|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе
од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000
правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита
„аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000
страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат
во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за
феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!
за да има напредок, раст и стопански развој на
една економија и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со
современи навики и со релативно добри лични примања!
Бакингамската палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на
Аљаска
на САД и тоа за само 7,2 милиони $!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
|
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе
од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
телекомуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на
известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што
предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на
светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ
имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни
700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за
над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници).
На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10
милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи
ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има
затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60;
Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот
направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати,
којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија
ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј
пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300 долари, за да денес
преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91)
под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател
Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12
000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои
се и сексуално злоставувани!
125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од
рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на
осиромашен ураниум!
постои светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски
војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!
700 милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -
со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!
кај нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90% од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски
јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на планетава во просек
пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
за само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски
војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!
|
✍
Денис ТЕНЕВ
©
МАКЕДОНЦИТЕ
ВО
Б
И
Б
Л
И
Ј
А
Т
А
„Да
се
вратиме
на
Корените“
. . .
Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек,
Македонец, кој го молеше и му велеше:
„Премини во Македонија
и помогни ни !”
(Делата на Апостолите 16,9)
Кога
пред многу години, како дете, чепкајќи по фиоките на мојот татко,
пронајдов една мала Библија - македонски превод на
Новиот Завет, детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите
текстови кои ги забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон
Aпостол Павле: „Премини во Македонија и помогни ни!”.
Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало но, сепак
доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој
Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го
замислив дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата
пораснаа, открив дека сум имал многу „дедовци” во Библијата и како
што неодамна некој ми рече -
Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во
Библијата!
Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои со
својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас
Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај
себе и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.
* * *
За
Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Ние овојпат
нема да навлегуваме длабоко во корените на историјата, туку само ќе
ја консултираме во моменти кога тоа е потребно. Овој текст ќе ни
открие што Библијата кажува за ова прашање, и со тоа ќе го дополниме
мозаикот кој полека се создава...
Библијата како извор

Светото Писмо
(наречено уште и БИБЛИЈА) се состои од Стар Завет (кој кај
Евреите е нарекуван Закон и Пророци) и Нов Завет (Евангелијата).
Во Стариот Завет се содржани книги пишувани во Период од 1 500
г.п.н.е. до 400 г.п.н.е. Во него се содржат книги кои ја опишуваат
историјата за постанокот на светот и Израелскиот народ, потоа свети
химни (Псалми), мудри изреки, поезија, и пророштва запишани
од пророците кои делувале во разни периоди од историјата на Израел.
Некои делови на Библијата биле пишувани и на Арамејски јазик - кој
бил мошне сроден на Еврејскиот.
Идејата дека Библијата е од Бога дадена не значи дека
Светот Писмо стигнало до човекот како готов производ. Теолозите се
сложуваат дека таа има божествено-човечки карактер, односно дека
“...светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух”.

Кај нас, како граѓани на едно пост-комунистичко општество, сфаќањата
за Библијата кај многумина се погрешни и искривени, сметајќи дека е
книга полна со митови. Оваа појава влече корени уште од крајот на
XVIII от и почетокот на XIXот век, кога во
научниот свет во Европа се појавила таканаречената „висока
критика”. Со појавата на новите научни достигнувања и сознанија
се отвориле нови можности за истражување и испитување. Сите
дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие,
Ксенофон и други) биле ставени под лупа на новите научни методи.
Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за
христијанска Европа, не била заобиколена.
Библиската критика
имала за цел да го истражува библискиот текст според рационални
научни критериуми. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и
настаните кои се спомнуваат во неа,
па така многу историчари ја оспориле историската веродостојност на
Библијата, сметајќи дека нема доволно историско-археолошка потврда
за нејзините тврдења. Тие сметале дека сето тоа што е содржано во
неа е само мит и дека обичаите кои се спомнуваат во неа се надвор од
рамките на времето во кое е опишан настанот.
Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам,
почитуван од повеќе од половина на човештвото односно повеќе од три
милијарди луѓе (2 0000000 се Христијани, 1 200 0000 се
Муслимани, а околу 15 000 000 се Евреи). Понатаму, биле
оспорувани Хетитите како народ кои дотогаш биле спомнати само
во Библијата и т.н. авторитетот на Библијата бил сериозно разнишан.

Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како
директен напад на нивната вера. Но, какви и да биле побудите и
целите на литерарните критичари, тие на почитувачите на Библијата им
сториле услуга. По дефиниција: ...„книжевниот историчар мора да
биде и критичар, токму за да биде историчар” зашто “критичарот
кој би се помирил со потполно непознавање на историските односи
постојано би застранувал во своите проценки” (Рене Велек
и Остин Ворен). Со други зборови,
вистината не се плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.
После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена
настапила археологијата, посебно Библиската археологија
која со своите научни методи и откритија на научниците им дала
одговор на нивните прашања и критики. За татко на Библиската
археологија се смета William F. Albright, на почетокот без
позитивни намери кон Библијата, за подоцна, одушевен од археолошките
откритија да стане бранител на Библијата - како веродостојна
книга.
Откопувањата и пронајдоците во Библиските земји се ределе едни по
други, а бројните експедиции се враќале со нови сознанија за
древното минато.
Вредно е, накратко, да споменеме некои од нив:

Во 1799 година војниците на Наполеон во Египет сосема
случајно го откриваат
Каменот
од Розета
(наречен така по местото каде е пронајден). На овој камен кој датира
од 196 г.п.н.е. бил испишан текст на три различни писма од
страна на египетскиот фараон
Птоломеј
V
од Македонската династија. Едно од писмата било напишано, односно
издлабено, на египетското хиероглифско писмо, другото на
египетско дометско, а третото на Александровото “коине”
писмо - кое во подоцнежните векови
неправедно е нерекувано
„старогрчко”.
Ова бил клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно
можело да се спореди веќе познатото “коине” писмо со дотогаш
непознатите хиероглифи, и на тој начин после макотрпен и долг научен
труд на генијалецот Шамполион, хиероглифите конечно биле
дешифрирани. 
Исто така, друг клучен момент е откривањето на
тројазичниот натпис на персискиот цар Дарие
I,
издлабен на една висока карпа во близина на денешен Багдад (Ирак).
Од овој натпис, благодарение на другите две веќе познати писма,
после 22 години е дешифрирано
асирското клинесто писмо.
Сега бројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред
научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво,
откривајќи го древниот свет како никогаш порано.
Бројните хиероглифски записи, а исто така и бројните плочки испишани
со клинесто писмо меѓу другото ги откриле и бројните настани,
личности па дури и самите обичаи кои биле спомнати дотогаш само во
Библијата.
Понатаму,
личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била
потполно расветлена од страна на археологот
L.
Woollеy.
Тој во периодот од 1922 до 1932 година целосно го откопува градот
Ур, кој Библијата го споменува како „градот на Аврам“ од
каде Бог го повикал да излезе и да ја насели Хананската замја
- подоцна наречена Израил. Овој град до тогаш не постоел во ниедна
историографија или било кој археолошки пишан документ, па затоа и
било пребрзо заклучено дека тој не ни постоел, а со тоа и дека Аврам
бил измислен лик.
Откритијата на
Woollеy
покажале дека уште во 2000 г.п.н.е., токму во времето на Аврам,
градот бил напредна метропола.
Тој имал правилно поставени булевари со луксузно изградени куќи,
најчесто на два спрата, а во нивната внатрешност пронајдени се
купатила со извонреден систем за канализација. Биле ископани и
училници со сочувани лекции од аритметика и граматика; градот имал
пишани закони и добро организиран судски систем, и бил богат со
архитектура, уметност, и разновидни занаети. Интересен е и податокот
дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам. Со ова не
се тврди дека оваа таблица му припаѓала на лично на библискиот
Аврам, бидејќи потекнува од подоцна, но сепак, сведочат дека името
било користено како вообичено во тоа време (инаку според библиската
хронологија раѓањето на Аврам би било во 2170 г.п.н.е.).

Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу
биле посведочени во близината на Богазкој - денешна Турција,
со откривањето на нивната цивилизација.
И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените
плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик
каде се запишани обичаи кои се поистоветени со оние кои се запишани
во Библијата; потоа споменикот на фараонот Мернаптах
на кој се спомнува името „Израел”. Вредни се исто така и
споменикот на Моавскиот крал Меша како и
ваљакот на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги
спомнува и Библијата.
Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи,
кои на Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет
на ...”книга со најстари преписи”, кои споредени со нашите
преводи денес, немаат изгубено ништо од своето значење.
Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале,
како на пример посмртниот ковчег на Јаков -
Христовиот брат, неодамна пронајден во градот Ерусалим; или пак за
пронајдените остатоци од египетските кочии во длабочините на
Црвеното Море кои се уште се предмет на испитување.

Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување
користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има
морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и
поуки, но не може да ја оспорува историската веродостојност и
вредност на Библијата. А згора не сето тоа, ако ја прифатиме и
нејзината духовна вредност односно Божественото потекло,
сметам дека сознанијата кои ќе ги исцрпиме на ова истражување ќе
имаат полна и сериозна важност.
Македонија
и Библијата

Историјата на Еврејскиот (Израелскиот) народ - запишанa во
Библијата, не била изолирана од историјата на другите народи. Па
така, неминовно било, бележејки ја еврејската историја да бидат
спомнувани народи кои директно или индиректно биле поврзани со
историските прилики на Евреите. Познато им е на познавачите на
Библијата дека поради непослушност на Божјите уредби и закони,
Евреите (во тој миг останати без Божја заштита) биле поразени во 606
г.п.н.е. од Вавилонската империја, а потоа одведени во
ропство. Откако Вавилон бил покорен од Персијците,
за еврејскиот народ дошле помили времиња. Имено, 457 година пред
Христа,
персискиот цар Кир дал заповед со која на сите претходно
поробени народи им било дозволено да се вратат во своите матични
земји
(за ова дознаваме од Книгата на Ездра). Голем бил
бројот на еврејските повратници кои го обновиле градот Ерусалим (за
што дознаваме од Книгата на Неемија), храмот и богослужбата
во него. Сепак, одреден број Евреи останале насекаде по Персиската
империја.
Во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс
(486-465 г.п.н.е.) настанала Книгата на Естира. Естира
била млада Еврејка која според Божјото провидение и промисла,
станала царица во Персија. Оваа Книга го опишува необичниот
пресврт на настаните кога Евреите неправедно биле обвинети дека
прават заговор против царот. Обвинението се претворило во царска
уредба со која требало сите Евреи во Империјата да се погубат.
Главната личност во книгата, Мардохеј - чичкото на Естира,
успеал преку царицата да издејствува да се поништи указот и со тоа
го спасил својот народ од неправедно погубување.

