|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците
за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека
во фабриките на островот Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат
на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за
само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во
моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те
најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред
две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред
две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските
финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот
од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до
април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на
Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема
Америка!
учеството
на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот
приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над
2,3%)!
во
субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски
модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во
САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а
стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за
600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во
„најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62
осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000
жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на
осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има
плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови
затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се
под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за
споредба, на 100 000 жители има затвореници во: Велика Британија -
120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со
Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот
диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос
дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300
долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!
за
да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во
првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под
бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ
Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000
ирачки војници!
над
200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во
Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во
американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се
и сексуално злоставувани!
125
италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак
на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен
ураниум!
постои
светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само
во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за
само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2
000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и
други)!
700
милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е
Македонија - со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004
година)!
кај
нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90%
од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски јазик
(а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на
планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден
степен целзиусов)!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000
правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита
„аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000
страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат
во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за
феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!
за
да има напредок, раст и стопански развој на една економија и
се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и
со релативно добри лични примања!
Бакингамската
палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од
глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно
лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои
три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат
повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во
долгогодишната Виетнамска војна)!
358
енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од
она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот
Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот
буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД
имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно
право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците
за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека
во фабриките на островот Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат
на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за
само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во
моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те
најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред
две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред
две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските
финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот
од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до
април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на
Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема
Америка!
учеството
на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот
приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над
2,3%)!
во
субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски
модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во
САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а
стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за
600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во
„најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62
осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000
жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на
осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има
плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови
затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се
под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за
споредба, на 100 000 жители има затвореници во: Велика Британија -
120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со
Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот
диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос
дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300
долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!
за
да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во
првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под
бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ
Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000
ирачки војници!
над
200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во
Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во
американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се
и сексуално злоставувани!
125
италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак
на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен
ураниум!
постои
светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само
во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за
само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2
000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и
други)!
700
милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е
Македонија - со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004
година)!
кај
нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90%
од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски јазик
(а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на
планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден
степен целзиусов)!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000
правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита
„аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000
страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат
во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за
феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!
за
да има напредок, раст и стопански развој на една економија и
се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и
со релативно добри лични примања!
Бакингамската
палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
во
1867 година рускиот цар ја продал територијата на
Аљаска
на САД и тоа за само 7,2 милиони $!
по
падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени околу
1 200 000 професионални
разузнавачи
на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа
формираат паралелни системи во подземјето (мафијата)!
125
италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак
на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен
ураниум!
постои
светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
|
✍
м-р
Здравко САВЕСКИ
©
ХЕГЕМОНИЈА
НА
КАПИТАЛИСТИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ
Наша работа е безобѕирна критика на сé постоечко - безобѕирна во таа
смисла што критиката нема да се плаши од своите резултати и исто
толку малку ќе се плаши од судирот со постоечките сили . . .
Карл Маркс
Историјата не се одвиваше според марксистичките концепции,
особено не според чисто економското („научно-социјалистичко”)
разбирање на марксистичките концепции. Од времето кога Маркс
го утврди т.н. научен социјализам, производните сили
енормно пораснаа, а поради зголемувањето на општествениот карактер
на производството, спротивноста помеѓу општественото произведување и
приватното присвојување, таа основна спротивност на капитализмот
која требаше да доведе до крах на капитализмот, е далеку поостра од
времето на Маркс. А сепак сето ова не го направи социјализмот ни
малку поблизок до остварувањето во однос на ситуацијата од времето
на Маркс.
Напротив, капитализмот по крахот на комунистичките поредоци во 1989,
повеќе од кога и да е порано се чини незаменлив
општествено-економски поредок.

Поранешните генерации на социјалистички агитатори, за разлика од
оваа нашата, пост-1989-та генерација, имаа значително
полесна задача во поглед на работата со масите. Длабоко уверени дека
Маркс успеа научно да го предвиди воспоставувањето на
социјалистички општествено-економски поредок, можеа оптимистички да
им тврдат на работниците дека конечната победа ќе биде нивна, зашто,
нели, самиот развиток на капитализмот и растот на бројот и силата на
пролетаријатот
се гаранција за тоа. Денес, ваквиот оптимизам е сосема без основа.
