НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот „Бонд Стил“ на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за „слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон „Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските „медиуми“

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

++

постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

 

само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!

 

за само две години од окупацијата на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!

 

700 милиони $ годишно троши албанската мафија и  дијаспора за независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на политичари, обука, стратегија и слично)!

 

34 олигархиски групи ја контролираат целата економија на Руската Федерација!

 

земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -  со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

 

кај нас има гранични премини  на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!

 

 

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

 

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

10-те најголеми фирми од областа на телeкомуни-кациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 

брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 

„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 

до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 

учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 

генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

Р А Д И К А Л И З А М

 

 

 

Мане МАНУШЕВ ©

              

 

„ВЕЛИГДЕНСКОТО

 В о с т а н и е“

И р с к а  (1916)

                                                                 

 „...Фактот што Рeпублика Ирска ќе биде независна држава се должи на Револуцијата и очекувањето да се најде интелектуална подршка. Национализмот генерираше опозитна дистинкција помеѓу интелектуалната класа - но, тоа е значајно и добро, бидејќи само интелегенцијата со националистичка и културно-идеолошка ориентација                                може да создаде држава...“                                                                 

Вилијам Б. Јејтс

 

  

Скриено општество

 

 

 I ДЕН: Понеделник (24 април 1916 година)

 

   Сили составени од приближно 1.000 до 1.500 ирски мажи и жени навлегоа во Даблин, со интенција да го уништат Британското владеење во Ирска и да воспостават независна држава Република Ирска - вклучувајќи ги во неа сите 32 провинции од Leinster, Munster, Ulster и Connaught. Нивните водачи Патрик Пирс, Џејмс Коноли и другите останати знаеја дека нивните шанси за остварување на замислената цел се многу мали и скоро никакви. Но, зошто се бореа и загинаа?

 

   Историското гледање на Британското кралство на ирската популација и сфаќањето на истата е многу комплексно и трае долго низ историјата. Британците се често во забуна во однос на припадноста на ирскиот човек. Всушност фактот дека во тој период па и денес ирскиот народ го користи англискиот јазик не значи дека тие се родени како Англичани (или како што Џејмс Џојс ги нарекува Англичаните „Западни Британци“).  

   Многу важно е членувањето во Ирското Републиканско Братство (Irish Republican Brotherhood) кое не треба да се поистоветува со Ирската Републиканска Армија (Irish Republican Army) којашто е формирана нешто подоцна. Ирското Републиканско Братство е формирано 1858 година од ирската популација која живее во Англија, Америка и други земји, и никогаш нивниот број не бил поголем од 2.000 членови. Тие биле пред се патриоти и интелектуалци кои го имале идеалот за национална независност на нивната земја и секогаш настојувале да ја остварат нивната цел. Значајно е тоа што сите што ја потпишале Декларацијата за борба против Британските правила и владеење и за слободна Ирска биле членови на Ирското Републиканско Братство. Кога започнува Првата светска војна (1914), Џон Редмонд - кој бил лидер на Ирската Националистичка Партија, прокламира борба со волонтерски карактер против англиските трупи и сили (со што Ирското Републиканско Братство не се согласува).

 

 

Друга приватна армија

 

   Друга позната пара-милитарна војска е онаа на Џејмс Коноли позната како Ирска Граѓанска Војска. Коноли бил социјалист кој во 1896 година         ја формирал Социјалистичко -републиканската партија. Тој бил трениран и обучен војник.

   Имено, во 1908 година Џејмс Ларкин го формира Ирскиот Транспорт и Генералната Работничка Унија - која во 1903 година извршила напад кој бил скршен многу брзо, бидејќи бил подложен на силни воени и ѕверски методи.Тогаш преходно споменатиот Џејмс Коноли решава да ја формира својата Граѓанска Војска заедно со поранешниот британски офицер Џек Вајт, но бројот на оваа армија бил мал и изнесувал околу 250 обучени војници и 1 000 волонтери. Голема подршка следи и од Женската Организација на чие чело стои познатата грофица Маркиевич - ирска жена од аристократско семејство која била многу впечатлива со своето настапување и учество во т.н. „Велигденско востание“ 1916 година. Била позната уште и по името „машка Фиана“. .                       

   Во тој период се повеќе британски војници биле испраќани во Ирска. Постоеле големи инволвирања на одредени шпионски групи во овие организации на ирскиот народ - со што секоја планирана идеја ја дознавале однапред членовите на Ројалистичкиот (кралски) режим. Но, сепак кај ирската нација постоела голема надеж дека еден ден тие ќе ги протераат окупационите сили од својата територија и ќе имаат своја независна држава.

  

   Целиот план и сите обиди на организациите за слободна Ирска наликувале на легендата за Давид и Голијат, што навистина изгледало загрижувачки и до некоја мера неостварливо и безнадежно. Пред да започне Првата светска војна волонтерите од Алстер (Ulster, или попозната како Северна Ирска) се обидуваат да купат 35 000 парчиња пушки од Германија. За изведување на оваа операција се задолжил Роџер Касмент кој бил разоткриен од британските разузнавачи и мисијата завршила, за несреќа на ирскиот народ, со неуспех. Самиот Касмент бил уапсен кога стигнал во областа Кери на денот познат како „Господов Петок“. Пушките и надежта на ирскиот народ не пристигнаа, но постоеја. Прашањето е: Каде тие отидоа?

 

* * *

   Треба да разгледаме различни ставови и гледишта кои ќе бидат од голема важност. Постојано се актуелизира идејата за независност на Ирска. Низ многу векови кај ирскиот народ постои надежта дека некои од непријателите на Британското кралство ќе помогне во решавање на ирското прашање за самостојност. Но, постои и едно друго поинакво размислување. Ако Шпанија и Франција не учествувале во помош на Ирска од географско-воени причини, а Германија се подготвува за нешто сосема друго, тогаш кој ќе му помогне на ирскиот народ во борбата против британската круна и ројалистичкиот режим на владеење.

