рече - пред
неговата наполна плодност. Се вртиме насекаде барајќи други извори
на сладост и светлина, на сила и удобност, но меѓу нив сеуште како
да не е ништо најдено што ќе го заземе неговото место.
Бушидо бил ставен под силен притисок на моралното однесување на
управувачите и јавните луѓе и на нациите.
Владеењето,
самопотврдувањето или т.н. „господарски живот“ на Ниче,
самото посебе е блиско до некоја почит кон Бушидо, како помината
фаза на привремената реакција против која тој се однесува, низ
морбидно искористување, понижување, самоодречувајќи го робовскиот
живот. Помалите морални системи ќе се соединат помеѓу себе во една
од двете страни за нивното соединување. На која страна ќе
биде воведен Бушидо?
Немајќи став на догма
или формула да се заштити, таа може да дојде во состојба да исчезне
суштественото; како „црешовиот цут“ - со првиот удар
на утринскиот ветар. Но, целосното изумирање никогаш нема да биде
неговата судбина. 
Кој вели дека стоицизмот е мртов? Тој е мртов како систем;
но е жив како особина;
неговата енергија и виталност сеуште се чуствуваат низ многу канали
на животот - во филозофијата, во правните науки на целиот
цивилизиран свет. Секаде каде што човекот се напрегнувал да се
издигне над самиот себе, секаде каде неговиот дух го раководел
неговото тело низ сопствените напрегања, таму ја гледаме бесмртната
дисциплина на Зен како работи. Бушидо-то како
независен код на етики може да исчезне, но неговата сила нема да
пропадне од Земјата; неговите поучувања на војничка храброст или
граѓанска чест можат да бидат уништени, но неговата светлина и
неговата слава долго ќе ги надживеат неговите урнатини - како
неговото симболично цвеќе, после кое, тој е дувнат од
четири ветрови, тоа сеуште ќе го благословува човештвото со
парфем со кој ќе го збогати животот. Со години потоа, кога неговите
навики ќе бидат закопани и неговото вистинско име заборавено,
неговите мириси ќе дојдат лебдејќи во воздухот како од оддалечен
невидлив рид . . .
Ω
г
о
р
е |