✍
Taња
ИВКОВИЌ
А
Л Б Е Р Т
А
Ј Н Ш Т А Ј Н
...
Големиот научник бил
и голем Љубовник
...

Денес нашето доживување на Космосот, од најмалата честица до
најоддалеченото небесно тело, е обликувано според Теоријата што ни
ја покажа Алберт Анштајн. Многу од големите достигнувања во
последниве стотина години - квантната теорија, компјутерската
револуција, нуклеарната сила, ласерите, патувањето во вселената,
GPRS-системите му должат многу на неговиот креативен гениј...
СÉ е
релативно . . .
Станавме свесни дека „Сé е релативно!“ – брзината, масата,
просторот и времето се субјективни категории. Возраста,
движењето или талкањето на планетите не се константни мерки со кои
луѓето можат да се согласат, тие можат да проценат само од аспект на
оној што ги набљудува.
Светлината има своја тежина, просторот се искривува…
Го живееме веќе вториот милениум под ова влијание само заради Алрбет
Ајнштајн. А се започна на 30 јуни 1905 година, кога тој напиша
неколку равенки, опиша неколку едноставни феномени што го изменија
светот засекогаш и сега нема враќање назад!
За разлика од своите колеги научници, Ајнштајн сметаше дека
единствениот извор на знаење е искуството.
Тој беше човек со широки концепции, слободоумен, слободољубив и
козервативен пацифист - кој постојано се залагаше за правда и
мир. Во почетокот на Првата светска војна (1914-1918) тој одби да ја
потпише Декларацијата на германските научници кои се
сложија Германија да влезе во војна. Спротиставувајќи му се на
нацистичкиот режим, ја напушти Германија по неговата експанзија во
1933 година, поминувајќи го остатокот од животот во САД.
Својата
целосна поддршка им ја даде на пацифизмот и ционизмот, но по
заминувањето од Германија.
Дури и неговите научни теории од страна на нацистите беа јавно
изложени на потсмев,
особено неговата Теорија за релативитетот. На негово
предупредување во 1939 година (Ајнштајн и неколку познати физичари
му напишаа писмо на претседателот Френклин Рузвелт) за да ги
спречат Германците да направат „Атомска бомба“, во Америка ја
започнаа истражувачката работа за произвотство на таква бомба.
Подоцна Ајнштајн упорно се бореше против примената на тоа оружје.
Тој никогаш не престана да се декларира како пацифист и хуманист,
иако научниците ја искористија неговата капитална Равенка:
Е = mc²
(Енергијата е еднаква на масата по брзината нма светлината на
квадрат)
за да направат атомска бомба.
По завршувањето на Втората светска војна (1939–1945) тој се
ангажираше на планот на светско разоружување.
Продолжи да ги поддржува ционистите, но ја одби понудата од водачот
на израелската држава да стане прв претседател на Израел.
Почина на 18 мај 1955 година, во 76-тата година од својот живот во
Принстон, Њу Џерси - САД. Вкупната колекција од неговите дела
беше објавена дури во 1987 година...

Освен
своето најпознато дело, Теорија на релавитетот, која не само
што е од основна важност како темелна рамка за понатамошен развој на
физиката туку и длабоко навлегува во филозофските концепции, од
корен ја менувајќи ја претставата за просторот и времето, а згора на
тоа ги допира проблемите на космологијата, Ајнштајн во физиката даде
и други важни прилози. Во 1905 ја воведе
Хипотезата за квантните честитки на светлината
или фотоните, односно претпоставка дека светлината
може да се сфати и корпускуларно, како рој на честички - кога треба
да се објаснат некои појави како на пример, фотоефектот.
Во 1917 година тој ги изведе првите Квантни закони за
материјата. Од голема важност е и неговата работа на полето
на индуцираното зрачење - што стана теориска основа за
ласерите. Исто така, Ајнштајн е автор на важни студии на
полето на Бруновото движење (што даде индиректен доказ
за постоењето на атомите пред експериментална потврда);
законот според кој се пресметува топлинскиот капацитет на
кристалите. За трудовите на полето на Квантната теорија
во 1921 година му беше доделена и
Нобеловата награда.
Тој ја разви Теоријата на физичкото поле барајки врска
меѓу гравитациското и електромагнетното поле.
Неговите религиозни
погледи . . .
Покрај својата прва и ненадмината љубов - физиката, и
воодушевувањето од женскиот свет, Ајнштајн - навидум „отсутниот
гениј“ од реалниот свет, беше длабоко засегнат од сите
процеси што го сочинуваат животот.
Иако чудак во својот приватен живот, тој беше многу
почитуван поради своето пријателско држење, кое влечеше
корени од неговиот пацифизам.
Се истакнуваше со необична скромност во однос на својот гениј и
имаше исклучителни навики и држење, ја минимизираше својата облека
за да не губи време размислуваки што да облече. Повремено можеше да
се истакне со игрива смисла за хумор, а особено уживаше во
едрењето и виолината. Тој беше стереотипен „отсутен, замислен
професор”; често ги забораваше секојдневните предмети (како што
се клучевите) и интензивно концентрирајки се на решавање на проблеми
од физиката, често беше незабележан во својата околина.

