НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот „Бонд Стил“ на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за „слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон „Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските „медиуми“

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

 

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

 

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на телeкомуни-кациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

Ч О В Е К О В И   П Р А В А

 

 

 

Редакција на  М А Х А Т М А

 

 

„СЛОБОДИ  и пРАВА

НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ“

(Историски дискурс)

 

 Oсновното излoжување за правата и слободите на човекот и граѓанинот се состои од целина односно КОРПУС на основни права / Corpus (лични, граѓански; политички; економски, социjални и културни) - реализирани на различни начини во определени услови и контекст на историскиот развоj на општеството.

   Секое „право“ не е човеково право! Постои објективно право како целост на правилла донесени од компетентни законодавни органи, кои се санкционираат со авторитетот на државите или меѓународните организации. За објективните права, во одредени држави се користи посебен израз (англиски L a w), за да можат тие да се одвојат од субјективните права на физичките и правните лица (англиски R i g h t). Во нашиот јазик не постои терминолошка разлика, иако разликата меѓу објективните и субјективните права е очигледна.

   Правата и слободите на човекот и граѓанинот се базичните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се најјасниот показател за карактерот на власта. Колку се  поавансирани тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта (властодршците) за злоупотреби и арбитрарност спрема правата и слободите на човекот.

   Историјата на човештвото, постојано била човеков обид  да биде слободен од најразлични форми на зависност и потчинетост од страна на властодршците. Но, и покрај тоа, општествено-историските контексти, свеста, образованието, културата и  цела низа околности ги спречувале низ вековите за побрз од кон реализација на правата и слободите на човекот и граѓанинот.

   

 Голем чекор кон развојот на правата и слободите на човекот и граѓанинот, во вистинска смисла на зборот - човековата историја се чини со право ја смета Големата Повелба за Правата (Magna Carta Libertatum) од 1215 година, кога англиските феудалци, стекнаа за себе одредени привилегии од тогашниот Крал. Ова беше зачеток за подоцнежно на проширување на корпусот на правата и слободите на човекот, кој и денес, во глобалниот свет, се судира со контексти и проблеми од различна природа, во зависност од општите постигања на секое општество посебно. MAGNA CARTA (оттука е и името на нашата Асоцијација з.а.) морал да ја донесе Кралот Јован Без Земја и претставувала победа на бароните во Средновековна Англија, кои веќе за време на Хенрих III-ти (наследникот на Јован Без Земја) ќе успеат да свикаат нов орган на власта, чија цел е понатамошно ограничување на власта на монархот – а, тоа е познатиот Англиски „Парламент“. Така, во 1256 водачот на незадоволните Симон Де Монфор, со значајно учество на граѓанскиот слој, го свикал првиот Собор на англискиот Парламент. Оттогаш овој орган ќе почне редовно да се состанува, пред се за да му одобри на кралот собирање на данокот.  

 

Во XVII-от век (повторно во Англија), поточно во 1628 година, стапија во сила петициите за човековите права, а пак во 1679 година стапува во сила светски познатиот Habeas Corpus Akt кој ги опфаќа првите правни норми против арбитрарното затворање и притворање, а пак Bill of Right ги проширува и преостанатите права на обичните граѓани.

 

Се чини дека во духот на овие движења, и на другата страна на Атлантикот, во Америка, во борбата против англиските колонизатори и нивната домионација, се објавува Декларацијата за правата на човекот, позната како Bill of Right, во 1776 година во државата Вирџинија. Американската декларација за независност пак, прокламира дека сите луѓе се родени слободни и дека животот, слободата и тежнението да се биде слободен се неотуѓиви права.

Американскиот пример, па дури и на повисоко ниво на правата на човекот, ќе го следи и Франција, со Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот (Declaration des droits de l’home et du citoyen) во 1789 година, по една крвава војна меѓу буржоазијата и кралската власт со привилегии на феудалната аристократија. Оваа Декларација ја објави слободата, рамноправноста, приватната сопственост и отпорот против насилството како природни и неотуѓиви  права. Овие права станаа извор на јавните права, регулирани со закон, пред кој сите граѓани се рамноправни. Се објавија и неприкосновеноста на човековата личност, слободата на мислата и совеста на говорот и печатот (ако не се во спротивност со законот).

 

   Истата Декларација се стави на чело на првиот француски Устав од 1791 година, односно како посебен документ во Уставот од 1793 и оној од 1795 - дефинирајки ги попрецизно природните и неприкосновените права на човекот. Француската Декларација за правата  на човекот и на граѓанинот стана платформа , односно идеолошка и политичка програма на сите позначајни револуции на човековата историја.

