НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

           

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на теле-комуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

 

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

 

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

 

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

           

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на теле-комуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

 

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

 

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

 

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

 

целокупната Еncyclopedia Britannica со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1 минута!

 

триминутен телефонски разговор помеѓу Њујорк и Лондон  во 1930 година чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!

 

за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а компјутерот таа операција ја врши за само една секунда!

 

во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!

 

над 200 000 Срби (цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат на ООН!

 

во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се петоколонашки и шпионски)!

 

во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!

 

125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен ураниум!

 

постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

 

само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!

 

за само две години од окупацијата на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!

 

700 милиони $ годишно троши албанската мафија и  дијаспора за независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на политичари, обука, стратегија и слично)!

 

34 олигархиски групи ја контролираат целата економија на Руската Федерација!

 

земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -  со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

 

кај нас има гранични премини  на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!

 

90% од Холандските тинејџери  знаат да говорат на течен англиски јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!

 

во изминативе 100 години температурата на планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!

 

органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!

 

за да има напредок, раст и стопански развој на една економија и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и со релативно добри лични примања!

 

Бакингамската палата во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен, 2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно. Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В. Британија, кој пак живее на познатата  „Тен Даунинг Стрит“!

 

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

Ф Е Љ Т О Н

 

 

 

Весна АПАСИЕВА

 

 

Е К О Ц И Д

 

           

 

* * * во оваа рубрика Ви приложуваме извадок од книгата „ПРАВОТО, СИЛАТА И МИРОТ – МАКЕДОНИЈА И КОСОВО” од проф. д-р Светомир Шкариќ  * * *

             

(...Продолжeние од минатиот број...)

 

EKОЦИДОТ  ПРИ  NATO - АГРЕСИЈАТА  ВРЗ  ЈУГОСЛАВИЈА  (1999)

 

. . . Податоците  за екоцидот во  СР Југославија (денес „Србија и Црна Гора“) се алармантни. Тоа се гледа од бројни извори, вклучувајќи ги и изворите од официјалните лица на НАТО во Брисел. Во обвинителниот акт поднесен пред Европскиот граѓански суд во Берлин, на 2 јуни 2000 година, се констатира следново: ... „Со нападите врз постројките со многу опасни материи, државите на НАТО најблаго речено предизвикаа тешки еколошки штети на човековата околина со последици за здравјето и генетската структура на луѓето. Утврдено е загадување на земјиштето, водата и воздухот како последица на војната... Уништена е животната база на цел еден народ, причинета е голема и долготрајна еколошка штета...“. Во истиот документ се констатира употребата на отровни и свирепи оружја, како што се осиромашениот ураниум и касетните бомби. Вооружените сили на НАТО на Косово како и порано во Заливската војна користеле проектили со осиромашен ураниум и касетни бомби, кои од страна на Обединетите Нации се забранети за употреба. Констатирани се заболувања и генетски оштетувања кај луѓето, а особено кај децата, најверојатно, како последица на контактот со Ураниумот 238. Користењето на оваа муниција е нехумано и цинично. Тоа важи и за касетните бомби. Оваа муниција, која не детонира, го загадува просторот за долг временски период. За разлика од мините чиишто места се познати, касетните бомби лежат на непознати места во природата, во населените места и на патиштата. На Косово многу луѓе загинале од детонција на овие бомби, а многу од нив ќе гинат и натаму.

 

   Особено загрижуваат податоците за штетното дејство на проектилите со осиромашен ураниум. Во рамките на воздушните удари за целото време на војната  користена е ДУ - муниција, која содржи радиоактивни елементи од ураниумот (особено У - 238, но и У - 234 и У - 352). Одредени проектили се произведуваат за пробивање на оклопните објекти, а како изолација на проектилот се користи осиромашениот ураниум, скоро чист метал ураниум. Уранот 238, како тежок метал, со густина која е скоро двапати поголема од густината на олово може да пробие и објекти обвиткани со челик. За време на ударот се развива висока температура, а проектилот се деформира, со што се ослободува од 40 до 70% од радио-активната материја. За време на ударот, по пат на согорување, доаѓа до оксидација во екстремно мали честички. Овие честички се претвораат во чад, така што токсичните честички во воздухот се мешаат и се претвораат во прашина. Радио-активната прашина се таложи на големи простори, со што се овозможува продорот на радиоактивните материи во земјиштето и водата и на крајот во целокупниот синџир на исхрана. Тоа значи дека станува збор за оружје што предизвикува долгорочно оштетување на човековата околина и кое најмногу му штети на цивилното население. Времето на распаѓањето на У-238 изнесува околу 4,5 милијарди години.

