НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот Бонд Стил на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските медиуми

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!

 

над 200 000 Срби (цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат на ООН!

 

во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се петоколонашки и шпионски)!

 

во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!

 

125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен ураниум!

 

постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

 

само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!

 

за само две години од окупацијата на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!

 

700 милиони $ годишно троши албанската мафија и  дијаспора за независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на политичари, обука, стратегија и слично)!

 

34 олигархиски групи ја контролираат целата економија на Руската Федерација!

 

земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -  со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

 

кај нас има гранични премини  на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!

 

90% од Холандските тинејџери  знаат да говорат на течен англиски јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!

 

во изминативе 100 години температурата на планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!

 

органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!

 

за да има напредок, раст и стопански развој на една економија и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и со релативно добри лични примања!

 

во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на Аљаска на САД  и тоа за само 7,2 милиони $!

 

 

 

 
 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

 

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на теле-комуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

 

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

 

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

 

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

 

целокупната Еncyclopedia Britannica со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1 минута!

 

триминутен телефонски разговор помеѓу Њујорк и Лондон  во 1930 година чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

П О Е З И Ј А

 

 

 

Изборот на песни го направи  Редакцијата  на  М А Х А Т М А

           

                                                             

СОЛАРНИ  СИМБОЛИ

 од Димитри Соле Коцев

 

 

 Димитри Соле Коцев е автор што првпат со  одделна книга се јавува на македонската поетска сцена.    Роден е во градот Велес, на 6 септември 1978 година.

   Основно, средно и гимназиско образование стекнал во Велес, а во деновите на појавата на оваа книга е апсолвент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на групата по италијански јазик и книжевност.

   Објавувал стихови во студентски и младински периодични списанија во Скопје и во периодични публикации во Велес.

   Работи како хонорарен професор по италијански јазик.

 

   Промоцијата на неговата прва стихозбирка се одржа на 4 јули 2004 година, во спомен куќата на Васил Главинов во Велес. Промотори и рерцензенти на истата беа поетот Јордан Даниловски и Мирјана Недева. Стиховите на несекојдневниот перформанс што беше приреден за одбраната поканета публика ги говореше актерката Зорица Панчиќ.

 

   Инаку книгата „Соларни Симболи“ е во издание на издавачката куќа „Макавеј“, во нивната едиција насловена како Првенци.

 

                    

 

      Што се однесува до структурата на книгата, таа е поделена на два дела, со вкупно 22 песни.

*             Првиот дел носи ист наслов како и книгата Соларни Симболи (и ги содржи песните: Соларни симболи, Мртво огледало, Клуч, срамни приказни, * * * , Легенда, Момче-приказна, Тага, Марија и Индија).

*             Вториоот дел, пак, е насловена како Непребол (и ги содржи поемите Непребол и 10.09.01; како и песните Кога бевме сами, Некој ги украл крилјата на лебедот, Свадба, Добра ноќ љубов, Поезија во сино, Зависник од твоето постоење, Ангелу мој, Ти напишав песна и * * * ).

 

* * *

  

 СОЛАРНИ СИМБОЛИ


  Се престори во сонце.
  Не знаеш што се соларни симболи
  јас знам за сончевите приказни.
  Ти не знаеш да раскажуваш
  Јас не прикажувам.
 

Ти патуваш под јаворите,
 јас во Вангоговите градини...


  И зедов сончоглед
  да ти дојдам во двор,
  под карпа,
 да ја љубам свилата во која ќе ноќеваш
 да те љубам тебе
 Хана, месечино моја.


 Ти ги грабнав очите
 ти ќе ме љубиш засекогаш...


 Не играј со својот создавач
 црвените перја на Павлета
 носат многу вистини,
 будења во камен и изгрев во свила
 И јас во утрина.

 

 

МРТВО ОГЛЕДАЛО

 

 Туѓи полиња плодиш ти
 создание неплодно...


 Копајќи си низ душата
 создаде мртво огледало...


 Те повикав во градината на бесмртните
 дворец да градиме од ребра и перје
 ти беспана во темнината
 радите ги броиш по небото
 мислиш светлина ќе создадат
 во вазна да ја чуваш...


 Светлината по полиња расте...


 Ти гониш ветрови
 приказна да ти раскажат
 Јас гонам ветрови
 благост во градината


 Што ли плодиш ти
 создание божествено
 тајни мрачни што чуваш
 во чашка од лале?
 

 

К Л У Ч


  Клуч врз сонот ставив
  Во капка ликот да не го гледам...
  Убавини навираат
 Камен по камен толчени...


 Клучот во црвено го обоив
 огледало твое да биде.


 Создание привидно
 заплеткај ги косите во афион
 облак да ти родат...


 Невидливост, речиси мечта
 привид во огледало ти си
 прекрасна муза.


