|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милиони
хектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5
пати поголема од Велика Британија)!
во
САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од
глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно
лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои
три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат
повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во
долгогодишната Виетнамска војна)!
358
енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од
она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот
Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот
буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД
имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците
за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека
во фабриките на островот Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат
на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за
само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во
моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те
најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред
две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред
две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските
финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот
од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до
април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на
Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема
Америка!
учеството
на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот
приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над
2,3%)!
во
субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
|
✍
Илија ИЛИЈОВСКИ
©
. . .
M
Р А К
. . .
Прописен попис на кутриte македонски
„Медиуми“
Ако
појдеме од тоа дека
слободата на изразувањето
е едно од основните човекови права и слободи и ако тоа во секоја
една нормална демократија мора да биде пред се пропишано но, и многу
добро заштитено, тогаш никогаш не би се случувале проблеми кои
настануваат, или ќе настануваат во иднина, кога би станало збор за
ова толку „несфатливо” човеково право – особено за владејачките
елити. Сведоци сме дека во минатото ова право секогаш не било
пропишано или заштитено, а тоа е видливо особено од историјата на
овие Балкански простори. Но, како што многумина велат, изгледа дека
Балканот сеуште живее не со своето минато туку во своето минато.
Ако секаде во демократски декларините (и добар дел од нив навистина
демократски држави), ова право е пред сé пропишано, а потоа
и заштитено со разни средства и скоро секаде ако некој се обиде да
го повреди не баш убаво си поминува, тогаш нешто овдека, мислам на
Балканот, нешто (како и секогаш) не в ред. А ако се навратиме на
првата реченица од текстов тука нешто најблагоречено е ненормално.
Повеќето
од нас се сеќаваме, дали од што сме ги преживеале тие нешта или од
што ни раскажувале нашите,
на времињата кога на овие простори царувало едноумието,
како и во скоро половина Европа и кога секој морал да мисли така
како што мисли Централниот Комитет на Болшевичката партија на
Советскиот Сојуз (СССР), а потоа Централниот Комитет на
неговата Комунистичка партија. Се сеќавам на едно од
извонредните предавања на професорот Ѓорѓи Марјановиќ,
кадешто тој ни раскажа зе еден случај во поранешната Народна
Република Бугарија, која како што сите знаеме била безмалку во
составот на СССР, каде во основите училишта во оваа соседна држава,
а најверојатно и во останатите образовни установи, посотоело едно
правило според кое се што било напишано во учебниците па дури и се
останато било така затоа што така мислеле дека е или со тоа се
согласувале тогашниот Претседател на СССР Леонид Брежњев и
Централниот комитет на Болшевичката партија на СССР, и тогашниот
Претседател на Народна Република Бугарија Георги Димитров и
Централниот комитет на Комунистичката партија на Бугарија. Понатаму
во приказаната интересно е дека еден ден во некое училиште дошол
некој просветен инспектор и влегол на час во еден клас и на еден од
учениците му го поставил прашањето
„Колку е часот?”.
На ова ученикот одговорил „Според Претседатело на СССР Леонид
Брежњев и Централнио комитет на Болшевическата партија на СССР, и
Претседатело на НР Бугарија Георги Димитров и Централнио комитет на
Комунистичката партија на Бугарија, се извнјавам ама ас нјамам
саат”…
Сега можете да замислите до каде одело ова.


Но, да позборуваме малку за Македонија.
Ни овде не било нешто поразлично. Знаеме за што на луѓето од
минатитот ситем им служеле медиумите, пред се, а потоа и како и
колку било допуштено да се користи правото на слободно изразување
на мислата. Се што можело да се искористи во полза и за целите
на КПЈ се било користено, а особено медиумите (ако секако
може да стане збор за множина на оваа именка во тоа време).
Се било ограничено и сé „се знаело”.
Со поедниците се знаело како да се справува и навидум немало
проблеми.
Послушниците биле многу верни и лојални и дури и без наредба вршеле
определени операции особено за елиминирање на неподобните елементи.
Но, во таков систем како тој, се што некој мислел дека перфектно
функционира, не било баш така. Сето тоа на крајот од 80-те и
почетокот од 90те на минатиот век како бумеранг им се
враќа и се случува најлошото за нив - пред нив се распаднал целиот
тој систем кој го граделе со години, а кој не мислеле дека треба да
го одржат некако, поинаку. На крајот од овој процес на рушевините на
стариот систем почнува да се гради нов демократски ситем во кој како
едно од основните права е загарантирано токму ова право. Но, и овој
процес на како се вели „транзиција”, не поминува без
проблеми.
Поранешните властодршци никако да ја дадат власта и така како што
треба да ги дозволата промените.
