✍
Уредникот
ШТО
ДА ЧИТААТ
АЛТЕР
- ГЛОБАЛИСТИТЕ
?
Оваа рубрика е наменета за читателите кои сакаат да си продлабочат
знаењата во одредени области за кои чувствуваат потреба. Во секој
нареден број на МАХАТМА ќе ви презентираме по три книги за кои
можеби и не сте знаеле дека можете да ги најдете и на македонски
јазик...
ШТО
Е ГЛОБАЛИЗАЦИЈА?
–
Улрих Б Е К
(наслов на оригиналот: Was
Ist Globalisierung? – Ulrich Beck).

Првото
издание на ова дело излезе
во Германија
во 1997 година. Напишано е на германски јазик, но македонскиот
превод е правен од англиски, со што овој текст, мора да забележиме,
дека губи од својата автентичност. Но и покрај овое добронамерни
забелешки, мораме исто така да ја пофалиме издавачката куќа
Тера Магика што на македонската читателска публика во 2003
година им го доближи ова исклучително квалитетно четиво, на околу
200 страници, за најновиот светски феномен – феноменот на
глобализацијата.
Покрај Воведот во којшто ќе можете да прочитате за т.н.
„виртуелни даночни обврзници“, целокупната содржина на книгата е
поделена на два дела, и тоа:
ДИМЕНЗИИ; КОНТРОВЕРЗИ И ДЕФИНИЦИИ
– кадешто авторот говори за Социологијата на
глобализацијата; Транснационалното граѓанско општество и
Контурите на светското општество;
ПЕРСПЕКТИВИ
–
кадешто се говори за Грешките на глобализмот; Одговорот на
глобализацијата; Европа и глобализацијата (или т.н. “бразилизација
на Европа“).
Авторот, инаку е познат германски социолог, ја има напишано и
книгата „СВЕТСКО РИЗИЧНО ОПШТЕСТВО“ каде се вели дека основен
белег на новово „ризично општество“ е сериски произведуваната
несигурност во којашто живеат граѓаните на светот. Тој, по аналогија
на Карл Маркс, го составува т.н. „КОСМОПОЛИТСКИ МАНИФЕСТ“
во којшто повикува:
„Граѓани од цел свет – обединете се!“.
Во многу свои излагања и научни расправи овој автор говорејќи за
агресивниот НАТО пакт, го воведува терминот
„воен (милитарен) хуманизам“
т.е користењето на хуманитарното право како легитимитет за воени
интервенции врз суверени држави. Тој понатаму говори за длабоката
криза кој постои во Обединатите Нации, велејќи дека таа се
манифестира преку: а) финансиската зависност на ООН од САД и б)
заобиколувањето на светската организација (а особено Советот за
безбедност) од страна на САД кога тоа е потребно.
Понатаму, Бек говори за
чудниот пораст на сиромаштијата
во светот, изнесувајќи податоци дека во 90-те години на XX век
повеќе од 2,4 милијарди луѓе на планетава беа без канализација;
повеќе од 1,2 милијарди луѓе беа лишени од чиста вода за пиење, од
здравствена заштита, од нормални услови за живот како и од
образование; а над 1,5 милијарди луѓе страдаа од недоволна исхрана.
МУЛТИКУЛТУРНО ГРАЃАНСТВО / Либерална Теорија за малцински права
–
Вил К И М Л И К А
(наслов на оригиналот:
Multicultural Citizanship – A liberal theory of minority rights
– Will Kymlicka).

