НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот „Бонд Стил“ на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за „слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон „Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските „медиуми“

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!         

         

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 10-те најголеми фирми од областа на телекомуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 „Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 358 енормно богати мултимилијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!         

         

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 10-те најголеми фирми од областа на телекомуникациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји  (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!

 брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!

 „Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!

 до април 2002 година, 66 држави го потпишаа договорот за формирање на Маѓународен кривичен суд во Хаг, но меѓу нив повторно ја нема Америка!

 учеството на најсиромашните 5% од светската популација во глобалниот приход опадна на само 1,4% во 1999 година (а истиот во 1989 беше над 2,3%)!

 во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 генетски модификуваните посеви пораснаа на над 35 милионихектари земја низ целиот свет (што претставува област што е за 1,5 пати поголема од Велика Британија)!

 во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

во САД стапката на криминал опаднала за 20%, а стапката на известување за него од страна на медиумите пораснала за 600% што предизвикува страв кај населението!

 

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители  има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има  затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

 

во 1999 година во Малезија, ММФ заедно со Комонвелтот направија пуч т.е. државен удар против наводниот диктатор Махати, којшто јавно му се заканил на Џорџ Сорос дека ако стапне во Малезија ќе го уапси!

 

годишно се заработуваат по 10 милијарди $ од хероин - чиј пазар главно го контролира Косовската мафија!

 

народи без држави се: Курдите (32 милиони расцепкан во 4 држави); Ромите кои ги има над 12 милиони само во Европа; Баскијците кои спаѓаат меѓу најстарите народи во Европа чиј јазик не може да се класифицира во ниту една позната поделба и други!

 

целокупната Еncyclopedia Britannica со своите 25 томови може да се емитува преку Атлантикот за само 1 минута!

триминутен телефонски разговор помеѓу Њујорк и Лондон  во 1930 година чинел 300 долари, за да денес преку Интернет е скоро бесплатно!

 за да изброи 1 трилион на човекот му се потребни 30 000 години, а компјутерот таа операција ја врши за само една секунда!

 во првата Заливска војна (операцијата „Пустинска луња“ ‘91) под бело знаме, по команда на тогашниот Американски претседател Џорџ Буш Сениор во воздушен напад во пустината се убиени над 12 000 ирачки војници!

 над 200 000 Срби (цивилно население) се протерани од Косово откога стана протекторат на ООН!

 во Република Македонија постојат над 5 800 т.н. невладини организации (популарните „НВО-и“ – од кои најголем дел се петоколонашки и шпионски)!

 во американските затвори се заробени над 13 000 Ирачани, кои се и сексуално злоставувани!

 125 италијански војници од контингентот во Босна заболеле од рак на тироидната жлезда или на тестисите како влијание на осиромашен ураниум!

 постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!

 само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!

 за само две години од окупацијата на Ирак (2002-2004) се убиени над 20 000 Ирачани и 2 000 окупаторски војници (Американци; Англичани; Пољаци; Бугари и други)!

 700 милиони $ годишно троши албанската мафија и  дијаспора за независно Косово (тука спаѓа: оружје, опрема, поткуп на политичари, обука, стратегија и слично)!

 34 олигархиски групи ја контролираат целата економија на Руската Федерација!

земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија -  со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

 кај нас има гранични премини  на секои 66 km, а во ЕУ нив ги има на секои 6 km!

 90% од Холандските тинејџери  знаат да говорат на течен англиски јазик (а само 80% од населението во самата Америка)!

во изминативе 100 години температурата на планетава во просек пораснала за 0,9 оC (значи околу еден степен целзиусов)!

органите на ЕУ во просек годишно носат околу 12 000 правни акти, а целокупното Acquis Communautaire ( се чита „аки комунитер“) брои околу 26 000 акти, или нешто над 80 000 страници текст коишто новите земји членки мора да го имплементираат во своите законодавства – и ова е уште еден типичен пример за феноменот на „правна инфлација“ кој владее во Унијата!

 за да има напредок, раст и стопански развој на една економија и се неопходни минимум 150 милиони потрошувачи со современи навики и со релативно добри лични примања!

 Бакингамската палата во Лондон, кадешто живее британското кралско семејство - има своја полициска станица, болница, 2 спортски клубови, кино, диско, базен, 2 пошти и бар. Има вкупно 600 соби и 300 часовници за кои посебно се грижат двајца вработени. Има вработено вкупно 700 работници со полно работно време, а само за Кралицата се грижат минимум 10 лица дневно. Секој вторник навечер Кралицата ја посетува Премиерот на В. Британија, кој пак живее на познатата  „Тен Даунинг Стрит“!

