✍
Тина ТЕОВСКА
©
Во оваа нова рубрика, којашто за прв пат стартува од овој број на
МАХАТМА, редовно ќе Ви претставуваме по неколку врвни остварување од
светот на Седмата Уметност Филмот, кои по многу нешта се
разликуваат од клишето на Холивудските комерцијални изданија кои ја
окупираат светската сцена промовирајќи кич, шунд, насилство,
фетишизирање на парите, насилството и садо-мазохизмот.
Ете затоа почитувани, за да не заглавите во овој вител на искривени
вредности, ние преку оваа рубрика ќе се потрудиме да Ви презентираме
добри филмски остварувања кои заслужуваа да одвоите барем малку
време и на раат да си ги изгледате...
P.S.
Нашето мото е: Одбрани филмови, за одбрана публика !
S
t i g m a t
A
Што ли ни проповеда официјалната
Црква?
Филмот
Стигмата
е снимен и комплетно направен во 1999 година, во продукција на M.G.M.
Studio
и
FGM Entertaiment.
Режијата
на ова одлично филмско остварување на оваа т.н. Седма уметност е
Rupert Wainwright;
продуцент
е Frank Mancuso Jr.;
сценариото
е на
Tom Lazarus,
а пак
музиката
ја направи Billy Corgan (кој своевремено беше фронтмен на
познатата underground група Smashing Pumpkins).
Главните улоги
ги толкуваат: Patricia Arguette во улогата на Frankie
Paige (обична фризерка која не верува во Бога, односно е
атеист); потоа Gabriel Burne во улога на Andreњ
Kiernan (отец т.е. католички свештеник кој ги истражува
паранормалните религиозни феномени) и Jonathan Pruce како
негативецот cardinal Housemean (претпоставен на отец Ендрју
од редот на кардиналите во Ватикан).
Во
споредна улога,
како padre Marion Petrocelli, се појавува барем за нас
добро познатиот актер од Балканот - Раде Шербеџија, кого
најмногу го помниме од филмот Пред дождот (Before
the rain) на нашиот
најпознат македонски филмски режисер на сите
времиња - Милчо Манчевски.
Покрај неговите успеси во американските и светските кино сали,
филмот доби огромни негативни критики, напади, забрани и цензури од
официјален Ватикан
и Западната Римокатоличка Црква.
Стигмата
е базиран на еден таен документ наречен
Тhe gospel of St. Thomas
(скришните зборови на живиот Исус)
и на искуствата на отец Пио Првиот (padre Pio I) кој бил
опседнат од Стигма (здобивање со рани идентични на раните на нашиот
Господ Исус Христос). Но, постојат податоци дека Свети
Францис кој живеел во Азиси во XIIIот век бил
првиот кој добил Стигми.
Филмот започнува со смрта на отец Аламеида (кој го глуми
Jack Donner) и со статуетата на Богородица на која и
течат солзи од врела, човечка крв. Дејството во филмот
Стигмата
се одвива во денешно време - современиот свет во кој живее
Frankie Paige. Нејзината личност се карактеризира како
современа девојка со современ начин на живеење во кој нема, ниту пак
се почитува било каква религија.
Неочекувано како подарок од нејзината мајка која се наоѓа на одмор
во Belo Qyinto во Јужен Бразил и стигнува еден
навидум обичен ѓердан. Таа го купува од едно младо момче во
туристичкото место, но ни таа ни Френки не знаат дека тој ѓердан
всушност му припаѓал на отецот Аламеида кој штотуку почина и сеуште
не бил погребан.
По
стигнувањето на герданот Френки станува опседната од духот на отец
Аламеида и ги добива раните на Исус Христос т.е. стигмите.
Првата рана
(или поточно рани во множина) се убоди во рацете но, не во
дланките туку над дланките - затоа што се претпоставува дека
Римјаните во Стариот век токму на тој начин ги распнувале осудените
на смрт, како најтешка тогашна казна која се карактеризирала со
бавно и болно умирање и тоа затоа што дланките не би можеле да го
издржат товарот на телото и веројатно многу брзо би се расцепиле.
Втората рана
е раната од камшикувањето на Христос. Тоа и се случува во воз
во којшто има поставено камери, па всушност така и стигнува
информацијата до Ватикан, односно до кардиналот Housemean за
тоа дека се појавиле стигми кај некоја млада атрактивна девојка во
Соединетите Американски Држави. Тогаш отецот Ендрју е
испратен од Ватикан во САД за да дознае дали се работи за
вистински симптоми на стигма или сето тоа е уште една голема и
вешто осмислена лага. Тој е постојано со Frankie и се обидува
да открие која е причината за нејзината опседнатост, како и
вистинската причина појавата на стигмите на нејзиното тело.
