|
US Invader
Проглас до
почитуваните ни читатели
Не ни стојте
на патот...
Глобализацијата како војна од нов тип
Кампот „Бонд Стил“ на
Косово
Велигденското Востание во Ирска (1916)
Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал
Александар Караѓорѓевиќ
Хегемонијата на капиталистичките вредности
Политичката контрола над егзекутивата
Историски дискурс за „слободите
и правата на човекот и граѓанинот“
Бушидо - душата на Јапонија
Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол
Јован Богослов
Македонците во Библијата
Индијански (од)говор
„Екоцидот“ при НАТО
агресијата врз Југославија (1999)
Ексклузивно за МАХАТМА: разговор со Умберто
ПАСКАЛИ
Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда
High-Tech криминалитетот
во денешнинава
Што да читаат алтер-глобалистите?
Мрак во Македонските „медиуми“
Општење за општеството...
Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен
љубовник
Борба за возвишување (или бесмртност на тлото
на златната средина)
Писмо од Земјата што зборува
- преписка
„Соларни симболи“ од Димче Коцев
Stigmata &
Trainspotting
Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958
- 1994)
Bob Marley - политички
мотивирани текстови
Aggressive inline skating-от во Македонија
Фотографии од наши активности
Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)
Уредник, Членови, Поддршка и Соработници







++
358 енормно богати мулти-милијардери денес
поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000
нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја
уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од
власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот
на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на
Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско
богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и
над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно
гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти
спектакли и настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во
САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза
(попознат како Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од
вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66%
од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце
држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
теле-комуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е
вреден цели 300 милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа
светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика
Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот
за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив
повторно ја нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската
популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година
(а истиот во 1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално
помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во
доцните 1970-ти години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во
текот на една година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а
стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за
600% што предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во
„најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62
осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000
жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на
осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има
плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови
затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се
под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за
споредба, на 100 000 жители има затвореници во: Велика Британија -
120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со
Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот
диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос
дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од
хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300
долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно! |
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни
болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се
излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по
едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што
биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе
од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те
неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на
богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет
на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО
заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски
долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби,
кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната
материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на
поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под
суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на
„меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера,
а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда
телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште,
кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и
настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54
долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како
Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот
на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски
работник!
само четири
светски новински агенции
дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното
издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и
телевизијата)!
девет од 10-те најголеми
рекламни фирми
и маркетинг агенции се американски!
во
Холивуд
се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на
американски филмови
во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000
транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското
производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од
вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на
теле-комуникациите
контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300
милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската
индустрија за храна и пијалоци,
а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални
корпорации!
пред две децении 65
хемиски компании
биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од
светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од
странските директни инвестиции
потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и
Германија)!
брокерските финансиски трансакции
достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски
долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат
резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“
кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во
воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше
потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање
на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја
нема Америка!
учеството на најсиромашните 5% од светската популација во
глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во
1989 беше над 2,3%)!
во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per
capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти
години!
генетски модификуваните посеви
пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што
претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!
во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една
година, а во Австралија само 65!
во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на
известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што
предизвикува страв кај населението!
најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на
светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ
имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни
700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за
над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници).
На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10
милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи
ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има
затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60;
Грција - 55; Исланд - 40)!
во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот
направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати,
којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија
ќе го уапси!
годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј
пазар главно го контролира Косовската мафија!
народи без држави
се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги
има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат
меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира
во ниту една позната поделба и други!
целокупната
Еncyclopedia Britannica
со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1
минута!
триминутен
телефонски разговор
помеѓу Њујорк и Лондон во 1930 година чинел 300 долари, за да денес
преку Интернет е скоро бесплатно!
за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а
компјутерот
таа операција ја врши за само една секунда!
во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91)
под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател
Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12
000 ирачки војници!
над 200 000
Срби
(цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат
на ООН!