Ниту „пролетаријатот” бележи раст во бројноста и, следствено во
својата сила, ниту пак развитокот на капитализмот, проследен со
продлабочување на неговата основна спротивност, дава изгледи за
негова зголемена ранливост или кршливост. А да не зборуваме за тоа
колку полесна беше социјалистичката агитација пред комунистите
-
Марксовото ветување за премин во
„царството на слободата”
да го материјализираат во едни од најрепресивните поредоци во
историјата на човештвото.
Сето ова посочува на тежината на бидувањето социјалист
денес! Да се осознае погрешноста на Марксовите прогнози и да се
уважи комунистичката данга врз социјалистичките визии, од една
страна, а по линија на помал отпор да не се срози на ниво на
апологет на капитализмот, од друга страна, и да се остане
социјалист, колкумина го можат тоа? Не е ли стопати полесно и
поисплатливо откажувањето од борбата и прифаќањето на капитализмот?
Не е ли залагањето за социјализам осудено на пропаст, едноставно
јалово? Не е ли борбата за социјализам бесмислена донкихотска борба
со ветерници? Сред овие сомнежи она што дава сила е Марксовиот
морален императив –
„да ги собориме сите односи во кои човекот е понижено, угнетено,
напуштено, презрено битие”.
Без разлика колку борбата за социјализам се чини осудена на пораз,
мораме да се бориме. Сé додека постојат односи, капиталистички
односи, при кои човекот е понижено, угнетено, напуштено, презрено
битие, мораме да се бориме. Едноставно, хуманистичката ориентација е
таа што наложува антикапиталистичка ориентација и ако
да се биде човек значи да се биде човечен, нема откажување од
борбата, без разлика на изгледите за успех. А пак тие, изгледите, и
не се толку лоши какви што беа во 90-те години. Особено
случувањата во Латинска Америка и во прв ред во Венецуела даваат и
повеќе од зрак надеж!
Зошто капитализмот е толку силен денес?
За зраците надеж да не замрат и да не доведат до јуриш на небото,
јуриш кој, како што стојат работите, ќе пропадне и пред да биде
изведен, потребно е, прво, правилно да се оцени постојната
ситуација, а потоа врз основа на тоа да се концепира остварлива
стратегија.
Првото и основно прашање со кое се соочуваат социјалистите денес
е: зошто капитализмот е толку силен денес, или поточно, зошто
кога системот е против интересите на мнозинството од населението,
мнозинството од населението не е против системот? При тоа не
може а да не се напоменe
дека без разлика што ова прашање е така несомнено основно и
незаобиколиво, левицата речиси целосно го игнорира, веројатно
бидејќи токму тоа најјасно ја покажува големината на поразот од 1989-та,
не само на комунистите, туку и на целата левица.
Погоре видовме дека
потпирањето врз економистичките прогнози на марксизмот
не нуди задоволителни објаснувања.
Многукратното развивање на производните сили
за време на капитализмот ниту само по себе ја револуционизира
експлоатираната класа, ниту пак ги доведоа до пропаст
капиталистичките производни односи. Ако се потпираме врз ова
објаснување, едноставно е необјасниво не тоа што капитализмот е
толку силен денес, туку тоа што тој воопшто и постои.
Но, не сите толкувања на марксизмот се
потпираат врз нагласувањето на економските фактори како нужни и
доволни услови за заменување на капитализмот со
социјализам. Така, ленинистичката верзија на
марксизмот во значително поголема мера му придава важност на
волевиот фактор, на т.н. „субјективен
фактор”
на луѓето во однос на развитокот на човековата
историја. Ленинистите секогаш повеќе се интересирале за аспектот на
замена на капитализмот со социјализам, но самата Ленинистичка
теорија нуди доволно основа за утврдување на ленинистичкиот став во
однос на прашањето што го поставивме, кога веќе поради игнорирање на
проблематиката не сме во можност изворно да го дознаеме ставот на
ленинистите околу ова прашање.
На линија на ленинизмот не може да има друг одговор на прашањето
зошто капитализмот е толку силен денес освен одговорот дека тоа се
должи на постоењето на диктатура на буржоазијата.
