НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

10-те најголеми фирми од областа на телeкомуни-кациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

најголем број затрвореници има во „нај-демократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

целокупната Еncyclopedia Britannica со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1 минута!

триминутен телефонски разговор помеѓу Њујорк и Лондон  во 1930 година чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!

за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а компјутерот таа операција ја врши за само една секунда!

во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!

над 200 000 Срби (цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат на ООН!

во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се петоколонашки и шпионски)!

во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!

125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен ураниум!

постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!

за само две години од окупацијата на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!

700 милиони $ годишно троши албанската мафија и  дијаспора за независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на политичари, обука, стратегија и слично)!

34 олигархиски групи ја контролираат целата економија на Руската Федерација!

земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -  со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

кај нас има гранични премини  на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!

90% од Холандските тинејџери  знаат да говорат на течен англиски јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!

во изминативе 100 години температурата на планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!

органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!

за да има напредок, раст и стопански развој на една економија и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и со релативно добри лични примања!

Бакингамската палата во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен, 2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно. Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В. Британија, кој пак живее на познатата  „Тен Даунинг Стрит“!

во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на Аљаска на САД  и тоа за само 7,2 милиони $!

по падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени околу 1 200 000 професионални разузнавачи на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа формираат паралелни системи во подземјето (мафијата)!

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

К О Н С Т И Т У Т И В Н И   А К Т И

Редакција на  М А Х А Т М А  ©

   Врз основа на член 20, став 3, алинеја 7 од Статутот на Асоцијацијата МАГНА КАРТА - Собранието на Асоцијацијата на својата редовна седница одржана на ден 25 февруари 2005 година ја донесе следната:

  О Д Л У К А 

за основање

 Комитет за мир, солидарност и антиглобализам” -

како постојано работно тело во склоп на

  Асоцијацијата МАГНА КАРТА

член 1

          Со оваа Oдлука се основа ново постојано работно тело кое ќе функционира во рамки на Асоцијацијата МАГНА КАРТА.

           Целосното име на ова тело е: Комитет за мир, солидарност и антиглобализам (во понатамошниот текст - Комитетот).

член 2

          Целите и задачите на овој Комитет мораат да бидат во согласност со Статутот на Асоцијацијата МАГНА КАРТА.

           Цели на Комитетот се:

*   да придонесува за развојот на младите луѓе во достигнувањата на нивните потполни физички, интелектуални, општествени, културни, социјални и духовни можности - како поединци и слободни индивидуи;

*   да иницира, поттикнува и организира: дебати; конференции; семинари; натпревари; обуки; изложби; поетски читања; ораторски средби; панел дискусии; еко-хепенинзи; трибини; јавни протести или граѓански маршеви за актуелни и стратегиски прашања од областа на геополитиката, образованието, студентскиот стандард, (контра)културата и останатите суштински општествени и социјални проблеми;

*   да го афирмира меѓународното пријателство и дијалогот меѓу луѓето, заснован врз принципите на рамноправност, недискриминација и меѓусебно почитување;

*   да се залага за поврзување и соработка со сродните младински, синдикални, антиглобалистички и други организации, мрежи или движења ширум светот;

*   да издава интернет-списанија, периодични весници, брошури, флаери, фанзини, постери и останат пропаганден материјал - кој ќе има за цел да им укаже на луѓето на вистинските вредности кои исчезнуваат пред налетот на светскиот процес на глобализација;

*   да укажува на штетните последици од унифицирањето и интегрирањето на Р. Македонија во евро-атлантските стуктури;

*   да поттикнува и практикува меѓурелигиски дијалог;

*   да води жестока легална и институционална борба против сите појавни облици и форми на кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот, а пред се од страна на органите на државната власт;

*   да ја развива филозофијата на пасивен отпор на нејзините членови кон сите облици на општествени вкалапувања на прогресивниот слободоумен дух;

*   да ги афирмира идеите и концептите на мир, соработка, пријателство, антимилитаризам и пацифизам во меѓународните односи и комуникации меѓу луѓето и државите;

*   да се залага за остварување на правичноста, како највисока вредност во сите сфери на општественото живеење и

*   да се бори против сиромаштијата и суптилните форми на неоколонијализам.

член 3

          Со Комитетот  упавува Раководител, кој го бира Собранието на Асоцијацијата.    

          За прв раководител на Комитет за мир, солидарност и антиглобализам се именува лицето Димче Апасиев, кој живее на улица: Вера Циривири број 21 во Велес.                        