во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини
организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се
петоколонашки и шпионски)!
во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои
се и сексуално злоставувани!
125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од
рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на
осиромашен ураниум!
постои светски тренд на
концентрација на населението
во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%)
или во Индија (34%)!
само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
за само две години од
окупацијата
на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски
војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!
700 милиони $ годишно троши албанската мафија и дијаспора за
независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на
политичари, обука, стратегија и слично)!
34
олигархиски групи
ја контролираат целата економија на Руската Федерација!
земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -
со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!
кај нас има
гранични премини
на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!
90% од Холандските тинејџери знаат да говорат на течен англиски
јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!
во изминативе 100 години температурата на планетава во просек
пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!
органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти,
а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои
околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите
земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и
ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“
кој владее во Унијата!
за да има напредок, раст и стопански развој на една економија
и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и
со релативно добри лични примања!
Бакингамската палата
во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја
полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен,
2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се
грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно
работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно.
Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В.
Британија, кој пак живее на познатата „Тен Даунинг Стрит“!
во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на
Аљаска
на САД и тоа за само 7,2 милиони $!
по падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени
околу 1 200 000
професионални
разузнавачи
на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа
формираат паралелни системи во подземјето (мафијата)!
|
✍
Ангел ПАНОВ
Нелсон
Мандела
Револуционерниот герилец koj ја доби Нобеловата награда за мир

„Најголемо задоволство за Нелсон Мандела е гледањето на залезот на
сонцето, придружено со музика од Хендел или од Чајковски”
Само поглед во неговата ќелија во текот на дневните часови, местото
каде што не допира музика, ни е доволен показател дека овие две
едноставни задоволства, како и многу други - му биле скратувани со
децении. Заедно со своите содружници-затвореници, Нелсон уживал во
концертите кои се организирале, особено за време на Божиќните
празници, кога сите можеле дури и да запеат...
Нелсон Ролилала Мандела
ја смета музиката за многу потикнувачка и отсекогаш покажувал
посебен интерес не само за европската класична музика, туку и за
африканската хорска музика, како и за бројните музички таленти на
јужно-африканската „црнечка“ музика. Но, за него еден глас се
издигнува над сите останати - тоа е гласот на Пол Робсон,
кого тој го опишува како национален херој.
Годините поминати во заточеништво ги зацврстиле неговите веќе
стекнати навики:
дисциплиниран режим на исхрана, рани утрински вежби што ги започнал
уште во далечната 1940 година. Дури и денес, Нелсон
наутро
се буди во 4:30 часот, независно од тоа колку доцна работел
претходната вечер. Во 5:00 часот тој веќе ги започнува своите
рутински вежби кои траат барем еден час. Појадокот е во 6:30 - време
за прелистување на дневните весници. Потоа може да почне со
дневната работа. Со стандардно работно време од барем 12-сет
часа дневно, планирањето на времето му е од исклучителна важност и
поради тоа Нелсон Мандела е особено нетрпелив кон неточноста на оние
кои работат со него.

Кога станува збор за многуте
бројни патувања
по неговото излегување од заточеништво, Нелсон Мандела вели:
„Биографијата
на Панди Нехру, кој пишува за тоа што се случува кога ќе го
напуштите затворот, ми помогна да се подготвам за моето
ослободување. Мојата ќерка Зинзи вели дека таа пораснала без
таткото кој, откако се вратил, станал Татко на нацијата. Оваа
состојба ми наметна голема одговорност. Кога патувам кон било која
дестинација, веднаш ми недостига познатото - бојата и мирисот кои се
каректеристично јужно-африкански, а пред се луѓето. Не сакам да
бидам надвор од дома во било кој временски период. За мене не постои
друго место како дома”.