„Облиците на буржоаските држави”, милуваше да нагласи
Ленин, „се извонредно разнообразни, но нивната суштина е
иста: сите тие држави, вака или онака, во крајна линија бездруго се
диктатура на буржоазијата”.
Притоа, се разбира, „буржоаската” демократија Ленин ја разбираше не
поинаку од диктатура на буржоазијата: ...
„буржоаската демократија, од своја страна, не може да не биде
диктатура на капиталот”
- тоа беше рамно на математичка аксиома за „Третиот класик на
марксизмот”. И овој негов став мора да се нагласи, зашто дека
диктатурата е диктаторски поредок секому му е јасно - она
специфичното кај Ленин и ленинизмот е сфаќањето дека и
демократијата е диктаторски поредок; сфаќањето, уверувањето,
дефинирањето во крајна линија на демократијата во смисла дека
. . .„таа претставува,
како и секоја држава, организирана, систематска примена на насилство
врз луѓето”
.
Сфаќајќи ја, значи, капиталистичката демократија како
диктатура на буржоазијата во демократски облик и нагласувајќи го
несомнениот монопол на физичка присила со кој располага секоја
држава, објаснението на линија на ленинизмот во врска со нашето
прашање би било: и покрај демократичноста на денешните
капиталистички поредоци, тие во суштина се диктатури на
буржоазијата, а како такви тие нема да се воздржат од употреба на
сила во случај експлоатираната класа да сака да го собори
капиталистичкиот поредок. Примената на сила, или уште попрецизно,
заканата за употреба на сила е она што го прави капитализмот
толку силен денес, според ова толкување. А „лицемерието на
буржоаската демократија”, да се потсетиме на Лениновите зборови, е
токму во тоа што
„секоја држава, па нека биде таа и најдемократската, во својот устав
има задно вратниче или клаузула која и дава на буржоазијата можност
да ги насочи трупите против работниците, да ги стави на сила воените
закони итн. во случај на нарушување на редот - фактички, во случајот
кога експлоатираната класа ја нарушува својата ропска положба и се
обидува да не се однесува ропски” .
Нема да тврдам дека во сето ова нема дел вистина. Соочени со
опасноста од укинување на капитализмот, капиталистичките сили доста
веројатно ќе се обидат да го спречат тоа со употреба на сила.
Употребата на сила и заканата за употреба на сила (изречна или
преќутна) навистина може да биде фактор за потиснување на
антисистемската определба кај експлоатираните. Но, не овде и не
сега! Овде и сега слабата распространетост на антисистемската
ориентираност не се должи ниту на употребата на сила, ниту
на заканата за употреба на сила. Овде и сега владеаните се владеани
не поради тоа што се плашат од силата на противникот, туку поради
тоа што се согласни со функционирањето на системот, поради тоа што
се согласни да бидат владеани. Ако не поради ништо друго, тогаш само
поради ова станува јасно зошто
ленинизмот
е целосно надмината концепција која не може ништо или може многу
малку да понуди во насока на разбирање на светот во кој живееме.
Антикапиталистичките сили мораат да бараат
одговори во друга насока.
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Една од основните разлики помеѓу статусот на работниците во
XX-от
и
XXI-от
век наспроти
XIX-от
век е што работниците веќе не се „пролетери”, туку
граѓани. Го знам афинитетот на некои традиционалисти на
левицата кои ги сакаат таквите
мувлосани термини,
кои за нивните уши се милозвучна поезија, но дали има основа
работниците и денес да се нарекуваат пролетери? Насекаде работниците
стекнаа целосен граѓански статус (заштита на граѓанските права,
право на глас и слично), така што, за разлика од
XIX-от
век, денес нема основа да се тврди дека
работниците се топовско месо за индустријата, дека се лица без права
кои само
‘рмбаат
и раѓаат нови генерации
‘рмбачи.
Забележете добро дека со ова не го негирам постоењето на
експлоатацијата. Далеку од тоа...
Експлоатацијата на работната сила
е карактеристична за секое класно општество, вклучително и за
капитализмот, и тоа всушност е основната константа при споредбата
помеѓу положбата на работниците во
XIX-от,
XX-от
и
XXI-от
век. Она што сакам да го нагласам е дека денес се работи за
експлоатација на работници, а не на пролетери. Тоа во
поглед на производствениот процес квалитативно ништо не менува, а и
не мора автоматски да значи дека денес експлоатацијата е помала.