 во 1867 година рускиот цар ја продал територијата на Аљаска на САД  и тоа за само 7,2 милиони $!

 по падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени околу 1 200 000 професионални разузнавачи на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа формираат паралелни системи во подземјето (мафијата)!

 

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

Р Е Д А К Ц И Ј А

 

 

АКЦИЈА - РЕ(Д)АКЦИЈА:

                             

гроф Мане МАНУШЕВ: роден на 23 февруари 1983-то Лето Господово во градот на Гемиџиите - Велес. Основно и средно техничко образование  завршил во Велес, а моментално е апсолвент на Филолошкиот факултет во Скопје - на катедрата за Општа и компаративна книжевност.

   Се чувствува и постојано се изјаснува како македонски националист и патриот  (а, ќе се сложите во тоа нема ништо лошо). Живее, но не работи, во својот роден град.

   Член е на Асоцијацијата „MAGNA CARTA“ и на Комитетот за мир, солидарност и антиглобализам уште од самото нивното основање.

   Освен што се занимава со литературата, често зема учество во масовни протести и организација на истите кога е потребно, особено ако тие се анти-владини (ха - ха - ха).

   Од неодамна е и член на Sinn Fein („Шин Фејн“ е политичкото крило на И.Р.А.). Во ова списание некогаш ќе го сретнете како пишува и под псевдонимот Bobby Sands.

   Контакт: pisateliks@hotmail.com

            

 

  

   Тања Ивковиќ: родена на 20 јуни 1989 година во Велес, кадешто го завршува и основното образование.   

Mоментално е средношколка (трета година) во велешката Гимназија „Кочо Рацин“.

Има големи амбиции и сака (сега - засега) да продолжи да студира новинарство или економија...

   Контакт: livkovik@yahoo.com

 

 

  

Борче РАЗМОСКИ: роен на 22 август 1983 година во Вевчани, кадешто завршува и основно училиште. Во текот на неговото  образование гледа како „политикантството” продира во сите сегменти на општествениот живот, за да и тој, при крајот на неговото основно образование, биде полититички третиран како неподобен - од страна на некои локални „наставничиња”.

   Со средно образование се стекнува во контроверзното ДСУ „Нико Нестор” - Струга.

   Во 2002  се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први” -Скопје, отсек правни студии кадешто е при крај на неговото студирање (IV-та студиска година).

   Размислува за големи нешта, а задоволствата ги бара во малите работи. Сака да спортува, да чита, да истражува... и што ли уште нι.

   p.s. Тој е меѓу првите членови на „Magna Carta“ надвор од Велес, и вели: Да се умре за својата земја - тоа е должност на владетелот!

   Контакт:  b_razmoski@yahoo.com

 

 

   Лилјана ИВКОВИЌ: родена е на 11 мај 1983 година во Велес, кадешто завршува основно и средно гимназиско образование (природно-математичка насока).

   Во моментов е студент во  IVта студиска година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје, отсек ИЕЕА – индустриска електро-енергетика и автоматика.

     Контакт: ilili@freemail.com.mk

 

 

 

   Сашко КОСТОВ: роден на 18 ноември 1981 година во Велес, каде и завршува основно и средно електро-техничко училиште.

   Се бави со музика уште од најраните години. Членувал во повеќе музички состави (Куќен Совет, Train ticket; Balance, Grace, KGB и други „underground“ атракции). Моментно е фронтмен на креативната музичка група Bad Sector (вокал, тапани, музика и текстови).

   Кариерата на овој млад талентиран музичар секојдневно оди во нагорна линија, а на електронската музичка сцена може да го сретнете и под псевдонимот S.K. - Тersene. Настапувал на повеќе концерти и „живи свирки“ со сопсвена авторска музика, како и на неколку фестивали во Македонија (Мак-Фест - Штип; Поп-Рок Фест - Скопје, Лузер Фест - Скопје, Баба Фест - Велес). Има настапувано и во емисии на неколку македонски радио станици (CD Радио – Велес, Радио 103 – Скопје, Радио Равел – Скопје).

   Се занимава и со продукција. Основач е на студиото „Pluton Sounds“, во кое работи на неколку музички проекти со млади и сеуште неафирмирани бендови и рап-артисти.

   Контакт: sk_tersene@yahoo.com

  

 

   Весна АПАСИЕВА: родена на 30 декември 1981 година во Велес. Таму завршува основно и средно економско училиште.