  

 

Осиромашениот Ураниум најголемиот предизвикувач на канцерогени заболувања и тумори

 

 Идентични оцени за штетното дејство на ураниумот се содржани и во анализата на, македонскиот експерт од областа на нуклеарната физика, проф. Доне Гершановски - од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Овој нуклеарен физичар го тврди следново: „При бомбардирањето на цели во СР Југославија имаше масовна употреба на ова оружје, тоа се смета за најопасно за луѓето и за целиот балкански простор, затоа што може да настане радиоактивно загадување на поширокиот простор, а не само на просторот каде што се одвиваат борбените дејства. Затоа осиромашениот ураниум не може да се третира како конвенционално оружје... Ако се внесе во организмот ураниумот како и сите други тешки токсични метали предизвикува опасност од рак на белите дробови и дефекти на бубрезите. Ако навлезе во коските, ураниумот има штетно дејство врз системот на создавање на белите крвни клетки“.

 

  Штетноста на осиромашениот ураниум произлегува и од следниве факти:

- 100 грама согорен ураниум произведуваат еден килограм (1 kg) радиоактивен прав, а вака навлезениот прав во дишните органи не може со ништо да се отстрани;

- во човечкиот организам тој предизвикува алфа-зрачење со силно разорно дејство, предизвикувајќи мутагени и онкогени промени во ќелиите;

- ветерот може да го разнесе од едно до друго место, а правот го губи радиоактивното дејство дури по истекот на 4,5 милијарди години;

- ураниумските бомби зариени во земјата се отровни за водата, билките, животните и луѓето;      - санацијата и складирањето на ураниумскиот одпад е многу скапо и сложено дејство;

- САД располагаат со 500 000 тони осиромашен ураниум (кој е всушност нуклеарен отпад ) со кој не знаат што да прават. Токму од овој отпад се прави оружјето со осиромашен ураниум. Овој ураниум содржи три вида нуклеиди - У 234, У 235 и У 238. Овој ураниум се означува како „валкан ураниум“, за разлика од чистиот кој се добива од природниот ураниум.

*   Руските извори тврдат дека авијацијата на НАТО извршила 23.000 летови со удари врз 995 објекти и со фрлање на 25.000 тони експлозив и 3.000 крстосувачки ракети.

*   Германските извори тврдат дека се извршени 37.465 воздушни полетувања, со исфрлување на 20.000 тони бомби и ракети.

*   Британските извори тврдат дека се извршени 27.000 воздушни летови и дека се фрлени повеќе од 23.000 бомби и ракети.

*   Француските извори оперираат со проценти-  Франција изврши 2.000 воздушни летови или 10,9% од вкупниот број воздушни напади врз Југославија.

*   Југословенските извори тврдат дека се извршени 27.000 или 34.250 летови на борбените авиони, извршени се 2.300 удари, лансирани се 400 томахавк ракети и 130 ракети воздух-земја, 20.000 диригирани и 5.000 конвенционални бомби, фрлени се 22.000 или 79.000 тони експлозив и потрошени се 367.000 литри керозин.

 

Или, над СРЈ се извршени 25 200 борбени летови и фрлени се 25 000 тони експлозив. По интензитетот, употребената воена сила и последиците, тоа е најголема и најдрастична агресија по Втората светска војна.