Напротив, ако го имаме предвид извлекувањето на релативен вишок на
вредноста, може лесно да излезе дека експлоатацијата денес е
поголема во однос на онаа во
XIX-от
век. Покрај тоа, во последниот четврт век и експлоатацијата и
кршењето на работничките права токму растеа, така што не доаѓа
предвид негирањето на фактот на експлоатацијата.
Главниот аргумент за моето инсистирање на разликата помеѓу статусот
на пролетер и статусот на работник не се однесува на состојбата на
работите во производната сфера, туку надвор од неа. Ако на работното
место не може да се утврди некоја суштинска разлика помеѓу
работникот од
XIX-от
век и работникот на почетокот од
XXI-от
век, особено по последните процеси на кратење на работничките права,
надвор од работното место постои драстична разлика помеѓу двата
работници. Ако секојдневието на работникот од
XIX-от
век беше еднолично, сиво, ако немаше многу варијанти како да го
искористи слободното време, пред денешниот работник се отвораат
многу можности, во прв ред на пасивна забава. Неговиот живот
повеќе не е сведен само на работење и на раѓање деца, веќе не е
„пролетерски”: неброените спортски случувања, филмови, музика и
толк-шоуа сега го разбиваат пролетерското сивило на слободното време
од
XIX-от
век. Додадете го тука шопингот и обложувањето и сосема станува јасна
разликата помеѓу денешната и ситуацијата од
XIX-от
век.
Сепак, далеку од тоа дека недвосмислено позитивно ќе го
поздравиме овој развој на настаните. Работникот веќе не е пролетер,
но квалитативното изедначување на слободното време на богатите и
привилегираните и значителен дел од сиромашните и непривилегираните
доведе до значително поголемо подведување на губитниците од системот
под идеолошкото влијание на добитниците од системот. Денес,
експлоатацијата во текот на работното време се заборава пред
интересноста на конзумацијата во слободното време. Работничките
права стануваат секундарни пред „правото” да се следат натпреварите
од англиското првенство, што е можно поскоро да се гледа најновиот
филм или да се дознаат најновите пикантерии од животот на славните.
„Мене
не ме интересира политиката! Јас се интересирам само за музиката!”
Длабоката увереност во премудроста на ваквиот
став е многу добар показател за успешноста на владеењето преку
забавата - тој суптилен начин за спречување на појавата на
антисистемската ориентираност.
Оваа ситуација, кога антисистемската ориентација се спречува не
преку употреба на физичка сила или преку закана за употреба на сила,
туку преку успешно социјализирање во насока на сопствената
идеолошка ориентација на оние чиј објективен интерес е
инкомпатибилен со капитализмот ќе ја наречеме хегемонија на
капиталистичките вредности. Овој израз е нов, но не и
самиот концепт. Обично овој концепт се нарекува културна хегемонија
и му се припишува на Антонио Грамши. Припишувањето е сосема
на место, бидејќи заслуга е на Грамши што во времето кога
ленинистите сметаа дека е релативно лесно да се освои власта во име
на социјализмот и само малку потешко да се гради социјализам, токму
Грамши увиде колку сето тоа е доста потешко од она што се
чини и дека на општествената надградба не може да и
се припишува така секундарна улога. Сепак, корените на овој концепт
во марксизмот не досегаат само до Грамши. Самите Маркс и
Енгелс во „Германската идеологија” запишаа:
„Во
секоја епоха мислите на владејачката класа се владејачки мисли...”,
односно, со други зборови, владејачката класа е таа чиј идеи
стануваат доминантни во едно општество; таа која воспоставува своја
културна хегемонија, хегемонија на сопствените
вредности.
Како што концизно забележа Лука Марковиќ:
„Експлоатираната класа - пролетаријатот, не само економски и
политички, туку и идеолошки е подредена...”.