   Во текот на школувањето има освоено повеќе награди во рецитаторство, а пак во 1996 го освојува второто место во средношколскиот државен натпревар по Физичка хемија.

   Денес таа е млад невработен дипломиран професор по Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Дипломирала 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

   Контакт: vapasieva@yahoo.com

                                 

 

   Илија ИЛИЈОВСКИ: роден на 18 јануари 1983 (пред Богојавление - Водици) нешто пред повеќе од две децении во Државна болница - Скопје од мајка Мирјана и татко Ацо. Средно завршил во „Васил  Антевски – Дрен“ и тоа како правен техничар, а моментално студира на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје (IV година – отсек Граѓанско право).

   Претседател е на Клубот на Оратори и e меѓу првите членови на “Мagna Carta”. Полититчки е десно ориентиран.

   Навива за Вардар, Цервена Ѕвезда и Милан. Омилени градови му се од Македонија прво Скопје и Штип (а од надвор Загреб, Белград, Будимпешта и Милано).

   Се надева дека во следните прилики за нешто подобро ќе пишува, а знаете ова е од аспект на тоа дека ...„надежта последна умира“.

   Контакт: ilija_ilijovski2004@mail.com

 

 

   Тина ТЕОВСКА: родена на 6 февруари 1984 година во Велес, кадешто завршува основно и средно училиште.

   Се занимава со музика (и е вокалистка на бендот Grace).

   Моменталнно работи како фризер и шминкер, a инаку е пасиониран колекционер и одгледувач на кактуси.

p.s. Многу сака животни, и дома си чува „кученце“ шнауцер по име Брус.

   Контакт: tina_brus@yahoo.com

 

 

 

 

    Виктор ЕФРЕМОВ:  роден на 19 јануари 1984 година во Велес.

   Своето основно образование после 5то одделение го продолжува во Скопје. Завршува средно училиште за Физичка култура (популарно наречено „фискултурно“).

   Моментално студира на Факултетот за Физичка култура (попознат како „Д И Ф“) – IVта академска година.

   Веќе осум години се бави со џудо, и има остварено значајни резултати (бил и државен првак во овој спорт).

    Со Агресив Инлајн Скејтингот започнува од 2000 година, и овде исто така успева да остави своја трага. Вози ролери „USD All Star“, а има кимоно „Хаџиев“ (ха-ха-ха). Има добиено и доста „професионални“ повреди.

   Во моментов е и стипендист е на Министерството за образование и наука на Република Македонија.

   Контакт: viktor@sk8mkd.com

 

  

 Софија ПЕТРОВА: родена на 17 јануари 1983 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во Македонска Каменица.

    Во 2001 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“, отсек - Студии по новинарство. Била главен и одговорен уредник на студентскиот магазин „Став”. Дипломира во 2005 година.

    Додека живее во Македонска Каменица, Софија осум години работи како радио новинар со оригинални авторски емисии на “Скај радио”, а потоа и во “Радио Македонска Каменица”.

   Има учествувано на повеќе семинари во земјава и странство, а како најдобар студент на студиите по новинарство во 2003 година имаше студиски престој во Москва на М.Г.У. „Ломоносов”.

   Досега има освојувано повеќе награди, а како најдраги ги истакнува: Републички првак по историја на натпреварот за средни училишта во 2000 година, како и Ученик на генерација на ниво на општина М. Каменица во 2001 година.

   Сака да чита книги и да гледа фудбал. Среќно е вљубена и е голем фан на италијанскиот клуб „Милан“.

  Контакт: sofija_petrova@yahoo.com

 

 

 

   Томе ГУШЕВ: роден 29 јуни 1982 година во Велес, каде завршува основно и средно гимназиско образование.

 Моментално е апсолвент e на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, отсек политички студии – при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, и очекува во скоро време да дипломира (со висок просек).

 Бил практикант во Собранието на Република Македонија, во Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество,  а потоа и во општина Велес.

  Има освојувано неколку награди, а учествувуал во повеќе програми, школи и семинари за обука, организирани од повеќе еминентни институции, како во земјава така и во странство (Хрватска).

 Контакт: tome.gusev@gmail.com

 

 

 

   Крсте ШУПЕВ: роден на 22 јули 1982 во Велес, каде завршува основно и средно образование.

   Моментално е апсолвент на Ликовната Акедемија односно Факултетот за Ликовни Уметности (ФЛУ) при Универзитетот “Светите Кирил и Методиј” – Скопје; Педагошки отсек, смер - Графика.

   Како еден од „понадарените“ и талентирани студенти бил избран за демонстратор  по предметот Графика и графички техники во академската 2004/2005 година.