член 4

           Оваа Oдлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

    Врз основа на членовите 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации  (Службен Весник на Република Македонија број 31, од 2 јули 1998 година) Основачкото Собрание на „Асоцијацијата МАГНА КАРТА” од Велес,  на својата конститутивна седница одржана на  8 декември 2004 година го донесе следниот:     

 С Т А Т У Т

на Асоцијацијата  МАГНА  КАРТА

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 Член 1

     Асоцијацијата МАГНА КАРТА (во понатамошниот текст Асоцијацијата) од Велес е здружение на граѓани,  формирано со слободно здружување на граѓани заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања.

     Асоцијацијата МАГНА КАРТА е доброволна, неполитичка, невладина, непартиска, непрофитна и самостојна организација отворена за сите граѓани на Р. Македонија, без оглед на нивната верска, национална, етничка, полова, расна, политичка или социјална припадност.

Член 2

   Асоцијацијата, како здружение на граѓани - своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот и законите на Р. Македонија, со овој Статут, како и со други законски и подзаконски акти кои регулираат материја од оваа област.

Член 3

     Називот на здружението на грагани е: “Асоцијација Магна Карта”.

     Седиштето на Асоцијацијата е на ул: Димитар Влахов 64 - 1400 Велес.

     Меѓународното име на Асоцијацијата е: Association Magna Carta. 

     Асоцијацијата делува на територијата на Република Македонија.

 Член 4

     Асоцијацијата има статус на правно лице, со обврски и одговорности кои произлегуваат од Законот и овој Статут, и за своите обврски одговара со средствата со кои располага.

     Асоцијацијата има свој печат и штембил.

     Печатот е со тркалезна форма и го соджи името: Асоцијација Магна Карта и меѓународното име Association Magna Carta.

     Штембилот е правоаголен, со следниот текст: Асоцијација Магна Карта, број датум и место.

II. ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ  И НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ

Член 5

     Граѓаните се здружени во Асоцијацијата заради остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:

*   да придонесува за развојот на младите луѓе во достигнувањата на нивните потполни физички, интелектуални, општествени, културни, социјални и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на Асоцијацијата

*   да развива и поттикнува кај своите членови интересирање и склоност кон модерните текови на науката, техниката и технологијата, културата, уметноста; спортот и граѓанското општество

*   да иницира, поттикнува и организира дебати, конференции, семинари, натпревари, панел дискусии или јавни трибини за актуелни прашања од областа на образованието, културата, спортот, социјалата, студентскиот стандард и останатите тековни проблеми, кои во даден период ја засегаат и преокупираат македонската студентска, средношколска и поширока јавност

*   да допринесува за духовно, интелектуално и културно издигнување на своите членови, како и на останатите млади луѓе во Р. Македонија (студенти и средношколци) - преку иницирање и организирање на разни манифестации, концерти, ликовни колонии, изложби, поетски читања, конкурси, проекции, мултимедијални проекти, дизајн или еко-хепенинзи, кои ќе послужат во целост да се искористат сите авангардни, креативни и потенцијални можности на секој млад човек

*   да се залага за почитување на основните права и слободи на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право и гарантирани со Уставот на Република Македонија, со што ќе го даде својот придонес за остварување на идејата за владеење на правото и концептот на правна држава

*   да презема акции и активности со кои ќе ја поттикне личната иницијатива и креативноста кај младите луѓе и ќе ги поддржува сите позитивни барања, иницијативи, предлози и петиции на студентските, средношколските и останатите младински организации и здруженија

*   да го афирмира меѓународното пријателство и дијалогот меѓу луѓето, заснован врз принципите на рамноправност и меѓусебно почитување, а за таа цел ќе се залага за поврзување и соработка со сродните младински организации во Р. Македонија и надвор од неа

*   да поттикнува и помага меѓународната соработка и развојот на економските субјекти со примена на современи информатички технологии

*   да влијае врз подобрувањето на економската, здравствената и социјалната положба; условите за живот; како и да дава помош и информации за прашања од секојдневниот живот на граѓаните

*   да презема активности од хуманитарен карактер за поединци или групи кои се наоѓаат во тешка економска, социјална или здравствена положба, согласно овој Статут, Програмата за работа на Асоцијацијата и Уставот на Р. Македонија којшто хуманизмот, социјалната правда и солидарноста ги издига на ниво на темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

III. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 6

     Член во Асоцијацијата може да биде секој граѓанин т.е државјанин на Р. Македонија или пак странец кој доброволно ќе пристапи кон Асоцијацијата со давање на писмена изјава.