И токму овој последниот елемент, идеолошката
подреденост на експлоатираната класа обично некако отсекогаш бил во
сенка на останатите два елементи. Во минатите периоди, кога од една
страна економската и политичката подреденост на експлоатираните се
чинеше поочебијна, а од друга страна експлоатираните беа поспособни
„контракултурно” да делуваат, можеби и можеше да се разбере
занемарувањето на идеолошкото подредување, но денес, кога
идеолошката офанзива на приврзаниците на системот е така
силна, а методите на контрола на мислата се доведени до таква
софистицираност, едноставно е назаобиколиво посветувањето на
внимание на овој фактор.
Инаку, замената на Грамшиевиот термин „културна хегемонија”
со терминот „хегемонија на капиталистичките вредности” е
поради поголемата прецизност на вториот термин. Терминот
„културна хегемонија” е некако премногу општ, а преку
терминот „хегемонија на капиталистичките вредности” сметам дека се
врши доволна конкретизација на Грамшиевиот концепт. Тој ја отвора и
можноста за утврдување на вредностите кои го крепат капитализмот и
чие прифаќање од страна на губитниците од системот води кон
спречување на појавата на антисистемска ориентација кај нив.
Кои се тие вредности врз кои се темели капиталистичката културна
хегемонија?
Ќе ги наведеме во табелата што ја даваме во
продолжение, при што ќе бидат наведени и вредностите кои одат во
прилог на изградбата на социјализам и без чие прифаќање од страна на
доминантниот сегмент од едно општество едноставно не може да се
гради социјализам.
|
Капиталистички вредности |
Социјалистички вредности |
|
Натпревар |
Соработка |
|
Прифаќање здраво за готово на разликите во имотната состојба |
Неприфаќање на крупните разлики во имотната состојба |
|
Стремеж за профитирање |
Стремеж за самоостварување |
|
Искористување на другите луѓе |
Заемно помагање |
|
Третирање на луѓето како средства |
Третирање на луѓето како цели сами за себе |
|
Егоизам |
Алтруизам |
|
Патернализам |
Партиципативност |
|
Преокупираност со приватните работи |
Интересирање за јавното добро |
1)
Преокупираноста со натпреварот е доста карактеристична
за капитализмот. Врз натпреварот сé повеќе се инсистира и тој може
да се најде во сé повеќе сфери. Се промовира духот дека е најважно
да се биде „лидер”, да се биде подобар од другите, а не, на пример,
да се ужива во играта, да се подобрат способностите и/или да се
нагласи едноставниот факт на дружењето. Значи, во прв ред
прокапиталистички не делуваат натпреварувачките игри, туку
натпреварувачкиот дух, неговото внесување онаму каде што не му е
местото или каде што натпреварувањето не е суштинска карактеристика
за дадената активност. Преголемата преокупација со натпреварувањето
на потсвесно ниво делува во насока на перцепирање на другите како
конкуренти, а не како соработници, што од своја страна има така
јасни прокапиталистички импликации. Покрај тоа, капитализмот се
преокупира со бесконечниот раст при што натпреварот
(конкуренцијата) ја третира како основен двигател, додека
социјализмот не се преокупира со бесконечниот раст и се стреми да
постигне резултати преку самоостварување и соработка, не преку
развој на натпреварувачкиот дух, на психологијата „човек на човек му
е волк” (Homo
homini lupus est)
и не поради егзистенцијални причини.
2)
Капитализмот, како и секое класно општество, го карактеризираат
разлики во имотната состојба. Тие имотни разлики можат да
се сметаат за оправдани и/или природни, или за неправедни. На
капитализмот, се разбира, му одговара првата алтернатива и неговите
приврзаници се стремат да ги социјализираат припадниците на
општеството во таа насока. Согласно на тоа се промовира почит и
восхит кон оние што се горе и се инсистира дека тие се горе поради
својата способност и квалитети. Дури и ако сиромашните и
непривилегираните не се убедени во супериорните карактеристики на
оние горе, доволно е кај нив да се изгради убедувањето дека системот
во кој некои се горе, а некои долу е незаменлив, без разлика
колку е неправеден, и да му се врежи желбата на оној долу и тој да
стане дел од богатите и привилегираните. Социјализмот од своја
страна не ги прифаќа крупните разлики во имотната состојба, но од
друга страна не само што не сака да воведе апсолутно изедначување во
имотната состојба, туку и од моментот кога ќе бидат надминати
суштинските разлики во имотната состојба, повеќе не се преокупира со
прашањето кој колку има, зашто штом разликите во имотната состојба
станат несуштински, понатамошното концентрирање на ова прашање е
знак за прокапиталистичка фиксација за парите, а не отворање кон
просоцијалистичката заинтересираност за самоостварувањето.