Неспорно е дека со толку голем број воздушни летови и фрлени бомби врз Југославија тешко е оштетен системот на литосферата, хидросферата, биосферата и атмосферата на Југославија, но и еко-системот на многу поширок простор. Во овој случај, техносферата на 19 демократски земји опасно го загрози животот на луѓето и видно го нагрди убавото тело на Планетата (Gea). Тоа не смее да се премолчи, а уште помалку да се заборави - Gea е многу поважна од NATO и од 100 000 годишното постоење на Homo sapiens!

 

 

Косово - изрешетано од проектилите на НАТО-агресорите на чело со Соединетит Американски Држави

 

Непобитно е утврдено дека во војната на НАТО против Југославија, авионите А-10 на воздушните сили на САД, користеле муниција со осиромашен ураниум. Според податоците на војската на Југославија, околу 50 000 проектили со осиромашен ураниум се фрлени на 100 густо населени места во Косово, а 3 000 до 5 000 проектили се фрлени во Прешево, Бујановац, Врање и Црна Гора. Во овие места е регистрирано зголемување на радијацијата за 1 100 пати во однос на дозволеното ниво на контаминација!

На барање на Генералниот секретар на ООН, Кофи Анан, Генералниот секретар на НАТО - Џорџ Робертсон, во писмото од 7 февруари 2000 година потврди дека на Косово се фрлени околу 31 000 проектили со осиромашен ураниум. Најмногу осиромашен ураниум е фрлен на просторот Призрен - Дечани, на самата граница помаѓу Албанија и Југославија од една и Македонија и Косово од друга страна. Тоа се гледа од географската карта што Џорџ Робертсон ја доставил до Генералниот секретар на ООН - Кофи Анан, на 7 февруари 2000 година.

 

Користејќи ги податоците на НАТО дека во текот на бомбардирањето се исфрлени 31 000 проектили со осиромашен ураниум, македонскиот стручњак за нуклеарна физика, академикот Томе Бошевски, тврди дека во Југославија е фрлено гориво како да експлодирал еден реактор во централата „Кршко“ во Словенија. Под претпоставка дека секој исфрлен проектил тежи барем по еден килограм, значи дека се исфрлени 30 тони бомби со осиромашен ураниум!

Или, Југословенскиот стручњак за истражување на минерални суровини, професорот Иван Гржетиќ, тврди дека НАТО фрлил 31 000 проектили со осиромашен ураниум. Ако секој проектил тежи по 300 грама, тоа се вкупно од 10 до 11 тона осиромашен ураниум!

Во документите на Меѓународната конференција за осиромашен ураниум одржана на 4 и 5 ноември 2000 година во Манчестер (Велика Британија), се констатира следново: „Осиромашениот ураниум е отпадок од нуклеарната индустрија. Тој е густ радиоактивен и хемиски отров и се користи за правење муниција за пробивање на оклопни предмети. Кога гори или експлодира тој се шири со голем број милји во воздухот и се вдишува како нерастворлива радиоактивна прашина. Осиромашениот ураниум е активен 4,5 милијарди години!“. Тоа значи дека останува трајно присутен во човековата околина.

   За време на Заливската војна беа фрлени околу 320 тона на осиромашен ураниум, во Косово и Србија околу 10 тона, а во Босна во 1994/95 помала количина. Граѓаните и војниците од војните на Заливот и на Балканот изјавија дека се појавија канцерогени заболувања, нервни оштетувања и генетски аномалии кај нивните деца родени по завршувањето на овие војни.

 

 

Балканскиоти Заливскиот Синдром

кошмар  за НАТО војниците

 

Третиот милениум започна со шокантната вест за „Балканскиот синдром“. Досега 13 војници на КФОР починале од рак. Од нив пет се Италијанци. Италијанците загубиле и шест војници од СФОР во Босна поради леукемија. Шпанија, Белгија и Португалија започнаа со детални лекарски прегледи на своите војници. Досега леукемијата предизвикана од „Балканскиот синдром“ умреа седум италијански војници, пет белгиски, дваjца холандски, двајца португалски и еден чешки војник – од кои сите служеа во мировните мисии на Балканот!