... Додека го гледате овој филм имате чувство, или пак посакувате и
Вас да ви се случи таков
религиозен феномен
- бидејки стигмата е прикажана како благослов од Божјиот Син
а, не како мачење.
Тајните зборови на кои се базира оваа приказна се откриени во 1945
година во местото Наг Хамади. Светите луѓе што го
превеле овој документ, кој како што споменавме предходно е познат
како
Тhe gospel of St. Thomas
се: Padre Delmonico, Padre Alameida и Padre Marion.
Ватикан
и до ден денес одбива да го препознае или прифати документот, и тој
е опишан и анатемисан како кривоверство односно ерес
или учење што е надвор од официјалната доктрина и догма која ја
проповеда Црквата самопрогласен намесник на Бога на Земјава.
Дел од
Тhe
gospel of St. Thomas
т.е. попознат како последните зборови на Исус Христос,
за тоа како треба да продолжи вербата на луѓето кон Светото
Тројство на Отецот, Синот и Светиот Дух се
следниве:
. . . Кралството Господово е во тебе и насекаде околу тебе, а не
во градби од дрво и камен. Отцепи парче дрво и Јас сум таму, подигни
камен и ќе Ме најдеш. Ова се тајните зборови кога живиот Исус
прозборе. Кој ќе го открие значењето на овие зборови
нема да ја
вкуси смртта
. . .
Trainspotting
Колку ли возови ќе изброиме?

... Избери живот.
Избери работа.
Избери сопатник.
Избери семејство.
Избери ебен голем телевизор.
Избери машини за перење, автомобили, компактни CD плеери и
електрични мали отворачи.
Избери добро здравје - помалку холестерол и осигурување на забите.
Избери си ги другарите и пријателите.
Избери лесна облека и помалку багаж.
Избери го денот и прашувај се кај по ѓаволите си ти во недела
наутро.
Избери седење на кауч гледајки матење на умот, уривање на духот,
игри, шоуа и пикај си проклето ебена храна во уста.
Избери ја твојата иднина.
Избери живот
Но, зошто воопшто би сакал да избирам такви работи.
Јас веќе избрав да не го изберам животот. Јас избрав нешто друго.
- А причината? - Нема причина. На кого му треба причина кога има
хероин!?
Луѓето мислат дека се е во мизеријата и очајот, во смртта и во
сето тоа срање, што секако не е за игнорирање. Но, тоа што го
забораваат е задоволството - инаку ние не би го правеле сето тоа.
Но, и покрај се
ние не сме ебено глупави, не не ние ни најмалку не сме ебено глупави.
Помисли само на најдобриот оргазам што си го имал. Кога си на
хероин имаш само една грижа Р Е З У Л Т А Т, а кога не си
одненадеж си обврзан за сι и, пак, се грижиш за сите срања..
Немаш пари - не можеш да пиеш; имаш пари - премногу пиеш!
Мораш да се грижиш за сметки, за храна, за некој фудбалски тим кој
никогаш не победува, за човековите љубезни односи и за сите работи
кои навистина не те интересираат кога имаш само една мисла - ХЕРОИН.
* * *
Приказната во филмот
Тrainspotting
(или ако сакате Броење
возови)
е за
петмина пријатели
- од кои четворица се зависници од дрога а, пак, петтиот е психопат.
Овој брилијантен филм ни ја раскажува нивната животна приказна и
нивната битка за откажување од дрогата. Фокусот и умот во приказната
е Mark Renton.
Се нaдевам дека ова ќе Ви биде доволен повод за да го гледате овој
филм (доколку, се разбира, досега го немате гледано).
Животот на овие петмина пријатели ќе ве натера да се замислите што
може да направи од вас порок каков што е
ДРОГАТА.
Но, не само тоа ќе ве натера да се задумате околу тоа
колку здодевен е тривијалниов живот кој го живееме, како современово
општеството полекa го губи тлото под нозете во одржувањето на здрави
општествени односи
итн.
Главните
улоги
во овој филм ги играат: Ewan Mc Gregor во улога на јунакот на
приказната Mark Renton; потоа Ewan Bremner -
како Spud; Jonny Lee Miller во улогата на
Sick Boy; Kevin Mc Kidd како Tommy
и на крај Robert Carlule Begbie; Kelly
Macdonald како Diane и Irvine Welsh во
улога на Mikeu Forrester.
Режијата
е на Danny Boule, а
сценариото
е напишано од Irvin Welch.
Ω
г
о
р
е |