   Има учествувано на неколку групни изложби и биеналиња во земјава и странство (Италија, Полска, Србија и Црна Гора).

   Пишува и одлична поезија, а меѓудругото е и основоположник на „педофилијата“ во неговиот роден град (ха – ха – ха).

   Црпи инспирација од неговата девојка, кој „за жал“ е полнолетна...

   Контакт: krste_art@yahoo.com

 

 

„Емануел ПАЛИКАРИУС“: мистериозна личност за која се верува дека моментно е реинкарнирана во телото на еден член на нашата редакција. Говори со духот и промислите на древните мислители од македонската античка лоза.

   Со својот просветлен дух ги анализира современиве светски збиднувања од геополитички и цивилизациски аспект. Се противи на актуелнава доминација на една цивилизација над сите останати, и е радикален закоравен непријател на евро-нарцисоидностa.

 (p.s. ова е псевдоним под кој истапува најекспонираниот член на нашата редакција, а го користи од разбирливи и засега само нему познати безбедносни причини).

   Контакт: mahatma@ecarta.info

 

 

ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА:

(прва ударна бригада)

 

 

   Тодор СПАСЕВ: роден на 12 мај 1980 година пред нашата ера, во Велес – кадешто завршува основно училиште. Средното техничко образование го стекнува во нашиот „главен град“, да не речам метропола – Скопје, кадешто и моментално работи.

   Тој е еден од петте основачи на Асоцијацијата „Magna Carta“ и е прв раководител на Секторот „Е – C@rta“ кој работи како постојано работно тело во рамки на Асоцијацијата.

 Негова основна грижа е веб-обработката и морално - финансиската поддршка.

  Контакт: tspasev@yahoo.com

 

 

    Ангел ПАНОВ: роден е во Градската болница во Велес на 12 април 1981 година  (годината кога сите тажат за најголемата загуба во тогашната веле-сила „Југославија”, а тоа е смрта на господинот и другар Тито).

   Како дете сакал да си игра и да се дружи со останатите деца од школо и од маало. Основно училиште завршува во „Трајко Андреев”, а продолжува да се школува во средното училиште „Коле Неделковски” (или попознато под псевдонимот УЗУС - што воедно значи училиште за улава стока), каде завршува како автомеханичар - иако едвај да има научено кај се става бензин во колата).

   Една година подоцна неговиот другар го наговара да одат заедно војска и да ја завршат таа обврска кон својата Татковина (воениот рок го служи на Солунска Глава – отсечен од остатокот на светот, што остава трајни пореметувања и трауми во неговото однесување во иднина).

   Откако го завршува својот долг кон државата, се враќа во цивилизацијата кадешто почнува да се занимава со Aggressive Inline Skating. Го запознава Виктор и заедно го започнуваат ширењето на АИС во Велес. Но, за несреќа подоцна се стекнува со лоша повреда на рамото, и е приморан да го смири својот дотогашен брзо растечки „адреналин“. Подоцна својот адреналин го пронаоѓа кон лупање на тастатури и мауси (нормално).

   Член е на MAGNA CARTA, а во ова списание, покрај другото е задолжен за обработката на текстовите (ама многу „забушава“), како и за Internet – пропаганда на разни форуми.

   Контакт: gels666@yahoo.com

 

 

НАДВОРЕШНИ (СО)РАБОТНИЦИ:

 

     Умберто ПАСКАЛИ: независен стратегиски аналитичар кој живее во САД, а по потекло е Италијанец. Jа следи ситуацијата на Балканот од 1999 година, пишувајќи за магазините ЕИР, New Federalist и други реномирани медиуми.

      Спаѓа меѓу неколкуте светски водечки имиња за анализата на современите прашања поврзани со геополитика и геостратегија.

     Тој беше првиот новинар кој со десетчлена делегација на меѓународни претставници од САД, Европа и Азија слета во главниот град на Босна и Херцеговина - Сараево во текот на опсадата, за време на војната при распадот на СФРЈ, во почетокот на 90-те.

      Пасакали предвиде дека Македонија ќе биде нападната од „нерегуларни сили“ и во последните неколку години интензивно пишува за Македонија. Неколку пати ја има посетено нашата земја. Престојувал во Скопје, Охрид и Тетово – за да може директно да ја согледа ситуацијата од конфликтната 2001-ва година.

      Тој ја предупреди македонската политичка елита за широкиот напад однадвор кој е диригиран против земјава и прв објави ексклузивни истражувања за групите што стојат зад дестабилизацијата - попознати како „петта колона“.