  

 Од иста болест се лечат четири француски и исто толку белгиски војници. Членовите на стручниот тим за животна средина на Обединетите Нации – Клаус Топфер и Пека Хависто му забележаа на НАТО што не рече ни збор за опасностите што произлегуваат од осиромашениот ураниум. Премиерот на Италија, Џулијано Амато бара точни податоци за осиромашениот ураниум за да може да се одбрани од италијанските медиуми. Тој тврди дека алармот во Италија е легитимен: „Знаевме дека осиромашениот ураниум се користел на Косово, но не и во Босна. Знаевме дека опасноста е присутна само во апсолутно исклучителни околности како на пример, да се земе парчето со рака на којашто има отворена рана - додека во нормални околности мислевме дека тоа воопшто не е опасно. Меѓутоа, сега почнавме оправдано да се плашиме дека работите не се така едноставни“.

 

   Грчката влада, пак, одлучи да им овозможи на грчките војници да се вратат дома ако сметаат дека се изложени на опасност од последиците на осиромашениот ураниум. Грција  распореди на Косово 1 481 војник, а некои веќе изразија желба да ја прекинат должноста. Една третина од војниците кои побарале да бидат распоредени на Косово го смениле мислењето поради загриженоста околу оружјето со осиромашен ураниум. Над 100 од 328 војници кои требаше да заминат на Косово, од 15 јануари до крајот на февруари 2001 година, го информираа Генералштабот на армијата на Грција дека не сакаат да заминат во мировната мисија во оваа српска покраина.

   Алармот на европската јавност нагло се засили по об]авената вест во Велика Британија, на 13 јануари 2001 година, дека осиромашениот ураниум е причина за смртта на 400 лица во Босна и Херцеговина. Имено, репортерот на весникот  „Индепендент" - Роберт Фиск, тврди дека бомбите со осиромашен ураниум предизвикале најголеми последици во Босна и Херцеговина и дека досега тие се причина за смртта  на најмалку 400 лица, особено за животот на луѓето од местото Хаџиќи, во непосредна близина на главниот град Сараево. Ова место беше цел на американските авиони, но и на британската артилерија стационирана на планината Игман, чиишто гранати биле наполнети со осиромашен ураниум. Во гратчето Братунац, на левата страна од реката Дрина, почиваат 300 лица од Хаџиќи, умрени од рак, леукемија и други тешки болести предизвикани од осиромашениот ураниум. Гробиштата во Братунац претставуваат засега најтажен споменик на НАТО-бомбите со осиромашен ураниум. Роберт Фиск предлага на тие гробишта да стои натпис со големи букви: „Умрени од осиромашен ураниум“!

  

   Точноста на наведената вест ја потврди и агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на стручните наоди на Зоран Станковиќ - шеф на одделот за судска медицина на Воено-медицинската академија во Белград. Овој патолог, смртта на луѓето од Хаџиќи, дирекно ја поврзува со радио-активното дејство на осиромашениот ураниум. Познато е дека многу од Србите во Хаџиќи работеле во фабриката кадешто поправале тенкови и оклопни возила кои биле бомбардирани од НАТО во 1994 година. Во тоа време гранатите со осиромашен ураниум биле рециклирани и употребени за производство на панцири. Врз основа на 4 000 извршени аутопсии, патологот Станковиќ го тврди следново: „400-ни лица починаа од различни видови рак во последните пет години. Тие беа дел од заедницата со 4 000 Срби од Хаџиќи, во близина на Сараево, кои се преселија североисточно од Сараево во Братунац“.

   

 Италијанскиот министер за одбрана, Серѓо Матарела тврди дека во Босна се испукани околу 11 000 проектили со осиромашен ураниум. Поради тоа, италијанската влада побара Обединетите Нации да извршат истрага на осиромашениот ураниум и во Босна, а не само на Косово.