 

   Во текот на XIX-от и XX-от век непрекинато ќe се збогатуваат како обемот, така и квалитетот на законските норми кои се поврзуваат со „правата и слободите на човекот и граѓанинот“ (како нов целосен термин). Особено треба да се издвојат правата во областа на стопанството, социјалата и културата. Овие права особено ќе се засилат по Првата Светска војна (пример со познатиот Вајмарски Устав 1919 година) и после Втората Светска Војна. Во овој период особено ке дојдат до израз синдикалното организирање, правото на штрајк, правото на работа, правото на социјално осигурување, подобрување на условите на работа, правото на годишен одмор, скратување на работното време, правото на образобание, правата на националните малцинства, како и расните и верските права. Во оваа насока треба  да се истакне  дека и правото на сопственост се добива со конотацијата на таканаречената „социјална функција“.

 

   Од особено значење во оваа тематска целина има Универзалната Декларација за Правата на Човекот (Universal Declaration of Human Right), која ја усвои Генералното Собрание на Обединетите Нации на своето заседание во Париз на 10 Декември 1948 година. Во 30-те члена на  Декларацијата се се опфатени фундаменталните права и основните слободи, на сите лиѓе на светот. Тргнувајќи од начелото дека  „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и во правата”, Декларациајата забранува секаква дискриминација - било по основа на расата, полот религијата, политичките уверувања, националното потекло или пак,  социјални т.е. политички уверувања или материјалната состојба. Особено е истакнато дека исти права уживаат и жителите на оние територии што не се самостојни држави. Универзалната Декларација, во почетокот беше само една свечена препорака на Обединетите Нации која имаше морална и политичка тежина. Денес, речиси сите  нејзини одредби станаа извор на меѓународното право, не во својство на меѓународни договори туку во својство на обичајното право, или, пак, како општи правни одредби кои ги прифаќаат цивилизираните народи.   

Спектарот на човековите права досега се одредуваше со политички договори и ја имаше формата на декларации, устави, меѓународни договори. Од мноштвото документи во вид на декларации, петиции, Повелби, трактати и т.н. треба да ја издвоиме Европската конвенција за заштита на правата и основните слободи на човекот, како меѓународен трактат, со чие посредство, државите-членки на Европскиот Совет се задолжуваат да гарантирааат некои од основните човекови права, за сите лица кои се под нивна јурисдикција. Да споменеме во случајов дека и Република Македонија, од 1997 година ја прифати јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур (Франција). Во овој тематски склоп, Конвенцијата и Протоколите кон неа само информативно ги споменуваме. Патем, Конвенцијата е усвоена во Рим, во 1950 година и до денес е дополнета со вкупно 11 (единаесет) протоколи.  

 Во овој контекст треба да го споменеме и фактот, дека човековите права и слободи, колку и да се авансирани, а во последниве два до три века, во вистинска смисла на зборот поминале еден колку еволутивен толку и револуционерен тек - сепак можеме да заклучиме дека тие не се исцрпени. Имено, овој корпус на човековите права, постојано ја има тенденцијата на унапредување и нивно облагородување. Исто така треба да се констатира, дека, за жал, не во сите меридијани и во сите држави може да се говори за една еквивалентност на конкретната реализација на правата и слободите на човекот. Тоа е една горка реалност која се темели во традицијата, образованието, диспропорционалниот развој на државите во различни сфери на живеењето и друго. Затоа, човековите права и слободи, во една од можните мисловни димензии, може да се третира и како  стремеж за постојано изедначување на стандардите на правата кои произлегуваат од овој корпус, од една страна и како вечен стремеж да човекот со методи, прифатени од пошироката меѓународна заедница од друга страна да им стане предводник на сите можни вариетети во оваа насока.

Кон привршувањето на овој дискурс, исто така, треба да се констатира дека многу од земјите,  дури и тие кои се потписнички на документите, кои се од едно широко гео-етничко подрачје, во голема мера не ги почитуваат правата и слободите на човекот и на овој начин тие ја зголемуваат обврската на демократскиот свет,  низ постојните механизми, како и низ други форми на дејствување да останат доследни во унифицирањето на овие темелни и мошне значајни, базични норми  за човековите права и слободи. Несомнено е дека во овие координати од особено значење е и ангажирањето на владините институции, како и на невладините асоцијации, односно на секоја самосвесна индивидуа – било каде да живее или работи.  

 

 г о р е