 Со стаклен клуч сонот го затворив
 во облаци да заспиваш...

  

 

Л Е Г Е Н Д А

 

 Воздухот околу тебе
 сочинува сјај
 Сонце - ти
 убавина непостоечка...


 Гулабот писмоносец
   приказна раскажува


 патува мислата
 љубам јас,
 љубиш ти,
 сонуваш можеби
 бајка за еднорогот
 бајка за тебе.


 Ти прекрасна моја
 создаваш легенди...


 Гривата ти ја бакнувам.

 
 

 МОМЧЕ – ПРИКАЗНА

 
  Дождот ја изми калдрмата од твоите стапки
  свилена убавина патува низ времето
  јас момче-приказна ја обојувам мислата.


  Бура од леснотија
  снежи во мај
 јас момче-пустина тагувам по зимата.


  Каде води ветрот северен
  крилја што си негови
 каде оди бродот твој
 светлино моја недопрена?


 Болка и копнеж
 кон твоето враќање...


 Сновидение на Хермеса вљубсн.


 Муза синолика ти си
 ѕвезда во перје
 љубов...


 Приказна...

 

  

НЕКОЈ ГИ УКРАЛ
 КРИЛЈАТА НА ЛЕБЕДОТ

 


 Некој ги украл крилјата на лебедот,
 велат
 тој бил гонетиот...


 Создавал чуда велат
 подарувал перје
 и создавал ангели...
 Се противел на Бога, летале
 шепот стигна утрово...


 Гемија чудна имал, царство чиниш
 молња а сенка,
 да не го плаши злото.


 Сите синила пловка му биле
 нит небо, нит земја
 нит воздух, нит оган
 ни камен, ни дрво
 од школка и зрак, син бил
 ветар и оган
 сновиден привид.


  Ниту ангелите не го гледале, велат
  само квечерина,
  кога на млада месечина
 танцувал со исчезнатите пеперуги.


 Љубел, дошепнаа мугрите
 и таа била синокрила
 под сини водопади го завела
 неветена, недољубена...
 Сите кораби го допреа брегот
 крадејќи од ветрот
 силувајќи ги сонцата
 потчинувајќи ја бурата
 ништејќи ги водите
 милно брегуваат


 Ветрот го бараат.


 Некој ги украл крилјата на лебедот
 велат...

 

 

АНГЕЛУ МОЈ

 

 Зошто си толку натажена
 о, дару земјен бесценет
 зар една градина не е доволна
 да ги збере твоите пеперутки...


 Зошто си толку далечна
 о, убавино во моите одаи
 Ти што немир создаваш
 Сонцето го чиниш засенето засекогаш
 и денот останува без убавина...


 Зошто си толку далечна
 о, музо низ моите сништа
 Ти што копнеж создаваш
 сонот го оставаш
 недосонуван засекогаш...


 Ги допирам јас облаците
 за ангелска светлина да побарам...
 ѕвездите веќе одамна танцуваат,
 небото не очекува
 подари ми ангелска светлина
 ангелу мој.


 

 ТИ НАПИШАВ ПЕСНА

 
 Ти напишав песна
 Песна за ангелот
 Всушност песната ја напиша тој
 Или ја пеев јас
 Бела песна за бели ангели
 Златести крилја од Сонцето подарени
 Две зелени камчиња од Индија...
 Дали Ангелите водат љубов?
 Јас те водев за рака низ рајската градина
 Летавме заедно со пеперутките
 Свилата твоја врз моето лице
 Дали си ти љубов забрането овошје
 Или сум јас натрапникот во Рајот...
 Сина песна за бели ангели
 Пишувам песна
 Или мечтаам под твојот прозорец
 Белите ангели секогаш летаат повисоко..
 

  

10. IX. ’01

 
       Совршено добар број за почеток на приказната. Максимална контрадикторност. Т.е. јас.

Денот и не беше баш така прекрасен. Во разговор со Салвадор (претпочитам луѓето да ги ословувам по нивното прво име) отсонував уште еден од моите налудничави соништа иако требаше да престанат пред неколку дена откога индијанските воини бдеат над моите сни.
       Претчувствував зло и како и секогаш, (како што и доликува на нашата самосвест го пренесов на друг) го доживеав Јас, јас и трагав по него. Не одземај некому нешто коешто ни тој самиот не знае зошто го создал и кому е наменето.

     Упорноста во тој случај не е израз на твоето високо битијно постоење туку е само тврдоглавост со стремеж кон самопотврдување.
       Иако мојата ветерница утрово за првпат го пронајде својот двигател кон самозадоволувањето, моите соседи останаа се уште во длабок летен сон кој наскоро ќе премине во есенски а се надевам и потаму, (ако даде Бог).
        Ангели ми танцуваат под прозорецот. Две маслинки претставуваат совршен појадок пред пладневното кафе. 

 

   г о р е