НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

                                         

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на телекомуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

О Р А Т О Р И У М

 

 

 

 Emaнуел  ПАЛИКАРИУС

 

 

  ЕДНА НОЌ ЌЕ СЕ УДАВИТЕ

 ВО СОПСТВЕНИОТ ИЗМЕТ

(И н д и ј а н с к и   Г о в о р)

 

                 

 

 Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме емотивниот одговор од поглаварот на  индијанското племе  

С и е т л , на писмото - понуда испратено од тогашниот американски претседател Абрахам  Линколн, во кој овој барал  Соединетите Американски Држави да откупат голем дел од индијанската територија, а на Индијанците да им отстапат  т.н. „резервати“  во кои тие би живееле како во кафези. Овој настан се случил во текот на втората половина на XIX век, поточно после  изборот на Линколн, како републикански кандидат, за претседател на САД  (во 1861 година).

 

* * * 

 

   -  Како може да се продаде или купи Небото или топлината на Земјата?

   Ние не сме сопственици на свежиот воздух или бистрата вода. Секое делче од оваа Земја е свето за мојот народ. Секоја метличка во темнината на шумата свети во мислите на мојот народ…

   Кога мртвите белолики одат на прошетка меѓу ѕвездите ја забораваат Земјата што им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат земјата, бидејќи таа е Мајка на Црвениот човек. Кога Големиот Поглавица од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја - бара премногу од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни најде место на кое убаво ќе живееме. Тој ќе ни биде татко, а ние негови деца... 

   Поглавицата на племето Сиетл говори: Ќе ја разгледаме понудата да ја купите нашата земја, ама тоа нема да биде лесно! Оваа земја ни е света. Ова што тече по брзаците на нашите реки не е само вода туку и крвта на нашите предци.

   Знаеме дека Белиот човек ќе не разбере. Нему еден дел од Земјата му е како кој било друг. Тој е странец што доаѓа и од Земјата зема се што му е потребно. Земјата не му е како брат, туку како непријател. Кога ќе ја покори тој продолжува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите татковци и не му е грижа. Гробовите на неговите предци и земјата што му ги роди децата остануваат заборавени. Неговата алчност ќе ја уништи земјата и ќе направи пустош.

  

   Нашиот начин на живеење се разликува од Вашиот. Од погледот на Вашите градови Црвениот човек го болат очите. Тоа е можеби затоа што Белиот човек нема мирно катче, нема место каде би се слушнало отворањето на лисјата во пролет или треперењето на крилјата на мушичката. Бучавата ми ги навредува ушите.   

Индијанецот го сака звукот на ветарот кога си поигрува со површината на мочуриштето, мирисот на воздухот освежен со пладневниот дожд. Најголемо богатство на Црвениот човек е Воздухот. Белиот човек како да не го чувствува Воздухот што го вдишува. Како некој кој е пред смрт, така и Белиот човек е имун на смрдеа.

   Ако Ви ја продадеме земјата морате да ја чувате како скапоценост, како место на кое ќе може и Белиот човек да вдише ветар засладен со мирисот на полското цвеќе. Белиот човек ќе мора да се однесува спрема животните од овој крај како кон свои браќа.

 

   Див сум и не разбирам поинаков живот. Што е човекот без животните? Кога би исчезнале животните човекот би умрел од осаменоста на духот. Она што ќе им се случи на животните набргу му се случува и на човекот. Сé во светот е поврзано. Не е човекот творец на ткаечницата на животот, туку е сам нишка во неа. Што прави со ткаечницата тоа го прави и со себеси. 

 

Племето го следи племето, народот го следи народот - како брановите во морето. Тоа е редот во природата од кој дури ни Белиот човек не може да биде исклучен. Можеби сепак сме браќа - ќе видиме!?   Белиот човек ќе го снема можеби и пред сите други племиња. Валкајте го само своето легло и една ноќ ќе се удавите во сопствениот измет. Во своето настојување ќе горите во огнот на Богот што Ве довел наваму и со некои необјаснети намери Ви дал власт над оваа земја и над Црвениот човек.   Не разбирам зошто се убива бизонот, зошто се кротат дивите коњи, зошто во длабочината на шумата има толку човекова смрдеа...?   - Каде е еленот, дабарот? Каде се? Ги нема повеќе. - Каде е орелот? Одлета . . .

  

Вистинскиот живот заврши. Почнува борбата за опстанок !  

 

 

 г о р е