НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

 358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!                  

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 10-те најголеми фирми од областа на телекомуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!                  

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 10-те најголеми фирми од областа на телекомуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 „Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

 

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

 

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

 

целокупната Еncyclopedia Britannica со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1 минута!

триминутен телефонски разговор помеѓу Њујорк и Лондон  во 1930 година чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!

 за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а компјутерот таа операција ја врши за само една секунда!

 во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!

 над 200 000 Срби (цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат на ООН!

 во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се петоколонашки и шпионски)!

 во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!

 125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен ураниум!

 постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

М У З И К А

 

.

 

Сашко КОСТОВ

 

    М и л а н      

Младеновиќ

 

(1958 – 1994)

   Милан Младеновиќ е роден  на 21 септември 1958 година во Загреб (главниот град на Хрватска) од татко Спасе - офицeр на тогашната ЈНА – Југословенска Народна Армија, кој е роден во Крушевац и мајка Даница - родена во Пухарич.

   До својата шеста година  Милан живее во Загреб, а потоа се преселува во Сараево (главниот град на Босна и Херцеговина), за којшто вели: „Сараево имаше многу мрачен впечаток врз мене. Бев страшно борбен дух, ја сакав вистината и иако бев мал јас секогаш се тепав со многу постари од мене.

Секако ме млатеа и така секогаш си доаѓав крвав дома плачејки и тоа траеше шест-седум години  колку што живеев таму... Бев дете со цвикери и носев танго гитара под мишките. Одев на часови кај прочуениот Гари Геринч. Од него научив многу акорди. Подоцна, во 1970 се преселив во Белград  (главниот град на Србија и на тогашната СФРЈ). Свирев постојано, правев некои песни. А после кога го запознав  Гаги, го оформивме Лимуново Дрво....

 

Кон крајот на 70-те години од минатиот XX век, тројца гитаристи: Драгомир - Гаги Михајловиќ; Милан Стефановиќ и вториот Милан Младеновиќ ја формираат рок групата Лимуново Дрво - во која подоцна им се приклучуваат Горан Ковинчиќ и Душан Дејановиќ - Џинџер (тапани), кој подоцна го заменува Иван Вдовиќ - тогаш средношколец, ученик во трета година Гимназија. Настапуваат на гитаријадите во Жарково и Железник, во Блок 45 („РОК БЛОК”) - во Дом на млад, а одржуваат и два самостојни концерти во СКЦ.

   Познати песни од „Лимоново Дрво“ се: Dali se sećate?; Sedmi krug; Oko moje glave; Limunovo drvo; Ne veruj; Gubitak и други.

 

   Во месец април  1980 година, како предгрупа на  Панкарти, за прв пат се појавуваат Шарло Акробата, во состав: Милан и Гаги (гитари), Душан Којиќ - Koja (бас) и Иван Вдович -ВД (тапани). После овој концерт во групата остануваат само Милан, Која и ВД.

 

*   1981

 

 излегува албумот „Пакет Аранжман” - Београдски нов бран, компилација песни од култните рок-ен-рол групи: Шарло Акробата, Идоли и Електрични Оргазам.

   Истата година е издаден соло албумот на групата Шарло Акробата „Bistriji ili tuplji čovek biva kad...”.  По бројот на живи свирки тие биле едни од нај активните музичари во Белград во тој период...   

   Шарло Акробата е авангарден состав од тројца млади и талентирани музичари полни со позитивна енергија. Тие го носат вистинскиот правец на дишење и размисливање во музиката во 80-те во целата бивша Југословенска музичка култура.

 

      Како што тоа некогаш бива, Шарло имаат постигнато брз и незапаметен успех, а нивните песни,  мелодии, текстови и музички спотови многу брзо и комплетно го поплавуваат југословенскиот етер.

  

 Заедно со нивните врсници „Електрични оргазам“ и  „Идоли’, Шарло Акробата го наметнале Новиот Бран во југословенската музичка и уметничка сцена. 

  Иако овој состав не постоеше многу долго, нивните остварувања останаа познати и ценети во целите 80-ти години, а денеска нивната музика со право се прогласува за роман и лектира во Југословенската рокенрол музика.

 

 

Е.К.В. - Хронологија

 

 

*   1982  

Милан и Која  ја напуштаат групата Шарло Акробата. Која ја формира и ден денес функционалната група „Дисциплина Кичме“, а Милан заедно со Гаги и ВД – „Katarinа II“. Во составот се приклучуваат Маргита - Маги Стефановиќ (клавијатури) и Бојан Печар  (бас). Првиот концерт на  Katarinа II е одржан кон крајот на 1982 во СКЦ, заедно со познатите Партибрејкерс и Во Шкрипец.

 

*   1984

 

   Се издава албумот „Katarina II” за  ЗКП РТВ Љубљана (Словенија).

                 

       

 

Музиката и аранжманите на песните се на целиот бенд. Материјалот е сниман е во Нови Сад – од септември до декември 1983 година. Интересно е тоа што првата снимка од овој албум била изгорена во пожар. Комплетно реиздание овој албум доживува во 1995 година.

   Песните  кои тука се среќеваат се следниве (поради оригиналност на истите, насловите ви ги пренесуваме на српско-хрватски јазик): 1. Aut; 2. Vrt; 3. Platforme; 4. Radostan dan; 5. Geto;  6. Treba da se čisti (1); 7. Ja znam; 8. Kad krenem ka;  9. Treba da se čisti (2) – Instrumental и 10. Jesen.

   По издавањето на овој албум групата и официјално го менува името од Катарина Втора во „Екатерина Велика“ или попозната како E.K.V.