3)
Како надоврзување на она што последно го кажавме,
прокапиталистичката социјализација го развива стремежот за
профитирање, просоцијалистичката - стремежот за
самоостварување. Сето тоа се темели врз различното разбирање на она
што го прави еден човек богат. Капиталистички социјализираниот човек
е богат ако има многу, социјалистички социјализираниот - ако
е многу, ако што повеќе се самооствари, да ја искористиме
важната дистинкција на Ерих Фром. Веројатно ова на
многумина ќе им се чини несфатливо, но тоа е уште еден знак за
успешноста на капиталистичката хегемонија. За да станат работите
појасни, ќе наведеме еден Марксов напад врз капиталистичката
концепција за богатоста, доста непознат, но не помалку важен:
„Колку помалку јадеш, пиеш, колку помалку купуваш книги, колку
поретко одиш на театар, на танц, во кафеана, колку помалку мислиш,
сакаш, теоретизираш, пееш, сликаш, чувствуваш итн., толку повеќе ти
штедиш, толку поголемо станува твоето богатство,
недопрено ни од молци ни од црви, толку поголем станува твојот
капитал. Колку е поништовно твоето битие, колку помалку го
пројавуваш својот живот, толку си поимашлив, толку е поголем
твојот отуѓен живот, толку повеќе натрупуваш своја отуѓена
суштина”
.
Не е сé во парите - ако ова не се има предвид, дури и при сосема
оправданата борба за повисока надница - човекот бидува заробен во
капиталистичката логика.
4)
Ставот кон другите луѓе е исто така важен. Тие, во продолжение на
компетитивната психологија, можат да се третираат како средства за
остварување на личните цели, или пак да се третираат како цели сами
за себе, со цела должна почит. Да се третираат другите луѓе
како средства за сопствени цели всушност значи тие да се
искористуваат и токму тоа е дефиниционата специфика на сите класни
производни односи, вклучително и на капиталистичките.
Социјалистичката социјализација ја заменува таа психологија
на перцепирање на останатите како средства за лично богатење
и наместо нивното цедење при процесот на задоволување на ненаситната
желба за зголемување на личните приходи, го промовира заемното
помагање - помагањето што има непрофитна основа и што на линија на
хуманизмот секој човек го третира достојно на неговото човечко
битие, како цел за себе.
5)
Оттука веќе јасно се гледа дека на социјализмот му е потребно
градење на алтруистичка социјализација, како замена за
егоизмот на капитализмот. Тука е важно да се подвлече една
многу важна дистинкција. Ниту алтруизмот значи колективизам, ниту
егоизмот значи индивидуализам. Колективистите својот
напад врз достоиството на личноста, врз слободата на мислата и
делувањето отсекогаш милуваа да го маскираат како напад врз
егоизмот, исто како што оние што се грижат само за себе и за своите
милуваат да тврдат дека колективизмот е она со што тие не се
согласуваат, а не алтруизмот. Наспроти ваквото погрешно поставување
на работите, постои алтруистички индивидуализам, грижа за
останатите која при тоа не го запоставува личниот развој и
самоостварувањето на секој поединец. Токму за оваа позиција треба да
се залагаат социјалистичките сили наспроти егоизмот маскиран како
„индивидуализам” - што го застапуваат приврзаниците на капитализмот.
6)
Пасивноста во однос на процесот на донесување одлуки, но и пошироко,
социјализацијата во насока на пасивно користење на слободното време,
во услови на капитализам создава многу поволна клима за развој на
патернализмот и преокупираноста со приватните
работи. Патернализмот за неговите приврзаници е „блажена”
репродукција на состојбата од детството при која постоењето на водач
во улога на „добар татко”, кој донесува одлуки во прилог на
неговите приврзаници, им овозможува тие од своја страна да ја
репродуцираат детската состојба, односно да уживаат во своето
пасивно користење на слободното време. Оставањето другите да ги
вршат јавните работи и преокупираноста со своите приватни работи,
несакањето да се занимаваат со ништо во што не гледаат директна
поврзаност со сопствениот интерес, е само надоврзување на
патернализмот и на така компатибилниот со капитализмот егоизам.