Неговите
религиозни ставови се опишуваат како пантеизам, според
одговорот што тој му го имаше напишано на рабинот Херберт
Голдстајн од Интернационалната синагога во Њујорк во кој стои:
„Јас верувам во Богот на Спиноза кој самиот се открива себе
си во подредената хармонија на постојното, а не во Бог што е
окупиран со судбините и делата од човечките суштества”.
Откако Мартин Бубер ќе го притисне поради неговите религиозни
погледи, Ајнштајн ќе изјави:
„Она што ние (физичарите) се обидуваме да го постигнеме е да ги
исцртаме неговите контури според неговиот облик”.
Сумирајќи ги своите религиозни погледи, тој еднаш рече:
„Мојата религија се состои од искреното воодушевување од
безграничниот супериорен дух, кој се открива во малите детали што
можеме да ги забележиме со нашиот кревок и немоќен ум”.
Иако е израснат како Евреин, тој никогаш не бил поклоник на
Јудизмот. Тој едноставно им се восхитуваше на убавината и природата
на Универзумот...
Медиумите го нападнаа . . .
Во
1999 година, од страна на списанието „Тајмс” Ајнштајн беше
именуван како „личност на Векот”. Тој стана главна тема на
многу романи, филмови и драми меѓу кои може да се издвојат филмот на
Фред Шеписи „Неважност”, „Коефициент на интелегенција”
и романот на Алан Лајтман „Ајнштајновите сништа”.
Ајнштајн беше дури и главна тема на неверојатната опера на Филип
Глас од 1976 година „Ајнштајн на плажа”.
Во книжевните дела често го користат како модел за портретирање на
екцентрични научници;
неговиот карактер и препознатливата, карактеристична фризура
упатуваат на неговата екцентричност или дури налудничавост, и
нашироко се копираат или пренагласуваат.
На 72-от роденден на Ајнштајн во 1951 година,
еден непознат фотограф ќе
се обиде да му измами насмевка пред
камерата. За да ја разбие монотонијата на целодневната
фотосесија, Ајнштајн ќе го исплази јазикот -
оваа фотографија набргу прерасна во икона на поп-културата поради
контрастот на генијалниот научник фатен во момент на непромисленост...
Денес името Алберт Ајнштајн е регистрирана трговска ознака на
Агенцијата „Роџер Ричмен”, која ја контролира
комерцијалната употреба на неговото име. Рекламите и
предметите, кои ги содржат името и имиџот на Ајнштајн,
мора да бидат лиценцирани во оваа агенција. Во овој конкретен
случај
Агенцијата функционира како репрезент на Хебрејскиот универзитет во
Ерусалим,
кој и самиот го поддржуваше, а Универзитетот ги користи сите
придобивки од таксите за лиценцата. Агенцијата има право
целосно да го заштити користењето на Алберт Ајнштајн на начин што не
се усогласува со јавната слика за заштитна трговска марка. Во негова
чест беа именувани хемискиот елемент „ајнштајниум“ и
астероидот „Ајнштајн 2001”.
Вљубениот Ајнштајн
Последните години од животот на Ајнштајн поминале во знакот на
неговата голема
тајна љубов кон Маргарита Коненкова - сопруга на големиот
руски склуптор Сергеј Коненков.
Тоа било љубов на прв поглед.