Нелсон ја прифати
Нобеловата награда за мир
како награда за сите оние луѓе кои работеа за мирот и кои застанаа
цврсто против расизмот. Тоа беше награда за неговата личност,
награда за Африканскиот национален конгрес и за сите
жители на Јужна Африка. Тој ја смета оваа награда како особен
придонес на жителите на Норвешка кои застанаа против апартхејдот,
додека многу други земји во светот беа воздржани. Вели:
...„Знаеме
дека Норвежаните беа тие кои ги обезбедија потребните ресурси за
земјоделството, при што ни овозможија да одгледуваме суровини за
произвдство на храна;
ресурси за унапредување на образованието, како и за обука на
граѓаните за основните принципи на избирачкиот процес и обезбедување
на потребното сместување во текот на годините на егзил. Награда за
сите досегашни жртви ќе бидат достигнувањата во развојот на
слободата и на демократијата во Јужна Африка, отворено општество во
кое се почитуваат правата на сите индивидуи. Оваа заложба е сега во
подем, благодарение на жителите и на владите на Норвешка и Шведска и
на нивниот значаен придонес”.
Потекло и образование

Нелсон Ролилала Мандела е
роден во едно село близу Умтата, во областа Транскеј, на 18
јули 1918 година.
Неговиот татко бил главен одборник во Највиското работно
раководство на Тхембуланд. По татковата смрт, младиот Нелсон
станал службеник во Највисокото раководство, со можност за натамошно
унапредување. Меѓутоа, под влијание на судските спорови кои се
споредувале пред Највисокиот суд, тој одлучува да
стане адвокат. Слушајќи ги древните приказни за храброста на
неговите претци за време на отпорот во одбраната на својата
татковина, тој сонувал да даде свој придонес во борбата за
ослободување на неговиот народ.
По завршувањето на основното образование во локалната
мисионерска школа, Нелсон Мандела бил испратен во Хилдтаун каде
што се запишал да следи повисоко средно образование во една
мошне позната школа. Потоа, тој го продолжил своето образование на
Универзитетот „Форт Харе“ - кадешто се стекнал со
диплома за уметност, при што бил избран во Студенскиот
претставнички совет.
Подоцна е суспендиран од Унивезитетот поради своето присуство на
протесниот бојкот. Заминал во Јоханесбург, каде ги завршил студиите
по уметност по пат на коресподенција и се здобил со диплома и со
професионално звање. Дипломирал и на школата по правни науки. Уште
во текот на своите студии во Јоханесбург, тој ревносно и сериозно
почнал да се занимава со политика, а во 1942 година зел активно
учество во
Африканскиот национален конгрес.
Почетоците на политичкиот ангажман
Во екот на Втората светска војна (1939-1945), мала група млади
Африканци членови на Африканскиот национален конгрес, кои дејствуваа
под раководство на Антон Лембеде, формираа ново политичко
здружение. Меѓу нив беа и Вилијам Нкомо, Валтер Сисулу, Оливер
Тамбо, Ашби Мда и Нелсон Мандела. Почнувајќи со 60
членови, сите со жителство во околината на Витватерсранд,
овие млади луѓе си поставиле цел да го трансформираат Африканскиот
Национален Комитет (во понатамошниот текст А.Н.К.) во масовно
движење, црпејќи ја својата сила и мотивација од неписмениот
милионски работен народ од градовите и од селата, од селаните и од
професионалците.

Нивното основно несогласување било околу несоодветната политика на
старата раководна „гарда”
на Африканскиот Национален Конгрес, кон актуелната власт. Спротивно
на старата
„гарда”,
Лембеде и неговите сопартијци имплементираат радикален
африкански национализам,
базиран врз принципите на национало самоопределување. Во септември
1944 година тие заедно ја основаат
Лигата на младите,
при Африканскиот Национален Конгрес (A
N C Y L
- African
National Congress Youth League).
Мандела, наскоро, ги импресионирал своите врсници со својата
дисциплинирана работа и со постојаните активности, поради што во
1947 година, бил избран во Секретаријатот на Лигата на младите. Со
исклучително напорна работа, вадејќи кампањи преку нивниот портпарол
Инијанисо (што во превод значи:
височина)
дури и во најодалечените рурални области, Лигата на младите при
Африканскиот Национален Конгрес успева да добие подршка за својата
политика од членството на Африканскиот Национален Комитет.