Првото издание на оваа книга излезе во 1995 година во Оксфорд,
Велика Британија. На македонски јазик е преведена во 2004 година,
благодарение на Институтот за демократија, солидарност и
цивилно општество.
Во ова дело се говори за: Политиката на мултикултурализмот;
Индивидуалните и колективните права; Преиспитувањето на либералната
традиција; Слободата и културата; Правдата и малцинските права;
Обезбедување глас за малцинствата; Толеранцијата и нејзините
граници, како и за Врските што поврзуваат.
Проф. д-р Ѓорѓе Иванов, кој го пишува Поговорот кон
оваа книга, ќе заклучи дека:
„...Вил Кимлика го прави пресвртот при помирувањето на либерализмот
и етнокултурната хетерогеност... Теоретскиот модел на Кимлика за
речиси една деценија отвори низа прашања, полемики и коментари“.
Инаку, авторот Вил Кимлика е професор по филозофија на
Универзитетот во Отава и на Универзитетот Карлтон.
Неговите ставови, како што вели и тој самиот извираат од Канада –
таа земја кој по многу нешта се разликува од англосаксонскиот свет.
Тој е автор на книгите: „ЛИБЕРАЛИЗАМ, ЗАЕДНИЦА И КУЛТУРА“,
како и на „СОВРЕМЕНА ПОЛИТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА“. Уредник е на
книгата „ПРАВАТА НА МАЛЦИНСКИТЕ КУЛТУРИ“, и е коуредник на
книгата „ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ И КОЛЕКТИВНИТЕ ПРАВА“. Добитник
е на признанието Макферсон во 1996 година коешто го доделува
Канадската Асоцијација за Политички Науки; како и на
наградата Банч во истата 1996 година – која ја доделува
Американската Асоцијација за Политички Науки.
Професорот Кимлика нагласува дека не постои единствена формула кој
може да биде применета врз сите групи и дека потребите и аспирациите
на имигрантите се мошне различни од оние на локалните народи и на
националните малцинства.
Чарлс Тејлор,
уредник на American Political Science Review,
забележува дека:
„...ова е една многу значајна книга, една од оние неопходните во
современата дискусија за мултикултурализмот. Таа е неизмерно богата,
информативна, напишана од еден првокласен филозофски ум, а
мотивирана од една хумана перспектива. Книгава би требало да
претставува обврзно четиво за сите оние кои сакаат да ја продолжат
дебатата во оваа значајна област...“.
МОДЕРНОСТА И САМОИДЕНТИТЕТОТ / Сопството и општеството во доцната
модерна ера
–
Ентони Г И Д Е Н С
(наслов на оригиналот:
Modernity and Self-identity – Anthony Giddens).

Првото издание на оваа книга датира од 1991 година, а македонската
јавност ова дело можеше да го чита на наш јазик од 2001 година, кога
благодарение на издавачката куќа Темплум таа е
преведена од англиски јазик.
Содржината на книгата е поделена на следниве поглавја:
Контурите на високата модерност; Сопството: онтолошка безбедност и
егзистенцијална тегобност; Патеката на сопството; Судбината, ризикот
и безбедноста; Одвојувањето на искуството; Маките на сопството и
Појавата на животната политика.
Авторот Ентони Гиденс е еден од најважните и
најпродуктивни социолози во светот, за што сведочат и неговите 30-ет
книги кои се преведени на 22 јазици. Последните години тој е посебно
влијателен, бидејќи програмски ги осмисли Новите Лабуристи на
британскиот премиер Тони Блер.
Неговата најпопуларна социолошка книга е „ТРЕТИОТ ПАТ - Обнова
на Социјалдемократијата“ (која исто така можете да ја најдете на
македонски јазик). Во неа тој тргнува од тезата сека социјализмот
станува конзервативен, а конзервативизмот радикален – и дека
тие два политички концепти треба да се напуштат.
Автор е и на книгата „ЗАБЕГАН СВЕТ“ (ја има во превод и на
македонски јазик, а издавач е Филозофскиот факултет од Скопје).
Овој плоден социолог во делото „МОДЕРНОСТА И САМОИДЕНТИТЕТОТ“
- кое е и предмет на нашава презентација, се занимава со некои од
клучните прашања на XX-от , па и на XXI-от
век, како на пример: на кој начин се менува чувствувањето на
простор-времето; што носи модернизмот како еден
посттрадиционален производ; кои се политичките, но и идентитетските
импликации на модернизмот; што значи концептор на животната политика
и сл. Тој самиот ќе рече дека:
„...Живееме во време кога самото лично искуство да се има сопствен
идентитет што треба да се открие, лична судбина што треба да се
исполни - станува субверзивна политичка сила од повисок ранг...“.
Ω
г
о
р
е
|