      Паскали своите интелектуални напори посебно ги фокусира на истражување на активностите на овие сили кои најчесто се кријат зад името на фамозната „меѓународна заедница“ (за која секогаш говори во наводници) и кои настојуваат да го уништат концептот за национален суверенитет, не само во Македонија туку и воопшто во светот.

      Во 2003 тој го одржа познатото предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на тема:   „Како Македонија може да го спаси светот?“ – кое предизвика поголемо внимание во јавноста.

 

 

   Денис ТЕНЕВ: дипломиоран академски сликар и постипломец по античка археологија.

   Познат е по серијата предавања и колумни кои ги одржа ширум Македонија, на темата: „Да се вратиме на корените“ (Македонците во Библијата).

 

 

   м-р Здравко САВЕСКИ: асистент на ФОН (Факултет за опстествени науки) при Европскиот Универзитет, во Скопје – првиот приватен Универзитет во Македонија.

   Магистрирал на ИСППИ – Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на левичарски теории.

 

  

   Кристина МЕРКЛЕР: апсолвентнт на Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан I-ви“’ – Скопје. Има објавувано повеќе статии во многу наши медиуми. Учесник е и на Летната Новинарска Школа.

 

  

   Спасе НИКОЛОВ: студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Учесник е и добитник на втората награда на Деветата Ораторска вечер „Иво Пухан“ – 2005 година.

 

 

 

ГЛАВЕН И (НЕ)ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:

 

 

   Димче АПАСИЕВ: роден на 22 септември 1983-та година во тогашен Титов Велес, кадешто завршува основно и средно гимназиско образование (општа насока).

   Во 2002 се запишува на додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан I-ви” во Скопје, кадешто и моментно студира (IV-та академска година, отсек Уставно право).

    Во 2003 станува апсолутен победник на Седмата Ораторска вечер „Иво Пухан”.

    Во 2004 бил на студиски престој на Московскиот Државен Универзитет „М. В.  Л О М О Н О С О В” – во Руската Федерација кој е еден од најреномираните универзитети во светот, кој датира уште од XVIII-от век.

   Од почетокот на 2005 е еден од основачите и претседател на Асоцијацијата „MAGNA CARTA”, како и прв раководител на Комитетот за мир, солиодарност и антиглобализам.

   Во средината на 2005 е избран од страна на Европскиот Центар за Јавно Право – E.P.L.C. (European Public Law Center) со седиште во Атина меѓу триесет најдобри апликанти од Југоисточна Европа од редот на студентите на општествено-хуманитарните науки, како единствен учесник од Република Македонија на: International Kikones Project одржан во „Поранешната Турска Провинција – Грција“ но, поради проблеми со визата во грчката амбасада му е оневозможено да учествува на овој реномиран семинар. Тогаш за прв пат на своја кожа почувствувал што значи да си отсечен зад проклетава Шенгенска завеса.

   На крајот на 2005 повторно победува на Деветата Ораторска вечер на Правниот Факултет во Скопје, во најтешката категорија – импровизирани говори / оратори без подготовка (на зададена тема).

   Има освојувано над дваесетина други награди во разни области, кои не му значат ништо (и затоа не ги споменува) - бидејќи смета дека луѓето се многу поспособни од тоа што општеството, преку дипломи, може да им го признае.

   Учествувал на неколку семинари, кампови и волонтерски акции надвор од Македонија (Белград, Загреб, Атина, Зрењанин, Нови Сад, Ријека, Ниш и др.). 

   Моментално е стипрендист е на Фондацијата “Коле Неделковски” и на Министерството за образование и наука на Рапублика Македонија.

   Поради својата идеологија и антиглобализаторски погледи има одбиено неколку понуди за разни „сериозни” активности околу кои се вртеле големи сомнителни суми пари.

   Негови ставови во форма на колумни, статии, есеи и интервјуа се објавени во некои од македонските пишани и електронски медиуми (Гимназијалец, Вардарски глас, Извиднички репортер, Дебатен форум, Екологија, Став, Комплетна, Вечер, Дневник, Утрински весник, Неделно Време; Телевизија Здравкин,  ТВ МТМ, ТВ А1; Радио Велес, Радио Скопје, Македонско радио и други).

   Ги презира разноразните белосветски т.н. евро-атлански клубови и движења во нашава земја, како и „петоколонашките“ странски фондации.

   Мрази турбо-фолк, приучени самобендисани „створења“ и не сака кога туѓата (не)совест ќе стане судија на неговата слобода...

     p.s. Неговиот просечен успех на студирање е 10.00!

     Контакт: apasiev@africamail.com

 г о р е