|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300
долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30
000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе
од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
теле-комуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
|
✍
Мане МАНУШЕВ
©
Борба
за возвишување или бесмртност на тлото на златната средина
!?
(компарација на „Дуински елегии“ од Рајнер Марија Рилке и
поезијата на античкиот творец Солон)
Треба да признаеме дека во многу прилики поезијата е ангажман на
душата.
Б а ш л а р
Едно од својствата и функциите на поезијата е спознајната моќ
да се осознаат феномените на природата и на животот и тие сознанија
да се претворат во одреден облик со уметнички карактер. Имено,
станува збор за уметничко спознавање на одредени нови, необични,
иманентни начини на соопштување на надземните случувања и фиктивните
замисли во значајна мерка.
Поетските вистини можат да бидат јасно дадени при што се работи за
толкување на поопштите вистини кои произлегуваат од објективната
вредност на поетското сознание кое е во непосредна зависност од
духовната структура на емотивно-интелектуалната природа на човекот.
Со поетската мисла, создавањето на лириката, претставува
една соопштена вистина-заблуда, која најчесто е одредена со
многузначаен карактер. Компаративно следејќи ги делата на
античкиот елегичар Солон и познатиот германски симболист
Рајнер Марија Рилке, особено преку неговото дело „Дуински
елегии“, можно е да се забележи дека и во двете поетски
остварувања постои одреден сооднос со значајно примарно постоење -
постоење на поими кои се во потајна движечка положба. Воспоставен е
нагласок за феноменолошки пристап кон предметите и појавите што се
набљудуваат, дефинираат, разоткриваат, што се сакаат.
Исто така постои и хармоничност во тенденцијата на одреден начин да
се протолкува светот, суштината на животот, создадената селекција на
елементите, неживите и живите, материјалните и духовните постоења, и
се она што претставува одредена функција на поетската идеја. 
Нивните поетски остварувања во целосност на своето постоење ја губат
оската во која се одмерува и покажува личниот карактер, тежината и
величината на песните и едноставно вниманието на читателот е
привлечено кон сосема друга траекторија што во дадени случаи е и од
голема важност за тој што треба да го апсорбира поетското дело.
Рилке и Солон успешно ги покажуваат најкарактеристичните својства и
детали за да ја изразат целината, за да ја создадат продлабочената
вистинска субјективизација на сопствените творби.
И во двете дела постојат обемни лирски настојувања што можат да
се однесуваат на Човекот како физичко суштество, или на
неговата душевна состојба. Постоечка е идејата за јавност на
поимите, индивидуално постоење на таа идеја, и исто такво доживување
на поетската мисла. Особено е важно кога би се направило издвојување
на стремежот што отсекогаш претставувал исконско обележје на еден
висок поетско-лирски систем. Лирскиот исказ вовлекува со својата
магнетна способност кон доживувачката сфера на субјектот кој се
наоѓа во положба на постојана преобразба, еден момент елиминиран, а
друг стекнат низ поетската функција:
...Јас
не ги сакам оние наполу исполнети маски
(Елегија,
IV)
...Така стареам јас, многу учејќи сам.
(Солон)
Забелешката би била дека евидентно е обраќањето во прво лице
еднина, обраќање на лирскиот субјект не само кон објективизираната
лирска концепција туку и кон самиот себе си.
Во многу прилики во поезијата, во самата лирика, одредени
сознанија остануваат осамени; одредени пристапи се забележливи ако
се направи и воспостави однос на сличности во творештвото, се со цел
да се разголи набљудуваното уметничко остварување, поетскиот
предмет.
Естетиката
која е присутна во творбите на Рилке нема само цел да ги разубавува
или да ги подобрува дисхармонијата, злото и трагичното, туку да ги
покаже така како што вистински изгледаат:
...јас би се оттргнал од битието,
зашто убавото не е ништо друго
туку на грозното почеток...

Атињанинот Солон со искрени артистички пристапи, задоволување на
смелоста на идеите, брани едно прераснување на елегискиот свет во
циклусен однос на универзално-индивидуалното разложување на
реалното преку специфичните особини на лирскиот објект:
„гледате само јазик, блескаво цените слово/ добар не гледате чин,
слепи за доблеста сте“.
Поврзувањето на далечните и спротивставени пола, сликовито
кажано, доведува до начин на вистинска смелост на поетскиот чекор и
неговата уметничка вредност. Тоа е одново претставено низ
вистинските превземања на она кое за човекот и сите други лирски
објекти, или лирски субјекти, независно, претставува едно космичко
прашање кое има за цел да ги достигне егзистенцијалните тајни и да
ги протолкува на едно стварно, повисоко, надземско рамниште, иако
сето тоа треба да биде јасно оформено и да го претстави радикалниот
пресврт.
Рилке
и Солон, во еден момент на еден сличен начин го презентираат
просторот помеѓу есенцијата на предметот и личното битие,
остварувајќи еден поетски маневар од личното и интимното до
колективното.
Не е ништо таинствено ако се напомене дека од најраните почетоци
човечката древна цивилизација како колектив, па и самото
индивидуално битие ги поставувало стремежите за одвојување на
божјото место, разрешување на суштината на неговото постоење, па
нема да претставува ништо ново доколку се каже дека и двајцата
автори, едниот антички - ги зачнуваат постоечките прашања на
човековата личност. Самата поетска слика има посебен карактер
кој кореспондира со конкретни предмети од појавната стварност, од
физичкиот и материјалниот свет, но има и испреплетување на
интуитивното со рационалното, циничното и трагичното.