     Членувањето во Асоцијацијата се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членување  во Асоцијацијата, задолжително се враќа.

     Асоцијацијата за своите членови води Регистар на членство , кој се ажурира еднаш годишно, на крајот на секоја календарска година.

 Член 7

     Секој полноправен член има право:

   -  да избира и да биде избиран во органите на Асоцијацијата

   -  да учествува во нејзината работа и тековни активности

   -  да придонесува за развојот и популаризацијата на самата Асоцијација

   - да предлага  донесување  Одлуки  во согласност со демократските интерни односи во     Асоцијацијата, како и

   - да ги користат услугите кои му ги нуди самата Асоцијација.

     Секој член може доброволно да истапи од Асоцијацијата.

     Исклучувањето или престанокот на членството во Асоцијацијата се регулира со посебен Правилник.

Член 8

     Обврските на членовите на Асоцијацијата се следниве:

*   редовно плаќање на годишната членарина

*   присуство на состаноците и средбите со останатото членство

*   земање на непосредно учество во спроведувањето на активностите на Асоцијацијата

*   да го развиваат и негуваат угледот на Асоцијацијата

*   да ја спроведуваат Програмата и да го почитуваат Статутот.

IV. ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

 Член 9

  Асоцијацијата МАГНА КАРТА ја преставува и застапува Претседателот.

V. ЈАВНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

 Член 10

 Работата на Асоцијацијата е јавна.

 Јавноста во работењето на Асоцијацијата се обезбедува преку: издавање на билтени, брошури, весници, литература, пропаганден материјал, соопштенија од работата на органите и редовно известување на членовите, како и на други НВО-и и пошироката јавност, а притоа се поднесува и Извештај за работата на органите и телата на Асоцијацијата, за материјално-финансиското работење и другите активности.

За информирање на членовите и пошироката јавност се користат: радито, телевизијата, весниците, интернетот и останатите пишани и електронски медиуми - односно средствата за јавно информирање на граѓаните.

VI. ФИНАНСИСКО - МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

 Член 11

     Асоцијацијата ќе остварува средства од:

               -   членарина;

               -   спонзорства и донации;

               -   провизии од други организации и заедници;

               -   фондации;

                -  доброволни прилози, подароци и оставнини од правни и физички лица;                                                 

                -   други извори во согласност со Законот.

     Финансиско материјалното работење се врши согласно важечките законски прописи кои важат во Република Македонија.

Член 12

Користењето и располагањето со средствата на Асоцијацијата, добиени по основите од член 11 од овој Статут, се врши на начин утврден со овој Статут, Финансискиот план и останатите законски и подзаконски општи акти, норми и прописи.

Член 13

За корситењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Асоцијацијата, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои превземаат мерки за финансиско и економско целосообразно корситење на средствата и за спречување на остварувањето  незаконски цели и намери.

Член 14

Асоцијацијата донесува годишен Финансиски план за приходите и расходите на истата.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат од член 11 од овој Статут, како и расходите за општествената активност, хонорари на вработените, заедничката потрошувачка на волонтерите, материјалните трошоци за работа и за реализирање на тековните активности на Асоцијацијата, како и други расходи кои се поврзани за работата.

VII. УПРАВУВАЊЕ СО АСОЦИЈАЦИЈАТА

 Член 15

     Со Асоцијацијата управува организираното членство, непосредно или преку свои претставници во органите.

     Права и должности на преставниците се:

*   да бира и да биде биран во органите на здружението;

*   да предлага решавање на трошоците од занеднички интерес;

*   да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;

*   да работи на развивање и унапредување на општесвените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмски цели и задачи и од усвоението одлуки и заклучоци;

*   да ги спроведува во целост одредбвите од Статутот и програмските активности;

*   да ги застапува интересите на Асоцијацијата.

VIII. ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

Член 16

     Органи на Асоцијацијата се:

*   Собрание;

*   Извршен одбор;

*   Надзорен одбор;

*   Генерален Секретар и

*   Претседател на Асоцијацијата.

Член 17

Собранието на Асоцијацијата го сочинуваат сите членови на здруженито, а право на глас имаат полноправните членови  над 16 годишна возраст,

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 18

Собранието на Асоцијацијата работи на седници.      

Седница на Собранието свикува Претседателот на Асоцијацијата, кои истивремено е и претседавач на Собранието.

Седницата на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Асоцијацијата, или на 1/5 на вкупниот број на членови на Собранието.