Со победата на Националната Партија на изборите во 1948 година,
чија политичка платформа се засноваше врз основните принципи на
апартхејдот, стапува на сила
Програмата за акција,
инспирирана од Унијата на Лигата на Младите која лобирала за
користење оружје, за бојкот, за штрајк, за граѓанска непослушност и
за несоработка - што било прифатено како официјална политика на
Африканскиот Национален Комитет.
За да ја осигураат имплементацијата на основните политички цели,
членството извршува замена на постарите лидери со одреден број млади
луѓе. Валтер Сисулу, еден од основачите на Унијата, бил
избран за Генерален секретар. Следната 1950 година, на годишната
Национална конференција, и самиот Нелсон Мандела бил избран во
Националниот Комитет.

Политичката Програма на Африканскиот Национален Комитет
се засновала врз платформа за добивање полноправно жителство и
директни парламентарни преставници на сите Јужноафриканци. Мандела
одиграл значајна улога како коавтор во креирањето на политичките
документи, на кои Лигата на младите обрнува посебно внимание,
особено на прашањето за прераспределба на земјата, правата на
трговските здруженија, образованието и културата. Лигата на
младите, во кој членувал и Мандела, се стремела кон
бесплатно и задолжително образование на сите деца, како и кон
масовно образование на возрасните.
Во 1952 година, во времето кога А.Н.К. ја промовираше својата
Кампања за измена на неправедното законодавство,
Нелсон Мандела бил избран за Раководен национален волонтер.
Кампањата за поништување била замислена како кампања на масовна
граѓанска непослушност, која ќе ги придобие и ќе ги концентрира
значајните избрани волонтери заради инволвирање на што повеќе обични
луѓе во движењето, кулминирајќи во масовно движење за поништување на
неправедното законодавство. Исполнувајќи ги своите должности како
Раководен национален волонтер, Мандела патувал низ земјата
организирајќи
„Движење на отпорот“
против дискриминаторското законодавство. Уапсен и обвинет поради
неговата улога во оваа Кампања, судот донел пресуда во која стоело
дека:
...Мандела и неговите соработници постојано ги советувале своите
следбеници да го напуштат мировниот курс на избегнување на
насилствата од кој било вид“.

Поради својата улога во Кампањата за измена на неправедното
законодавство, Мандела бил осуден за оспорување на комунистичкото
движење и му била изречена условна казна затвор. Набргу по
завршувањето на Кампањата, му било забрането учеството на јавни
собири, како и напуштањето на главниот град Јоханесбург во период од
6 месеци.
Адвокатскаta практика
За време на овој период на ограничувања, Мандела го положил својот
адвокатски (правосуден) испит и и се посветил на
својата професија. Тој отворил канцеларија во Јоханесбург, во
партнерство со Оливер Тамбо, и започнал со адвокатската
работа. Како призна-ние за неговиот исклучителен придонес во текот
на Кампањата за укинување на неправедното законодавство, Мандела кон
крајот на 1952 година, бил избран во Претседателство на Унијата на
Лигата на младите, како и во претседателство на А.Н.К. во
Трансвалинската област. Подоцна тој станал и Извршен претседател на
А.Н.К.
За својата адвокатска практика, неговиот партнер Оливер Тамбо,
во 1993 година, непосредно пред својата смрт напишал:
„За
да стигнеме до нашите работни места, секое утро Нелсон и јас моравме
да се пробиваме низ гласната толпа луѓе во преполнетата чекална. Да
не поседуваш земја (во Јужна Африка) е злосторство. Еднаш неделно
разговаравме со делегации кои доаѓаа да не известат дека многу
генерации од нивните семејства работеле на мало сопствено парче
земја, од која сега тие биле истерани. Да живееш во погрешна област
е исто така злосторство. Нашата архива вклучува илјадници слични
стории и доколку во моментот кога започнавме со адвокатската
партнерска практика не бевме поборници против Апартхејдот, нашето
политичко искуство го дополнуваше недостигот од професионализам. Ние
го достигнавме статусот на професионалци во нашата заедница, но
секој судски случај, секоја наша посета на затвор заради разговор со
наши клиенти - не потсетуваше на понижувањата и страдањата кои беа
всадени во срцата на нашите луѓе”.