Постојат, за нашето проучување, неколку интересни моменти од книгата
на Естира. Имено Аман - човекот кој го иницирал обвинението
против Евреите, во нашиот превод се нарекува Вугеецот Аман
Амадатов. Но, тука станува збор за погрешена транскрипција на
еврејскиот етноним
W O
O }
(што значи Агаги).
Овој израз, според познавачите на еврејскиот јазик би требало да
значи жител на Еге, па оттаму поблиску до оргиналот би звучел
преводот Егеецот Аман Амадатов. А, пак, за Еге знаеме дека
бил град во Македонија основан околу 700 г.п.н.е. од македонскиот
крал Пердика
I-ви
и тој долго време бил престолнина на Македонската царска династија.
Дека Аман бил од градот Еге, не наведува и преводот во
Септуагинтата, каде еврејскиот
W O
O }
(Агаги) е преведен со
Македон.
Инаку Птоломеј
II Филаделф
го нарачува преводот на Библијата (Стариот Завет) од еврејски на
„коине” (старомакедонски) јазик, наменет за потребите на Евреите во
дијаспората кои не го знаеле еврејскиот мајчин јазик. Преводот бил
направен од 70сет учени Евреи, и затоа бил наречен „Септуагинта”.
Како и да е, постои една интересна индиректна поврзаност на
Македонија со настаните во
Книгата на Естира
каде читаме дека царот Артаксеркс приредил раскошна гозба за
сите кнезови, управители и војводи од неговата империја. Но,
понатаму читаме дека: „...царицата Астин исто така приреди
гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.” После
повеќедневно јадење и пиење царот побарал да ја доведат царицата
Астин на неговата гозба: “...за да им ја покаже нејзината убавина
на народите и на кнезовите, зошто таа беше многу убава.
Но царицата
не сакаше да дојде според царевата наредба...”. Сметам
дека нема потреба да коментираме што би се случило со достоинството
на царицата Астин доколку би се појавила пред оваа насобрана
толпа на мажи, очигледно под влијание на алкохол. Ова предизвикало
голем гнев кај царот и на совет на мудреците кои „...ги познаваа
поранешните времиња...” одлучил да ја разреши Астин од
нејзиното царско достоинство (и всушност на нејзиното место подоцна
дошла Естира).
Во контекст на погоре кажаното, постои еден интересен настан запишан
од Херодот а, врзан за македонските кралеви Аминта
I
(495-452 г.п.н.е.) и неговиот син Александар
I
(495-452 г.п.н.е.).
Во тоа време Персија се уште војувала со Атина, а македонската
дипломатија одиграла многу важна улога за зачувување на македонските
интереси, вешто балансирајќи помеѓу Персија и Атина.
Во една прилика персискиот двор испратил седуммина свои најугледни
великодостојници на македонскиот двор. Во тоа време со Македонија
вледеел Аминта Iви. Тој им приредил гозба на Персијците,
но откако се опиле тие му се обратиле на царот со следниве зборови:
“Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на
свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат
со нас”. Аминта одговорил: „Персијци, ние таков обичај
немеме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи
Вие сте господари и ги барате, ќе ги добиете”. Набргу,
персиските гости добиле женско друштво, кон кои, очекувано, почнале
да се однесуваат непристојно. Со ова не се сложил синот на Аминта,
Александар Iви, кој откако го убедил татка си да замине
од гозбата, им се обратил на Персијците: „Почитувани
гости, овие жени ви стојат на располагање...но пуштете ги да се
измијат, па
ќе
ви се вратат по миењето”.
Персијците се
сложиле и
Александар Iви ги испратил жените надвор, а во исто време
облекол во женска облека ист број голобради момчиња, кои во своите
пазуви сокриле по еден нож.
Кога ги вовел внатре преправените момчиња, им се обратил на
Персијците: „...мислам дека сте кралски угостени, па
Ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри, да се уверите дека
Ви покажуваме онакво почитување какво што Ви прилега.”
Кога Персијците почнале да ги милуваат преправените момчиња, тие од
своите пазуви ги извадиле ножевите и ги убиле сите до еден...
Ова убиство предизвикало истражна постапка од Персискиот двор, но
Александар I-ви успеал да ја прикрие целата работа со тоа
што на шефот на персиската истражна комисија Бубар му дал
голема сума пари, но и неговата сестра Гигеја за жена.
Интересен е фактот што овој настан временски се поклопува со
настаните опишани во Книгата за Естира, па оттаму се
наметнуваа следниве прашања:
ако Херодот - таткото на историјата, ни открива дека
Персијците имале обичај на своите гозби да ги земаат со себе и
своите жени и љубовници, додека пак кај Македонците да бидат одвоени
мажите од жените, од каде тогаш идејата царицата Астина да прави
посебно од царот гозба со останатите жени - кога тоа видовме
дека не бил Персиски обичај!?
Од каде кај Астина желбата за противење на вулгарниот предлог да се
покажува пред пијаните гости
- кога тоа, видовме дека било вообичаено кај Перијците?
Зарем
одговорот не се крие во младата Гигеја, сестрата на Александар I,
која доаѓајќи на Персискиот двор како жена на Персиецот Бубар
извршила влијание врз другите жени па и на самата царица, која,
согледувајќи го понижувачкиот обичај за жените, одлучила да направи
промени на тие обичаи. Можеби царот во почетокот не се противел на
овие реформи, но со време новиот обичај се повеќе доаѓал во судир со
стариот обичај, и како кулминација се настаните опишани во Книгата
на Естира. Токму затоа биле повикани мудреците кои ги познавале
поранешните времиња, да го расчистат настанатиот проблем,
повикувајки се на персиските закони.
Голема била храброста на оваа млада Македонка Гигеја,
далеку од својот дом, да го подигне гласот против тој срамен и
понижувачки обичај.
Ω
* * *
во следниот број на Махатма ќе читате -
„Библиските
пророштва за Александар Македонски”
* * *
(Авторот на истражувањето е постдипломец по античка
археологија)
г
о
р
е |