 

   Sinn Fein (Шин Фејн – политичкото крило на ИРА) е формирана како политичка партија во Даблин од страна на новинарот Артур Грифит, во 1905 одина. Иако оваа партија и организација не учествува во Востанието од 1916, таа е главен застапник на идејата „Ние самите!“ што би било и транскрипција на значењето на овој термин (или на англиски јазик „Оurselves Аlone“). Тоа е едно поинакво размислување од она кое чека помош од другите и никогаш не ја дочекува. Sinn Fein и денес е актуелна за младата популација, особено во немирната Северна Ирска.

  Востанието од 1916 претставувало самоубиство. Пред започнувањето на востанието Патрик Пирс и рекол на својата мајка: „Овој ден што доаѓа ќе биде оној кога јас ќе бидам застрелан, а исто и оние што ќе бидат со мене“. Џејмс Коноли вели: „Шансите да победиме се 1000:1, но кога утре тоа ќе им го кажеме на момците со нас тие внимателно ќе одговорат дека тоа не е важно“.

 

   Часовникот покажувал пладне кога низ улиците на Даблин се забележале волонтери и вооружени граѓани, припадници на Граѓанската Армија, кои ги завземаат главните стратешки точки во градот. Пет мајори биле поставени северно од River Liffey, а уште девет јужно од истото место. Била воспоставена и голема канцеларија на Генералштабот, на Саквил улицата (којашто денес е позната како „Улица О’Коноли“ на која се вееле ирски знамиња). На истата оваа улица Патрик Пирс формира Влада на Република Ирска. Со него биле и Коноли, како воен командант, Џозеф Плункет, О’Рајли, Том Кларк, Шон Мек Дермот и други лидери.

   Меѓу сите нив бил и најмладиот учесник, подоцна за ирскиот народ сметан за „Татко на нацијата“ – познатиот брадест Мајкл Колинс. Востаниците веднаш започнале да го подготвуваат седиштето за отпорот на нападите кои требало да следат од страна на британските трупи.   

 

 

Во темнина

 

   II ДЕН: Британците биле изненадени и веднаш започнале со алармирање на сопствените трупи. Главен командант бил Лорд Френч, роден Ирец и поклоник на Унионистите (или човек кој ние би го нарекле предавник на нацијата). Тој веднаш наредил префрлање на пет девизии во Ирска. Од воена гледна точка во вторникот, значи следниот ден, британските трупи веќе подготвиле стратегија за разбивање и целосно уништување на востаниците. Стратешки подготвиле коридор кој би ги поделил востаничките упоришта на два дела, после што полесно би ги уништиле. Брзо е донесена артилерија и војска во Тринити Колеџот.

 

    III ДЕН: Во средата веќе бројот на војници на кралската власт изнесувала 20 : 1 во корист на Британците. Тие не ги одолговлекувале нападите и веднаш ги искористиле сите средства што им биле на располагање. Првата акција била да се уништи Liberty Hall (Салата на слободата) - седиште на Либералната партија, која била стрелана од воениот брод „Хелга“. Планот е успешен и востаниците ја напуштаат зградата. Многу од борците биле убиени, но британските трупи употребувајќи автоматско оружје и снајпери усмртиле недолжни цивили. Даблин почнува да гори, а не постоела никаква шанса да се достави храна до борците, кои биле целосно отсечени.   

IV ДЕН: Во четвртокот пристигнува новиот британски командант. Тоа бил генерал Сер Џон Максвел - војник кој штотуку се вратил од Египет, каде бил командир на Англо-Египтската армија. Тоа било наредба директно од британскиот Премиер, со надеж за што е можно побрзо уништување на востаниците.

 

   V ДЕН: Во петокот Коноли и Пирс бегаат заедно со уште некои нивни приврзаници. Последното упориште кое го уништиле британските трупи е на „Улицата на Кралевите“.

 

   VI ДЕН: Во саботата наутро Пирс и Коноли безусловно се предале.

 

   VII ДЕН: Во неделата заробените востаници марширале кон затворите на британските окупациони сили. Даблин бил целосно руиниран и уништен. Директната наредба која стасала од Лондон гласела ... „најостра казна за заробените ирски борци“!

  Лидерите на ова востание биле застрелани директно (без никакво судење). После Востанието биле уапсени најмалку 3 000 осомничени луѓе, кои биле транспортирани во британските затвори. Меѓутоа таквиот начин на водење на британската политика предизвикала поголем револт и голем број од народот започнал да се приклучува кон едно многу помоќно ослободително здание И Р А - Ирска Републиканска Армија, којашто ја продолжува борбата за независност на Ирска. Мајкл Колинс го избегнува апсењето и за неговата глава, жив или мртов, била понудена сума од 10.000 фунти. Тој прераснува во главен „герилски лидер“. Многумина од интелектуалците и финансиските моќници се враќаат од Америка и започнуваат нова борба против британскиот империјализам.

 

   Sinn Fein на изборите во 1918 година добива најмногу седишта во Парламентот - кој го направиле и формирале самите избраници. Се прашувате ли што потоа? Во 1919 година повторно се слушнал истрел во областа Типерари, а него го испукале повторно некои борци кои се бореле за  ослободување на Ирска и за нејзината независност. После оваа „Велигденска недела“ во 1916 година  владеењето на британските структури во Ирска станува неподносливо и невозможно.

 

   Една трагедија значи и триумф, а повеќе трагедии на еден народ жеден за слобода стануваат патоказ на неговата цел и желба за независност ...  

                                                                                    (by Bobby Sands)

 

г о р е