   Во врска со „Балканскиот синдром", американскиот експерт за атомско-биолошко-хемиска заштита, Даг Роки, отворено и со многу аргументи ја потсети италијанската јавност да не им верува на САД во врска со дејството на осиромашениот ураниум врз здравјето на луѓето. Даг Роки беше на чело на 20-сет члена екипа за чистење на зоната контаминирана со осиромашен ураниум за време и по Заливската војна во Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија. Пред да пристапи кон извршувањето на задачата, Роки добил писмено известување од највисоките американски воени  власти дека зоните што се бомбардирани со проектилите наполнети со осиромашен ураниум се многу опасни за здравјето на луѓето и дека при чистење на зоната е неопходна посебна здравствена заштита. Во врска со тоа Роки изјави: „Ние се придржувавме кон пропишаните правила за заштита, но и покрај тоа, неколку години по слични мисии во Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, кај сите членови на екипата, вклучувајќи ме и мене, се појавија различни видови на канцерогена паталогија. Во меѓувреме двајца членови на екипата умреа од рак“.

   Роки го опишува и односот на американските воени лекарии на Пентагон спрема болестите на неговата стручна екипа, велејќи: „За да биде поголема иронијата, кога почнавме да се жалиме на разните симптоми на болеста, американските воени лекари не убедуваа дека тоа не е сериозно, а Пентагон истовремно тврдеше дека никој не умрел и дека никој не е болен. По неколку години, разните облици на рак и „Заливскиот синдром“ ги зафатија повеќе од 100 000 американски војници и членовите на нивните семејства“.

   Знаејќи го штетното дејство на осиромашениот ураниум, на 16 април 1999 година, Даг Роки писмено го известил претседателот Бил Клинтон да не ги користи проектилите со осиромашен ураниум во Косовската војна. Меѓутоа, неговото барање не беше прифатено, иако беше поткрепено со неговото нарушено здравје. Како резултат на тоа, Роки се обрати до италијанската јавност со следнава молба: „Затоа Ве молам сега да не им верувате на американските истражувања во врска со штетноста на осиромашениот ураниум. Поради вистината, истражувањето морате да го спроведете сами, како и останатите европски држави, но без САД и без НАТО".

 

 

Барања за стопирање на употребата на т.н. Валкан Ураниум

 

   Во јануари 2001 година, тоа веќе го направи Антивоената група на италијански научници. Оваа група го тврди следново: „Осиромашениот ураниум е опасен и штетен радиоактивен елемент. Тој е користен во војните во Ирак, Босна и Косово; осиромашениот ураниум е голема опасност за војниците и цивилното население на Балканот и не се во право италијанските власти кога тврдат дека оружјето со осиромашен ураниум не е забрането со меѓународното право“.      

   На Балканот, како што веќе видовме е користен „валканиот ураниум". Тоа е ураниум кој се рециклира од нуклеарниот отпад. Користењето на овој ураниум е потврдено и од страна на Обединетите Нации. Раководителот на стручниот тим на ООН за заштита на човековата средина – Пека Хависто, тврди дека ...„муницијата од осиромашен ураниум користена во Косовската војна содржи и траги од плутониум. Не е тајна дека по одвојувањето на плутониумот од ураниумот секогаш се јавуваат траги од плутониумот кој е 200 000 пати порадиоактивен и милион пати потоксичен од ураниумот. Плтутониумот е збогатен ураниум, кој не се јавува во природен облик туку доаѓа од нуклеарните електрани во преработена форма“. 

  

   По објавувањето на оваа вест, Министерот за одбрана на Германија – Рудолф Шарпинг, даде налог на еден германски научен институт да го утврди степенот на загаденост на земјиштето и водата на Косово. Германија е вознемирена од употребата на муницијата што го содржи отровниот плутониум: „На американскиот амбасадор, Џон Корнблум, му реков дека не е во ред што сите партнери на НАТО не се подеднакво информирани“.

 

   Европскиот Парламент во Стразбур, на 16 јануари 2001 година, со 394 гласа донесе Резолуција за забрана на оружјето со осиромашен ураниум. Со овој акт, европските парламентарци бараат од НАТО и од Европската Унија да прогласат мораториум во употребата на муницијата со осиромашен ураниум. Во парламентарната дебата, европскиот Комесар за животна средина – Маргот Валдстрем изјави: „Треба да се истражува повеќестраниот коктел-причинител, а не само издвоено да се проучуваат последиците на производството и употребата на проектилите со осиромашен ураниум“.

