НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

 

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на теле-комуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

(К О Н Т Р А)   С Т А В

 

 

 

Спасе НИКОЛОВ ©

 

 

... ОПШТО ОПШТЕЊЕ

ЗА ОПШ(Т)ЕСТВОТО !?

 

 

Убивам - значи постојам, живеам - значи уништувам, љубам - значи повредувам, а среќен сум значи: или сум пијан или сонувам . . .

 

   Се сакам себеси ги убивам другите - не; ги сакам другите се убивам себеси - не; ги убивам другите, а и себеси - да, е на тоа мислев!

 Живеам во ова апсолутно неморално општество, во кое денешните пороци се утрешни доблести. Оние кои успеаа и преку ноќ се збогатија се смеат и уживаат, бидејќи порочните во овој свет се кралеви и седат во првите редови гледајќи ја преставата: Тивко изумирање на едно општество; а од друга страна мене ме викаат Исус, така и се потпиешувам, ама тоа и не е битно...

 

   Битното е дека: Северниот и Јужниот Пол не се поднесуваат, затоа се и толку далеку; Европа нешто не ја мириса Америка; Грција тврди дека Македонија не постои; Скопјани и Битолчани да не се видат; по „Дижонска” на луѓе од Центар им е забрането да се движат; ако си од IIIти влез кога ќе влезеш во IIри задолжително сврти се позади тебе, да не случајно нешто ти паднало. А кога ќе стигнеш дома не влегувај без да заyвониш - за да не ги фатиш живи жена ти и мајка ти како си ги вадат очите...

 

   И сега следува прашањето: Како да живеам во ова “цивилизирано демократско општество”? Седнав, размислив, смислив. Еве вака: отворив DVD-тека со позајмени пари, ама ми ја затвори пазарна инспекција, затоа што температурата во просторијата била над дозволената. Ништо - ми пропадна бизнисот.

   Решив да спортувам, поточно да играм безбол. Пари за палка немав, а искрено немав ни топче. Палка си направив сам и само што ми тргна, абе жив баксуз, знаете што ми се случи: си возам одвај 40 km/h со „фичото” и оп на „Џон Кенеди” ме стопира полиција. „Вашите исправи - повелете господие;, да не си пиел - не господине; ќе дуваш!? - ќе дувам ако морам” - и тогаш ја здогледа палката... - Аха палка, што ќе ти е? - Спортувам, играм безбол -  господине. Се изнасмеа и ми ја зема. Кога го прашав зошто ми ја конфискуваше, тој строго ми одговори: „Безболот во Македонија е забранет и марш у п. ... не ми се прај ногу паметен”.  

  Видов не видов опашката под нозе и си фатив патот за Мирковци. Ништо и од спортувањето.

 

Мислев да одам во војска ама не отидов. Си велам и така довчерашните бранители или се во наш затвор, или пред меѓународен суд и што барам јас во војска, само за xабе да ме подстрижат - не, не одам во војска!

   Мислев што понатаму, како да продолжам и ми текна да студирам, ама не во Бугарија туку тука во Македонија. За на „Штулов” немав пари, искрено немам ни сега; за во „Мала Речица” не говорам албански.  Единствено последна шанса ми остана Универзитетот „Светите Кирил и Методиј” - бев цврсто решен да студирам следејќи ја максимата, што и мама редовно ми ја повторува: Учи сине за да не работиш. И така уште студирам и не бразам зошто вака имам барем занимација: студентски забави, студентски избори, студентски протести, а со студентска легитимација имам и 30 денари попуст за во Драмски театар, ретко кога одам ама ако.

 

   Па можеби и ќе најдам некоја колешка, ќе се оженам, ќе создадам семејство. Тогаш ќе биде вистинско време да го завршам факултетот и да се зачленам во некоја, или можеби во повеќе политички партии. Четири години ќе работам ваму, четири години таму и на крај ќе фрлам 2000 и оп ете ми инвалитска пензија, од која за леб и цигари ќе имам.

   Фино во тестаментот од одвај половина страничка ќе им го префрлам на трите деца, станот од 50м2, со подрумска површина од 5 м2, за тие да ме испратат во старечки дом. Не дека тоа навистина го сакаат, не дека им пречам, туку напорно  работат па нема кој да се грижи за мене.

   И така како во сите бајки со среќен крај, среќно ќе си го преживеам животот, во суверена, самостојна и пред се демократска Република Македонија. Така, фала многу.

 

 

 г о р е