Ако Претседателот на Асоцијацијата, во рок од 15 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.

Седница на Собранието за контрола над работата на Извршен одбор  може да се свика и по предлог на надзорната комисија.

Начинот и постапката на свикување на седницата на Собранието на Асоцијацијата подетално се уредува со Деловник за работа на Собранието.

Член 19

Собранието на Асоцијацијата од своите редови избира Извршен одбор, кој е извршен орган на Собранието, на редовно и вонредно Собрание

Член 20

Собранието полноважно одлучува, ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број на (претставници) членови.

Собарнието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови т.е апсолутно мнозинство.

Собранието ги има следниве надлежности:

*   донесува Статут на Асоцијацијата, дава автентично толкување на Статутот и врши измени и дополувања на истиот

*   донесува Програма за работа и други акти;

*   усвојува годишен Извештај, Насоки и План за работа;

*   усвојува завршна сметка и Финансиски план;

*   усвојува програмска ориентација за работа на Асоцијацијата за период од една година, операцинизаирано во годишните програми;

*   одлучува за промена на целите на Асоцијацијата;

*   одлучува за основање и укинување на ограноци, и други облици на организиртање на Асоцијацијата;

*   донесува одлука за формирање на привремени работни тела и орагани за извршување работи од негова надлежност

*   го разгледува и усвојува Извештајот за работа на Извршениот одбор помеѓу две Собранија;

*   избира и разрешува членови на Извршниот одбор;

*   избира и разрешува членови на Надзорниот одбор;

*   го избира и разрешува Претседателот на Асоцијацијата

*   распарава за постигнатите резулатати, проблемите и развојот на Асоцијацијата;

*   одлучува за стапување или истапување од друга организација или сојуз, како и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;

*   констатира прием на нови членови и престанок на членување;

*   одлучува за престанок на дејствувањето на Асоцијацијата со 2/3 мнозинство;

*   одлучува и за други прашања  кои не се во надлежност на други тела на Асоцијацијата и

*   врши и други работи во согласност со Статутот и општите акти на Асоцијацијата.

Член 21

Извршниот одбор на Асоцијацијата е извршен орган на Собранието, во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Асоцијацијата, согласно со овој Статут.

Член 22

Извршнот одбор на Асоцијацијата брои 5 члена.

Мандатот на одборот трае 2 години.

Претседателот на Асоцијацијата истовремено е и Претседател на Извршниот одбор со мандат од 2 години.

Член 23

     Од надлежност на Извршниот одбор на Асоцијацијата е следното:

*   ги подготвува седниците и дневниот ред на Собранието

*   го подготвува Нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието

*   донесува и реализира годишна Програма за работа

*   именува и разрешува Генерален секретар на Асоцијацијата

*   именува и разрешува Благајник на Асоцијацијата

*   може да формира Стручна служба за определени прашања и да врши контрола врз нејзината работа

*   управува и одговара за управувањето со имотот на Асоцијацијата

*   подготвува годишен или периодичен Извештај за својата работа, кои го презентира на Собранието

*   ги спроведува статутарните и програмски задачи на Асоцијацијата;

*   ги спроведува одлуките  и заклучоците на Собраноието;

*   донесува одлука за формирање на постојани и повремени комиси и ја насочува ниваната работа, за што донесува и посебен Правилник

*   донесува соодветни акти и одлуки,

*   прифаќа спогодби и склучува договори

*   дава мислење и согласност на Правилникот за организација на работите и работните задачи на стручната служба

*   организира и активно учствува во организирање на разни акции и манифестации

*   донесува Одлука за награди и пофалници на заслужни личности;

*   донесува одлуки за приговори и жалби;

*   ја утврдува годишната членарина;

*   работи за унапредување и промовирање на целите и задачите на Асоцијацијата

*   врши и други работи кои произлегуваат од  Статутот, а се во согласност со целите и задачите на Асоцијацијата.

Член 24

Извршниот одбор е одговорен за својата работа пред Собранието на Асоцијацијата.

Одборот се состанува по потреба, а најмалку еднаш месечно.

Одборот работи на седници.

Седница на одборот свикува Претседателот, а по предлог на Надзорниот одбор, може да свика и Генералниот секретар на Асоцијацијата.

Со седницата раководи и претседава  Претседателот на Асоцијацијата, а во негово отсуство, член кој го избира самиот одбор.

Начинот на свикување на седницата и работењето на одборот се уредува со посебен Деловник за работа, кој се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на одборот.