Покрај тоа што се засновани на необични стихови, не повлекуваат
промена во значењето на зборовите и не доведуваат до одредена
семантичка отстапка:
„кој од редовите ангелски / кога би викнал ќе ме слушне“
, за на целото такво прашање од страна на лирскиот субјект во
„Елегиите“ на Рилке, со блескотот на креативноста, сублимирањето
на поетските феноменални идеи, Солон да се обрати како ист таков
лирски субјект, но овој пат доследен на своето време со молба на
едно нежно, очекувано осамено срце:
„на Мнемосина и Ѕевса Олимписки прекрасни чеда,/ музи, пиериски
хор, слушнете молитвен глас!“.

И двајцата автори се репрезенти на новиот и сопствен тематски круг,
и да не е разликата во епохите би можеле да се сметаат за една
целост. Ова сознание го поткрепува фактот на тематската сродност, ја
поткрепува и сличноста на планот на изградениот поетски модел на
пристапот и на обликувањето на темите и другите поетски материи. Во
двете компарирани дела е видлив еден целосен и оформен поетски
индивидуалитет во просторот каде има одблесоци од она што се
нарекува доблест, чин на постигнување совршенство, внесување на
одредени иновации во човековиот свет, и негово толкување во
прегратката на реалното и допирливото, исполнето толкување со
емотивност, со симболика кај Рилке, но и внимателен показател на
прикажувањето од страна на лирскиот субјект на едноставното,
осмисленото и суштественото.
Дуинските елегии
на Рилке започнуваат со нота на разочарување, што доаѓа од
сознанието дека човекот е далеку од Ангелот, иако тој кон него
постојано се стреми. Но, ангелот е недостижен, па кога е тоа така
има ли воопшто смисла да се насочи стремежот кон него, а ако тој во
одреден случај и не презира тогаш навистина божјиот војник изгледа
страшно:
„доволно неусилно не презира и сака да не уништи,/ секој ангел е
страшен “.
Ова кај Солон може да се каже како Бог, возвишен, убав, бескраен -
чие олицетворение е недостапно за човекот, и тогаш се поставува
прашањето: Каква е смислата на човековото постоење?
Солон ќе напише:
„нема од смртниците ниеден блажен, туку сме сите/ смртен и несреќен
род, сончев што гледаме сјај !“.
И двајцата автори посочуваат на човековите доблести, поразот на
луѓето од ангелите или боговите, по што човекот живее во инертна
состојба, толкува се околу себе, свет во кој има „некое дрво на
падинката“, „некоја улица од вчера“, но е без моќ да се
протолкува себе си. Солон посочува на одмаздата, ништожноста,
сликата на реалноста во антиката (за жал многу поморничава и
софистицирана денес), а Рилке ја објаснува на живописен начин
истата оживеана слика преку еден идентитет, микро-космичка
особина која има за цел во активен механизам да ја покаже
стварната објективност, универзалната претставеност на човекот и
светот. Рилке ја бара смислата на човекот преку духовната
карактеристика-ангелот, но често ја споменува и куклата
(симбол на материјалното), дали тоа се предомислува бидејќи ангелот
не му го посветува бараното внимание (ангелот може да ја симболизира
и неговата сакана, но тоа би го примениле на друга тематска
единица), не сака или не е во можност да го почуе егото на Рилке па
тој сето свое внимание го насочува кон куклата:
Повеќе ја сакам куклата. Таа е полна.
Сакам
да го издржам човечето-кукла
и жицата и неговото лице направено од изглед
Но, Рилке и Солон видливо ја бараат суштината преку ноќта,
љубовта, песната, херојот, поетот, за на крај да се појави смртта.
Ноќта е време кога со човекот царува неговиот ИД и тогаш тој
станува посвесен за себе си, бидејќи
„чудните мисли идат и одат, но почесто остануваат ноќе“.
Тогаш се појавува вистинската носталгија, ноќта е време за љубов, и
тогаш чевекот може да ја почувствува и својата мисија на Земјата:
ако веќе не може да биде рамен на ангелот или на бога, тој може да
биде поет!
Природата е застапена како мошне, исклучително и важно
разрешување на поетските слики, и таа истата со сопствениот од
одржува еден точно одреден ритам.
Рилке
трага по вечното и се обидува тоа да го бара во љубовта. Тука е
присутен спојот на сила и нежност, исто и кај Солон каде се
се расипува кога човекот се потчинува под законитостите кои се во
спротивност со вселенските.
Ω
г
о
р
е |