Социјалистичката
социјализација, од друга страна, ја нагласува потребата од учество
на граѓаните во процесот на донесување одлуки и гради
партиципативна култура кај нив. Понекогаш може да се чини
дека учеството во процесот на одлучување не претставува некое
посебно задоволство и дека одзема време, но мора да се разбере дека
во тој случај мора да се третира како нужно зло. Не постојат
владејачи - добри татковци. Власта расипува, а апсолутната власт
апсолутно расипува и токму поради тоа не смее да им се дозволи
на „добрите татковци” да го монополизираат донесувањето одлуки. Исто
така, потребно е градење на свеста дека јавното добро (res
publica)
не е нешто што е со кинески ѕид одвоен од приватниот интерес. Во
иста насока, негативниот имиџ на „политизацијата” не е некоја
непобијна аксиома, туку пропаганда на капиталистичките идеолози.
Имено, покрај авторитарната политизација, која значи слепа
врзаност за одредена политичка партија и водач и интензивна омраза
кон политичкиот противник, постои и поинаква политизација,
партиципативна политизација - која всушност значи
заинтересираност за јавните работи. За движењето кон социјализам
оваа партиципативна политизација е токму услов без кој не се може.
Што да се прави?
Денес, во услови кога капитализмот во најголем
број земји опстојува во прв ред поради успешното воспоставување
хегемонија на капиталистичките вредности, без нејзино сузбивање не е
можно трансцедентирање на капитализмот. Некој би можел да ја
предизвика оваа теза со тврдењето дека дури и да е точна ваквата
анализа, капитализмот може да биде трансцедентиран преку
диктатура на пролетаријатот, преку Русовското принудување
на луѓето да бидат слободни. Ваквото заобиколување на
капиталистичката хегемонија според мислењето на авторот не само што
не е пожелно, зашто нуди лек полош од болеста, туку е и ...докажано
неефективно.
Комунистите веќе го испробаа тој пат преку своите тоталитарни
режими. Каде стигнаа сите видовме и токму поради емпириските поуки
од овие режими треба секому да му биде јасно дека Лениновата
„диктатура на пролетаријатот” не е патот до Марксовото „царство на
слободата”! Крахот на комунистичкиот тоталитаризам значеше
голема, преуверлива победа на капитализмот и наизглед конечен пораз
на сите надежи дека е можно трансцедентирање на капитализмот.
Капиталистичките теоретичари милуваа да зборуваат за „крај на
историјата на идеите” и го прогласија либерализмот за идеологија
- конечен победник.
Но, дали е можно еден систем чиј „генетски
код” е нехуман, во кого човекот сé уште е понижено, угнетено,
напуштено, презрено битие да биде крајниот дострел на човекот, на
слободата и рамноправноста? Дали силите вон човекова контрола се
неповратно отуѓени од човекот? Нема ли повеќе, да запрашаме заедно
со Кочо Рацин, „љубов за живот човечна во вија гради
аргатски”? Токму во тоа време непосредно по крахот на
комунизмот, кога изгледите на левицата беа далеку поцрни од денес,
Бранко Прибичевиќ ја искажа својата длабока увереност дека
„толку долго додека луѓето се залагаат за општество со повеќе
слобода, демократија, хуманизам и човечка солидарност, за повеќе
социјална правда и еднакви можности, ќе има и простор за тежнеењата
и силите со социјалистичка провиниенција”
.
Денес, деценија и пол по крајот на комунизмот, левицата се буди.
(дури и во конзервативната Македонија). Гледајќи ги социјалните
неправди на капитализмот сé повеќе луѓе се убедени дека капитализмот
не е крајниот дострел во борбата за човековото ослободување. И
сакаат да се борат. Но во тој момент пред нив изникнува најтешкото
прашање: Што да се прави?
Многумина од новите социјалистички борци што ќе им се приклучат
на нашите редови би сакале видливи резултати и тоа што е можно
побрзо. Но, тоа едноставно не е можно. Не е можно дури и кога
ленинистички наивно би верувале дека основната работа е да се освои
власта, па после што ќе биде ќе биде.