Меѓутоа,
и покрај професионалниот статус, Мандела и Тамбо не успеале да
добијат имунитет од страна на бруталниот закон на апартхејдот.
Поради обвинувањата за кршење на постојните законски права за
освојување на земјата, властите им наложиле да ја преселат својата
практика надвор од градот ...„толку
далеку што клиентите воопшто не можеа да допрат до нас во текот на
работното време. Оваа беше нивен начин на принуда да престанеме со
нашата правна практика и да се откажеме од правните услуги кои им ги
дававме на нашите луѓе.
Нема адвокат кој правно си го заработува својот леб и кој би се
согласил на ваков третман”
-
изјавил Мандела и, заедно со својот партнер, одлучуваат решително да
му искажат непослушност на законот.
Владата не била сама во настојувањата да ја оневозможи
Манделовата адвокатска практика. Врз основа на пресудата поради
обвинението за оспорување на
Актот за задушување на комунистичкото движење,
Трансвалинското адвокатско здружение ипратило петиција до Врховниот
суд заради одземање на адвокатската дозвола за работа на Нелсон
Мандела. Петицијата била одбиена од страна на Џастис Рамсботом,
со образложение дека
„Мадела, во својата работа, бил потикнат од желбата да им служи на
интересита на своите црни сограѓани и ништо од тоа што сторил не
зборува дека го загрозил стекнатото звање на по-итуваната професија“.
Други различни форми на репресија
Во
1952 година Нелсон Мандела бил задолжен да подготви организиран план
кој ќе му овозможи на раководството на Движењето да го задржи
динамичните контакти со своето членство, без притоа да се потпира на
јавните митинзи. Нивната цел била да се подготват за непредвидливи
забрани, со градење моќни локални и регионални ограноци кои ќе го
имаат правото на одлучување. Ова бил познатиот „План – М“,
наречен според Мандела.
Во текот на раните 50-ти години, Мандела одиграл значајна улога
во Движењето на отпорот заради отсранување на западните влијанија и
за воведување на Банту-образование. Тој, исто така, одиграл значајна
улога во популаризацијата на Поглавјето за слобода,
усвоено од Народниот Конгрес во 1955 година.
Во доцните 50-ти години, Мандела го свртува своето внимание кон
борбата против експлоатацијата на трудот, актуелните законкси
прописи, новородената Бантуанска политика и отцепувањето на
отворените универзитети. Мандела многу рано доаѓа до заклучокот дека
т.н. Бантуанска политика е вид на
политичка измама и економска апсурдност. Тој, со своето мрачно
претчувство, предвидел дека претстојат мрачни времиња на масовни
обвинувања, политички прогони и брутален полициски терор. Во врска
со отцепувањето и поделбата на Универзитетите, Мандела забележал
дека интенцијата за пријателство и меѓурасна хармонија на која е
заборавено, низ мешањето и соработка на различни расни групи на
„мешаните универзитети“, ќе претставува директна закана за
опстојувањето на Политиката на „Апартхејдот“, како и
дека ќе треба цврсто да се застане против заканата за затворање на
отворените универзитети за црните студенти.
За време на 50-тите години, Мандела бил жртва на различни форми
на репресија. Тој бил протеруван, апсен и затворан. Кон крајот на
втората половина од декадата, тој бил еден од обвинетите на
мамутското судење во Трисон
што го чинеше скапо во однос на неговата адвокатска практика, како и
на неговата политичка работа. По т.н. Шарпвилскиот масакар,
во 1960 година А.Н.К. бил заонски забранет, а Мандела бил задржан во
притвор.