Ајнштајн го пречекорил прагот на ателјето на Коненков за прв пат во
1935 година. Поводот била порачката од Принстонскиот универзитет до
склуптурот да направи портрет на големиот физичар.
Во мигот на средбата, легендарниот научник имал 56 години, а
Коненкова 39 години.
Меѓу нив веднаш се родила силна привлечност.
Таа започнала често да го посетува. За да имаат можност да
поминуваат долго време во куќата на Ајнштајн, двајцата измислиле
непостоечки здравствен проблем кај Маргарита. Му испратиле на Сергеј
дури и лекарска препорака според која, за оздравување на неговата
сопруга, неопходно е таа да престојува подолго време „среде
благотворната клима” крај Езерото, каде што се наоѓала летната
вила на физичарот.
Коненков или си ги затворал очите или, и дозволувал на девојката
буквално да го влече за нос? Како и да е, тој не и пречел на жена си
да поминува долго време крај езерото.
Секогаш кога одела на средба кај својот таен љубен,
Маргарита ги носела и своите домашни миленичиња – неколку
бели стаорци.
Таа ги имала со години и ги обожавала. Тие, најверојатно го
задоволувале нејзиниот мајчински инстинкт. Коненкова немала деца и
не сакала да раѓа за да не и се расипе нејзината прекрасна фигура...
Како доказ од времето поминато со Ајнштајн, се останати многу
заеднички слики (заеднички затоа што на нив работеле и
двајцата). Сите се потпишани со псевдонимот
Алма
– составен од првите две букви од нивните имиња. Фотографиите од
мигот на нивното запознавање па натаму, разгледувани по хронолошки
редослед, даваат сосема јасна слика за тоа како се одвивале
работите. На првите фотографии се наоѓаат двете семејства.
Постепено од нив исчезнува Сергеј.
Пред објективот застануваат само Алберт, жена му Елза и Маргарита.
По смртта на Елза, на нејзино место пред објективот секогаш блиску
до научникот, постојано е Маргарита!
Во 1945 година Коненкови морале да се вратат во тогашниот СССР. Од
тој миг, се што можеле да направат Ајнштајн и Маргарита било да си
разменуваат писма. Всушност, писмата му биле приоритет на
Алберт, додека пак неговата љубена, којзнае зошто, повеќе ги сакала
телеграмите. Секое негово писмо започнувало со
„Моја најдрага Маргарита!”,
а завршувало со „Твој А. А.”. Физичарот бил многу поупорен и
попостојан. Коненкова му одговарала релативно ретко.
Во тоа време, Сергеј знаел веќе дека односите што постоеле меѓу жена
му и научникот се повеќе од обично пријателство. Какви сцени
следувале по тоа откритие, не се знае. Но, познато е дека биле мошне
бурни. Од тој миг па натаму, Сергеј и се посветува целосно на
својата работа, а Маргарита на здодевноста. Советскиот начин на
живот не и бил според вкусот.

Маргарита
ги надживеала и својот сопруг и својот љубовник.
Но, нејзините последни години и биле ужасни. Од нејзината надворешна
убавина не останало веќе ништо. Таа била здебелена и огрдена. Била
болна и, практично, не станувала од постелата. Нејзината слугинка,
кај која блескавото минато, тоалетите, накитот на Коненкова - буделе
голема завист, не пропуштала ниту една пригода да ја измачува. Таа и
ги украла сите алишта и скапоцености. Немало никој да спречи во тоа,
бидејки никој не се интересирал веќе одамна за Маргарита Коненкова.
Коненкова умрела во 1980 година, од исцрпеност.
Болничарите едвај успеале да со симнат нејзиното огромно тело по
скалите. Тие не се ни сомневале дека ја носат покојната муза на
големиот Сергеј Коненков и последната голема љубов на Алберт
Ајнштајн. Жената која им го свртила умот и на уште многу други
познати мажи (како на пример на таткото и синот Шалјапин,
Бромирски, Рахмањинов и други).
Ω
г
о
р
е
|