   Главниот обвинител на Хашкиот трибунал – грдата и озлогласена Карла Дел Понте, ја отвори можноста за одговорноста на НАТО: Доколку целосните резултати покажат дека употребата на осиромашен ураниум во оружјето на НАТО има директна врска со загрозеното здравје на војниците и на цивилите, ние веднаш ќе почнеме со истрагата“.

        За разлика од Лујза Арбур, Дел Понте покажа знаци на поголема објективност: „Оружјето со осиромашениот ураниум спаѓа под наша јурисдикција. Доколку се покажат основани тужбите и стравот покажан овие денови, тогаш станува збор за воено злосторство, што е во надлежност на нашиот Трибунал, врз основа на членот 55 од Женевската конвенција од 1949  година. Отворено говорејќи, бевме повеќе загрижени поради опасностите што ги предизвикува осиромашениот ураниум како тежок метал. Сите тешки метали, како и оловото на пример, можат да бидат отровни, ако случајно влезат во крвотокот на луѓето. Другите ризици се минимални“.

       

   Партијата на зелените во Италија бара забрана на оружјето со осиромашен ураниум, бидејќи тоа оружје спаѓа во групата отровни оружја. Овој вид оружје е забрането со Женевската конвенција од 1980 година. Оваа Конвенција ја забранува употребата на сите конвенционални оружја што предизвикуваат „трауматски ефекти“.

 

   За претседателот на СР Југославија - Воислав Коштуница (актуелниот Премиер на Србија и Црна Гора), не постојат дилеми. Според него, употребата на осиромашениот ураниум претставува злосторство и морален пад на НАТО. За овој легалист не е спорно штетното дејство на осиромашениот ураниум: „Независно од тоа колку се обидуваат да не убедат дека ураниумот не е штетен за здравјето на луѓето, јасно е дека таквото тврдење претставува чиста глупост и е израз на налудничавиот морален пад“.

 

   Англискиот новинар Роберт Фиск открива дека во американските документи пишува дека осиромашениот ураниум е штетен за здравјето на луѓето. На пример, во Меморандумот на американскиот потполковник М. В. Зимн – напишан по Заливската војна се тврди дека бомбите со осиромашен ураниум се штетни и дека треба да се употребуваат се додека не се пронајде нешто подобро. Во овој документ посебно се укажува на еколошките штети кои се политички неприфатливи. Овој потполковник бара голема внимателност кога се пишува за последиците од ова оружје.

   Руските научници од Институтот за биохемиска физика при Руската академија на науките во Москва, тврдат дека се неприфатливи категоричките изјави на Пентагон дека муницијата од осиромашениот ураниум не е опасна. Неодамна спроведени истражувања во регионот на Чернобил покажуваат дека  слабите дози на радијација го забрзуваат порастот на малигните тумори.

   Заменик директорот на Институтот за биохемиска физика - Елена Бурлакова, тврди: „Механизмот на дејствувањето на малите дози на радијација е поинаков од големите озрачувања. Кај големите дози организмот сам почнува да се брани. Во случај кога организмот е озрачен со мали дози, заштитните системи на организмот не реагираат благовремено“.

Особено опасна е комбинацијата на осиромашениот ураниум и влијанието на разните хемиски отрови и гасови. Голема опасност е и хепатилот кој се користи како гориво за старите модели на ракетите „Томахавк". Руските радиолози без двоумење тврдат дека „Балканскиот синдром" е реалност и дека е опасно да се минимизираат неговите последици. Тие тврдат дека последиците од овој синдром допрва ќе се почувствуват.

 

 

Креаторите на новиот еколошки фашизам!

 

   Професор Јохан Галтунг – пацифист и основач на мировните студии на светско ниво, употребата на оружјето со осиромашен ураниум ја квалификува како државен тероризам: „Јас сум многу внимателен кога го користам зборот тероризам, бидејќи овој збор прв го употребил нацистот Гебелс за време на Втората светска војна во случајот со партизанското војување во Југославија. Постои индивидуален, групен и државен тероризам. Државен  тероризам е фрлањето бомби со осиромашен ураниум“.

 

 

 г о р е