Водечка фигура во новата борбена фаза
Процесот на судењето во Тисон пропаднал во 1961 година, а Јужна
Африка го прифатила републичкото уредување. Дејствувајќи сега како
нелегално политичко здружение, А.Н.К. ги повлекува конците од своите
подземни штабови. Во тоа време, Нелсон Мандела прераснал во водечка
фигура во Новата борбена фаза. Под водство на А.Н.К.
во март 1961 година во градот Питермарицбург, 1400 делегати
присуствувале на масовната Африканска конференција.
Мандела бил клучниот и најзначајниот говорник.
Во наелектризираната атмосфера, тој го предизвикал режимот на
апартхејдот да повика на национална конвенција, каде што сите
јужноафрикански претставници ќе го изберат новото Собрание,
засновано врз демократски принципи. Тој предупредил дека, доколку
актуелната власт не одговори на ова барање, ќе го принуди
мнозинството црно население да ја поздрави со масовен штрајк
престојната инаугурација на Републиката. Тој веднаш се повлекол да
може илегално да ја води кампањата. И покрај тоа што оздзивот на
повикот бил помал отколку што очекувал Мандела, тој, сепак добил
значајна подршка низ целата земја. Владата одговорила со
најголема воена мобилизација и Републиката била родена во
атмосфера на страв и на несигурност.
Принуден да живее одделен од своето семејство, селејќи се од место
во место за до го избегне откривањето од страна на секаде присутните
владини информатори и полициски шпиони, Мандела користел повеќе
начини на маскирање. Понекогаш бил облечен како обичен
работник, а друг пат како шофер. Поради неговото успешно одбегнување
на полицијата, тој го стекнал прекарот „Црн пимпернел”
(вид лековита билка што вирее во Африка). Токму во тоа време тој,
заедно со другите лидери на А.Н.К., формирал нов специјален
оддел на Движењето за ослободување - како движење за
подготвување на вооружена борба.
На судењето во Ривонија, Мандела објаснил:
„На
почетокот на јули 1961 година, по долготрајно и внимателно
проучување на ситуацијата во Јужна Африка, јас и некои од моите
колеги дојдовме до сознанието дека насилството во земјата е
неизбежно и дека би било погрешно и нереално за африканските лидери
да продолжат со проповедањето мир и ненасилство, во време кога
Владата одговара на нашите мировни барања со примена на сила. Тоа се
случи во момент кога сите други обиди пропаднаа, кога ги исцрпивме
сите можни средства и начини на политички протест. Со таа одлука се
поттикнаа насилните форми на политичката борба и дојде до
формирањето на Движењето за ослободување. Владата не ни остави
никаков друг избор!”
-
изјави Мандела.
Во 1961 година се формираше Движењето за ослободување
со Мандела како раководен командант. Во 1962 година, Мандела
илегално ја напуштил земјата и патувал во странство во текот на
неколку месеци. Во Етиопија, тој се обратил до Конференцијата
на Панафриканското движење на Источна и Централна Африка (Conference
of the Pan African Movement of East and Central Africa) -
кадешто бил топло примен од страна на политичките лидери на неколку
земји. За време на ова патување, очекувајќи интензивирање на
оружената борба, Мандела започнал да организира герилска обука за
припадниците на Движењето за ослободување.
Обвиненија, судења и казни и затварања
Кратко време по неговото враќање во Јужна Африка, Мандела бил
уапсен и обвинет за илегално преминување на границата и за
поттикнување на штрајк. Бидејќи сопственото судење го сметал за
судење на аспирациите и на желбите на африканскиот народ, Мандела
одлучил самиот да ја води сопствената одбрана.
Тој одбил да им се потчини на властите кои не ги признавал и
поднел Барање за ослободување од пресудата базирајќи
го својот став врз фактот дека, „при
ваков вид судење, поротата која е целосно контролирана од белци е
засегната страна поради што не ќе може да биде независна во својата
одлука...,
како и врз тоа дека не е должен да ги почитува законските правила
изгласани од парламент на белци, каде што тој, како црн, нема свој
претставник“.