Но, увидоа дека не можат веќе да работат така како што работеа во
нивното време и затоа за кусо време изнајдоа модус како медиумите
(ако не сите, тогаш мнозинството) да ги држат во свои раце, а со тоа
и да го диктираат јавното мислење.
Па така по навидум прогласената конкуренција во медиумскиот свет
ги направија сите потребни чекори да се осигураат дека тие,
медиумите, секогаш ќе им бидат верни, како некогаш.
Успеаја да ги задржат луѓето кои работеа за нив во минатото на
нивните позиции, а имајќи ја власта во свои раце безмалку од
осамостојувањето до 1998 година ги донесоа сите потребни законски
решенија кои се однесуваат на радиодифузната сфера и на сферата на
печатените медиуми. Потоа, имајќи го потребниот капитал за почеток
на ваков бизнис прво за време на нивното владеење, а особено од кога
на власт дојде Коалицијата за промени во 1998 година,
тие основаа доволен број медиуми кои и те како ќе им го обезбедат
нивното враќање по четири години.
И тоа се случи.
Се вратија на власт во 2002 година. И првото што го направија беше
да им се оддолжат на своите пулени и партиски војници во
новинарството кои толку неуморно цели четири години работеа на
нивното повторно враќање на власт.
Што направија. Сите кои свиреа на пародијата од протести пред
Министерството за внатрешни работи во времето кога министер во ова
министерство беше Братот Љубе Бошкоски, сега станаа
или портпароли на министерствата и други државни институции или
шефови на кабинети на функционерите од оваа власт. Сите тие на
големо пишуваа и зборуваа за тоа како еден од нив (Драган П.
Латас) добил поткуп - џип за својата лојалност кон Братот
Љубе Бошкоски, а никој од нив не ја коментира состојбата на
„новинарско функционерство“ што сега постои во Македонија.
Уште позаинтригирачки е тоа што фамозното Здружение на
новинари на Македонија како и да не постои, а да не
зборуваме за Асоцијацијата на приватни „независни” медиуми
(АПЕМ). Како сите тие да станаа органи на државната власт. И
по ова логичен е коментарот на една моја пријателка, која исто така
е новинарка, дека
ова здружение е „преименувано во Здружение на новинари кои не сакаат
да бират портпароли”.

Гледајќи
ги работите како стојат денеска, ова што се случува во нашава земја
е повеќе од мрак во јавонто мислење кое го дикритаат неколку медиуми
кои и тоа како се, не блиски туку сродни со сегашната владејачка
гарнитура.
Сите знаеме што нé чека ако вака продолжи. Изгледа сгашниве сакаат
да го направат тоа што во поранешна НР Бугарија,
како што погоре ви раскажав, го направиле тогашните властодршци.
Денешниот мрак најубаво го отсликува одговорот на поставено
новинарско прашање кое гласи: „Професоре дали мислите дека во
Македонија постои едноумие?”, а даден од, повторно ќе го
споменам, проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, а кој гласи:
„Господине јас
Ве мислев за поумен, па знаете едноумието во Македонија никогаш и не
престанало”.
Но, како што велат старите лек за сé има. Па така и за ова
има лек, ама бидете сигурни дека
лекот за разбудување на објективното новинарство сигурно нема да го
пронајде и употреби сегашнава власт затоа што тоа не и одговара
(па впрочем таа го најде лекот како да ги направи послушни
новинарите, а не како да ги остави да бидат објективни).
Лекот е се разбира прво оваа власт што поскоро да си замине од
местото кое и самата не знае зошто го држи, а досега успешно го
прави тоа. Потоа новинарите да се вратат таму каде што им е местото,
во своите медиуми, а не во државниот апарат. 
Да се запре наменското
создавање медиуми и да се создадат медиуми кои пред се ќе го
информираат, објективно и непристрасно народот и само нему ќе му
служат, се со цел да му ја презентираат правата вистина, а не
нечијата вистина. Најголемиот сеач на магла Македонската
национална радио и телевизија (популарното дувло за
скандали и разноразни местенки, или ако сакате монтировки
- МТВ) да се трансформира и да се претвори во вистински сервис на
народот, а не на власта - без разлика која и да била таа власт. И
ако сето ова се направи
да се надеваме дека работите ќе одат на подобро. Дотогаш ви
препорачувам што помалку да гледате телевизија, а особено нејзиниот
информативен дел и не форсирајте со дневните весници, туку
ориентирајте се на забавните списанија и часописи затоа што од овие
првите немате скоро никаков ќар (дури сега се и поскапи отколку што
беа).
Па со среќа во мракот на кој се надевам дека годинава („предвремено
или навремено“) сигурно ќе му дојде крајот…
Ω
г
о
р
е |