Предлог за свикување на вонредна седница на одборот може да поднесе една половина од  членовите на одборот или една третина од претставниците во Собранието.

Член 25

     Надзорниот одбор врши надзор и контрола над спороведувањето на одредбите од овој Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на Асоцијацијата.

     Надзорниот одбор го сочинуваат три члена.

     Мандатот на членовите трае три години, со можност за реизбор.

     Членовите на Надзорниот одбор се:      

 - Претседателот на Асоцијацијата

 - Генералниот Секретар и

 - Благајникот

Член 26

     Надзорниот одбор на Асоцијацијата кога ќе утврди неправилно или нестатутарно работење има право да свика Собрание на Асоцијацијата.

     Надзорниот одбор го свикува Собранието, по претходно  известување на Извршниот одбор,    кој нема право да го попречи вонредното свикување.

IX. СТРУЧНА СЛУЖБА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 27

     За извршување на административно-стручните, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на целите и задачите на Асоцијацијата, се формира Стручна служба.

 Член 28

     Средствата за работа на Стручната служба се определуваат со Финансовиот план секоја година и тоа:

                    - средства за хонорари,

                    - средства за заедничка потпрошувачка,

                    - средства за материјални трошоци и

                    -средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.

Член 29

        Со  Стручната служба на Асоцијацијата раководи Генералниот секретар.

         Генералниот секретар за својата работа одговорен е пред Извршниот одбор. 

X. ПРАВА, ОБВРСКИ И НАДЛЕЖНОСТИ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР

Член 30

     Генералниот секретар на Асоцијацијата го именува и разрешува Извршниот одбор, согласно на условите, кои се утврдени со посебни Одлуки.

Член 31

     Генералниот секретар на Асоцијацијата е одговорен за:

*   извршување на Финансиски план и Програмата за работа,

*   раководење со работата на Стручната служба,

*   е наредбодател и потписник на некои одлуки и акти од значење за остварување на работата на Асоцијацијата,

*   благовремено извршување на одлуките и заклучоците, донесени од Собранието и Извршниот одбор;

*   се грижи за правилна примена на законските прописи од областа на дејностите што ги врши здружението.

XI. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

 Член 32

        Претседателот на Асоцијацијата:

          - е член на Извршниот и Надзорниот одбор на Асоцијацијата

          - претседава со седниците на Собранието на Асоцијацијата

          - ја претставува и застапува Асоцијацијата во правниот промет

          - е наредбодавач на Одлуките на Извршниот одбор

          - поднесува извештај за својата работа во мандатниот период на редовна седница на    Собранието

          - за својата работа одговара пред Собранието, кое го именува и разрешува.

Член 33

        Претседателот на Асоцијацијата се избира за време од 2 години со можност за реизбор, без ограничување на бројот мандатните периоди

        Претседателот може да биде разрешен и пред истекот на својот мандат со 2/3 мнозинство гласови од членовите на Собранието кои имаат право на глас.

XII. ПРЕСТАНОК НА АСОЦИЈАЦИЈАТА

Член 34

         Асоцијацијата ќе престане со работа ако:

               - за тоа одлучат 2/3 од членовите на Асоцијацијата со право на глас;

               - ако бројот на членствот се намали под бројот на основачите;

               - ако настапат причини утврдени од член 52 од Законот за здруженија на граѓани и фондации;

        Одлука за престанок Асоцијацијата донесува Собранието со 2/3 мнозинство гласови.

 Член 35

     По престанок на работата на Асоцијацијата имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обрските преминуваат во сопственост на активното членство.

XIII. ТОЛКУВАЊЕ И ИЗМЕНИ НА СТАТУТОТ

Член 36

         Овој Статут може да се менува со:

                 - донесување на измени и дополнувања на Статутот со амандмани;

                 - донесување нов Статут.

         Иницијатива за измена на овој Статут може да даде секој полноправен член на Асоцијацијата, које се доставува до Извршниот одбор најдоцна 15 дена пред одржување на редовна седница на одборот.

         Извршниот одбор формира посебна Статутарна комисија која ги разгледува предложените амандмани, и своето мислење му го презентира на Извршниот одбор.

         Право на толкување на овој Статут има Собранието на Асоцијацијата, а во периодот меѓу две седници на Собранието тоа право го има Извршниот одбор. 

XIV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 Член 37

     Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување.

     Сите прашања кои не се регулирани со овој Статут се регулираат со пониски правни акти на легитимните органи на Асоцијацијата.  Ω

 г о р е