Мандела, во своето воведно излагање на ова судење, изјавил:
„Јас го презирам расизмот бидејќи го сметам за варварско однесување,
без разлика дали потекнува од црн или од бел човек”.
Мандела бил осуден и му била одредена казна затвор во
трае-ње од 5 години. Додека уште ја отслужувал својата казна, тој
бил повторно осуден за саботажа на судењето во Ривонија. Изјавите на
Мандела во текот на овие судења се сметат за класика во историјата
на борбата против апартхејдот и претставуваат инспирација за сите
оние кои се против таквата политика. Неговата изјава, од судската
говорница во Ривонија, завршува со овие зборови:
„Се
борев против доминацијата на белците како и против доминацијата на
црнците. Ги пренесував и ги споделував моите идеи за демократско и
за слободно опшество во кое сите луѓе ќе живеат заедно, во
хармонија, и сите ќе имаат еднакви можности. Ова е идеалот за кој
живеам и се надевам дека ќе имам можности да го остварам. Но, ако е
потребно за тој идеал сум подготвен и да умрам”.
Мандела беше осуден и му беше изречена казна доживотен
затвор! Со тоа, тој ги започнал своите години на
заточеништво во озлогласениот затвор на островот „Робен“,
кој е максимално обезбеден затвор сместен на овој мал остров,
оддалечен 7 километри од брегот, во близината на градот Кејптаун.
Во април, 1984 година тој бил преместен во затворот
„Полсмур“ во Кејптаун, а конечно во декември 1988 година,
тој бил повторно преместен во затворот „Виктор Верстер“
во близина на Парл - од каде што подоцна беше и ослободен. Како
класичен политички затвореник, Мандела без подлабоко размислување ги
одбивал понудите од страна на неговите судии за ослободување од
пресудата, а во замена да ја прифати „бантуанската политика“, како и
да ја признае назависноста на Транскејската област, кадешто му било
понудено да прифати да се насели.
Во 80-те, Мандела повторно ја одбил понудата за ослободување
(помилување), условена од неговото одрекување на употребата на
насилство како средство на политичка борба.
„Затворениците
не можат да преговараат и да склучуваат договори.
Само слободните луѓе можат да го прават тоа”
–
изјавил тогаш. За времето поминато во затвор тој стана симбол на
непокорот и отпорот кај многу млади луѓе ширум светот, кои до ден
денес го сметаат за ненедминлива жива легенда кој
никогаш не била искомпромитирана.

Ослободен на 11 февруари 1990 година,
Мандела повторно се вклучил со целото свое битие во својата животна
работа, надевајќи се да ги достигне целите, кои тој и останатите
негови соработници си ги поставиле пред речиси четири децении. Во
1991 година, на првата Национална Конференција на
Африканскиот Национален Конгрес, што се одржала во Јужна
Африка, по прогоните кои траеле со децении, Нелсон Мандела бил
избран за претседател на А.Н.К.
Мандела никогаш не се колебал во својата посветеност на
демократијата и еднаквоста. И покрај ужасните провокации, тој
никогаш на расизмот не одговорил со расизам. Неговиот живот се
претвори во инспирација, како во Јужна Африка така и насекаде низ
светот, за сите оние кои се угнетувани и за сите на кои им се
одрекувани основните права, како и за оние кои се цврсто против
угнетувањето и негирањето на фундаменталните човекови права.
За својот живот што го симболизира триумфот на човечкиот дух над
нехуманоста на човек кон човек, Нелсон Мандела ја прими
Нобеловата награда за мир во 1993 година, ...во име на
сите Јужноафриканци кои страдале и жртвувале толку многу за да го
донесат мирот во својата земја. Тој има добиено почесни
титули од повеќе од 50-тина меѓународни универзитети. Бил
поставен за
прв демокртаски избран претседател на Јужна Африка
на 10 мај 1994 година, на која позиција остана до јуни 1999 година,
кога и се пензионираше со чиста и неизвалкана совест, за којашто
многумина т.н. „државници“ можат само да сонуваат.
Ω
г
о
р
е |