Ш т о д а с е п р а в и ?
Во услови кога капитализмот егзистира бидејќи големото мнозинство
од луѓето го прифаќаат него и неговите вредности,
антикапиталистичката борба на почетокот мора во прв ред да се
насочи на идеолошки план. Капиталистичката хегемонија со огромен
успех ја разјаде класната свест на губитниците од капитализмот и
социјалистичките сили во својата борба за социјализам мораат да
почнат оттука, од изградбата на класна свест кај губитниците
од капитализмот. Зашто без развиена класна свест нема успешна
класна борба. Може да се води стихијна класна борба, како
организирање штрајкови и демонстрации против приватизацијата на
монополите и злоупотребата на положбата на пазарот од страна на
приватните монополи, и тоа во секој случај е подобро од седењето со
скрстени раце, но сето тоа нема да даде трајни резултати и нема да
води кон сузбивање на капиталистичката хегемонија ако не се работи
на изградба на класна свест. А токму стихијните класни борби можат
да бидат одличен емпириски материјал за нејзината изградба. Заедно
со Маркс да се верува и очекува дека самата експлоатирана
положба ќе изгради класна свест кај експлоатираната класа е илузорно
во услови на така софистицирана пропагандна активност на
капиталистичките сили и ова е единственото крупно прашање околу кое
би се согласиле со Ленин, не со Маркс. Стихијните класни
борби не можат сами по себе да изградат класна свест, барем не нешто
повеќе од само ембрионална класна свест, и во оваа насока работата
на социјалистите е неопходно потребна.
Социјалистите, од своја страна, ги чека голема работа не само во
однос на работата со масите, туку и во однос на сопствената изградба
како социјалисти, а потоа и во насока на давање
придонес кон социјалистичката теорија.
Првото е потребно за оние што од неодамна станале социјалисти.
Поради надмоќта на капиталистичката хегемонија и поради слабата
достапност на социјалистичка литература, многу често оние кои што ги
увиделе недостатоците на капитализмот и станале социјалисти или не
можат да дојдат до социјалистичка литература, или, кога ќе
дојдат, не знаат на што да посветат внимание. Тоа што некои од
сознанијата, па дури и оние темелните, се толку очигледно надминати
и што разните левичарски правци меѓусебно се напаѓаат само внесува
дополнителна забуна во нивните глави. Поради тоа, на работата со
младите социјалистички кадри треба да се посвети посебно внимание од
страна на зрелите социјалисти.
Придонесот кон социјалистичката теорија исто така не смее
да се занемари. Денес едноставно не можеме да ги отвориме книгите на
Маркс, Енгелс, Бакунин, Кропоткин,
Ленин, Троцки итн. и да агитираме врз основа на
прочитаното, земајќи здраво за готово дека е точно сé она што ќе го
прочитаме во овие книги. Денес повеќе од кога било ни е потребна
Марксовата ориентација на критичност која нема да се
плаши не само од судирот со постојните општествени сили,
туку и од сопствените резултати.
Можеби при тоа ќе мораме да отфрлиме многу од она со што левицата
пред 1989-та се идентификуваше, но тоа е единствениот
начин социјализмот да стане реална и
изводлива
алтернатива на капитализмот. Овој труд всушност и самиот е пример за
таквото превреднување на основните поставки на марксизмот. Не
би сакал да тврдам дека моите критики на марксизмот се непобитно
точни, но дека социјалистичката критика што не се плаши да го
преиспита марксизмот е нужна во борбата против хегемонијата на
капиталистичките вредности, тоа е повеќе од сигурно.
За крај да го кажеме ова - знаејќи каква беше ситуацијата во 1989-та,
денешната ситуација дава надеж. Таа надеж не се темели врз
изгледноста на социјализмот, ниту врз леснотијата на задачата.
Социјалистичките сили ќе треба значително да ја потиснат
хегемонијата на капиталистичките вредности (и етничко-верската
незрелост на умовите, да не заборавиме!) пред да се отвори
можноста (не нужноста!) од изградба на социјализам. Она што дава
надеж е будењето на левицата од летаргијата и преминување на сé
повеќе другари во нашите редови.
-Дали ќе успееме во намерите? Нема да знаеме ако не
се обидеме...
Ω
г
о
р
е |