 

*   1985  

Го издаваат албумот со ист наслов како и името на групата: „Ekatarina Velika”. Во овој албум од групата си заминуваат  Гаги и ВД, а доаѓа нов тапанар Иван Феце  - Фирчи.

   Издавач е истата издавачка куќа: ZKP RTLJ – Љубљана.

   Песните (вкупно осум) што се наоѓат на овој албум се: 1. Oci boje meda; 2. Tatoo; 3. Hodaj; 4. Ruke; 5. I've allways loved you;    6. Modro i Zeleno; 7. To sam ja и 8. Olovne godine.

 

*   1986

 

   Во месец февруари на пазарот излегува албумот „S vetrom uz lice”.   

  Музиката и аранжманите се на Екатерина Велика.

  Дигитален микс: Студио „SIM“ од Загреб.

  Продуцент е Драган Чачанович, а како копродуценти се појавуваат Милан И Маги.

  Гости на овој албум се: Риста, Alceo, Cober, Mirage-Senad и Станко Јушбишич.

  Песните кои тука се појавуваат се: 1. Budi sam na ulici; 2. Ti si sav moj bol; 3. Kao da je bilo nekad;           4. Umorna; 5. Novac u rukama; 6. Sarajevo; 7. Stvaran svet oko mene; 8. Soba и 9. Grad.

 

*   1987

 

Излегува „19 LIVE ‘86”, снимен во живо на концерт во Загреб. Подоцна истата година е издаден и студискиот албум „Ljubav”. Во овој албум за прв пат се приклучува тапанарот Срѓан - Жика Тодоровиќ (поранешен член на Дисциплина Кичме).

 

          

    Музика: ЕКV, а е во продукција на Theodor Yanni.

   Пратечките вокали ги пее самиот продуцент Theodor Yanni

   Песни се: 1. Zemlja; 2. Pored mene; 3. Ljubav; 4. 7 dana; 5. Voda;   6. Prvi i poslednji dan; 7. Ljudi iz gradova; 8. Zid и 9. Tonemo.

 

*   1989

 

 Во продажба излегува албумот „Samo par godina za nas”.

    Музиката е на EKV, а материјалот е сниман во Studio „M“ во октомври и ноември 1988 година,  и плус нешто во месец јаннуари1989

 Продукција: Шуба, EKV и повторно Theodor Yanni.

Песните содржани во овој албум се овие: 1. Iznad grada; 2. Krug; 3. Srce; 4. Sinhro; 5. Nisam mislio na to; 6. Par godina za nas; 7. Amerika; 8. Ona i on i on i ja; 9. Ona mi je rekla и 10. Svetilište.

 

*   1991

 

Оваа година излегува седмиот по ред албум на EKV со наслов „Dum dum”. Бојан Печар заминува во Лондон и свири со групата „Mission". Во овој албум наместо него свири Драгиша Ускоковиќ Чима, а зад тапаните е Марко Миливоевиќ (поранешен член на „Partibrejkers“).

 

 

Песните кои се тука  застапени се: 1. Dum dum; 2. Siguran; 3. Odgovor;  4. Karavan; 5. Idemo; 6. Zabranjujem; 7. Glad; 8. Bledo; 9. Hladan и за крај 10. Dolce vita.

 

*   1993

 

Последниот нивни албум е насловен како: „Neko nas posmatra”.

Музика и аранжман на Милан Младеновиќ и Маргита Стевковиќ.

Пратечки вокали: Бакоч, Чавке, Џуле, Јела и Тања Јовичевиќ.

Детски хор (женски): Ивана Станимировиќ, Анџелка Вукомановиќ, Билјана Павловиќ, Ана Савиќ и Тања Петковиќ.

Песни: 1. Neko nas posmatra; 2. Istina mašina; 3. Ne; 4. Zajedno;     5. Anestezija; 6. Just let me play some modern R'n'R music; 7. Hej mama; 8. Bežimo u mrak; 9. Jadransko more; 10. Ponos и последна 11. Bežimo u mrak (demo verzija).

 

* * *

 

   Во пролетта 1992 година, неколку водечки рок-музичари: Милан, Цане, Гиле, Шваба, Антон, Чавке, Борко и Јовец, Ја формираат групата „Римтутитуки“ и ја снимаат песната „Слушај ваму”, со познатиот  култен рефрен „Мир, брате , мир”. Синглот го објавува белградското радио B - 92.

 

   Во пролетта, пак, 1994 година Милан заминува во Бразил, кадешто заедно со Митро Суботичевиќ го снима последниот свој албум: „Angel's Breath”. Овој албум е психоделичен самба - рок  со балкански влијанија и ритмови.

              

Во Angel's Breath настапуваат и: Митар Суботиќ  (клавијатури); Милан Младеновиќ (вокал, гитара, труба и хармоника); Јоао Парахуба (ударалки - перкашн); Фaбио Голфети (гитара), Тациана Барос (главен советник); Мариша Орт  (вокал – втор глас) и Мадалена  (пратечки глас).

       

   Ова е последниот материјал кој Милан Младеновиќ го снима во својот живот. Музиката ја работеле заедно со Митар Суботиќ – Шуба, кој ги работи инструменталите, а Милан е одгорворен за текстовите. Албумот е работен и сниман во летото 1994 во бразилското студио „Wah Wah“ во градот Сао Паоло.

 Песните се отпеани на три јазици (српски, португалски и англиски). Албумот доживува промоција во почетокот на 1995 година.

 

Големото име во музиката Милан Младеновиќ, умира на 5 неомври 1994 година во Белград од рак на панкреасот - на само 36 годишна возраст... Слава му,  Бог да му душа прости . . .  Ω

 

 г о р е