✍
Емануел ПАЛИКАРИУС
©
О
Т К Р О В Е Н И Е Т
О
на Светиот Aпостол Јован Богослов
I.
ВОВЕД КОН КНИГАТА „ОТКРОВЕНИЕ“

Книгата ОТКРОВЕНИЕ
е составен дел на Светото Писмо (Библија), со која всушност и
завршува
Новиот Завет
на Библијата. Напишана е од страна на
светиот Апостол Јован Златоуст. Тој заедно со неговиот брат
Јаков биле меѓу 12-те избрани лични ученици (т.н.
апостоли) на Господ Исус Христос. Потекнувале од релативно
ситуирано рибарско еврејско семејство. Татко им Завдај (затоа
во Библијата се наречени и
„синовите Заведееви“)
бил успешен рибар и имал свое бротче и вработени наемници. Нивната
мајка се викала Салома.
Името Ј О В А Н потекнува од хебрејскиот
збор Jah-ana
што во буквален превод значи
„Господ е милостив!“.
Јован и брат му Јаков биле темпераментни Галилејци, па Исус ги
нарекол Voanerges - „Грмежливи синови“, „Синови
на громот“ односно „избувливи луѓе“.
Евангелистот Јован е писател на пет од
вкупно 27-те Книги на Новиот Завет. Меѓу теолозите тој е познат и
како
„Апостол на љубовта“
бидејќи токму љубовта преовладува во неговото Евангелие и во писмата
напишани од него.
Се претпоставува дека Јован пораснал во градот Капернаум
кој се наоѓа на северниот брег на Галилејското Езеро.
Подоцна живеел во градот Ефес, па бил прогонет на
островот Патмос во Егејското Море, за повторно
да се врати во Ефес кадешто го надгледува пишувањето
на новозаветните документи се до својата смрт во 98-та
година од нашата ера. 
О Т К Р О В Е Н И Е Т О е пишувано меѓу 90-та и 95-та
година по Христа, за време на владеењето на римскиот император
Домицијан, кога започнало и прогонството на Христијаните.
Во овој период Јован се наоѓал во прогонство на островот
Патмос – поради неговата христијанска вера. Тој, како и
многу други рисјани* (македонско име за Христијани)
бил изгонет од римскиот Император кој наредил сите да му се обраќаат
со „Господ и Бог“ (Dominus et Deus).
Со оваа Книга Јован всушност ги повикува сите Христијани да
останат силни во верата, уверувајќи ги дека на крајот ќе победат Бог
и добрината над злото. Во неа Јован ја упатува Божјата порака до
седумте Цркви во следниве Малоазиски градови:
1.
Е Ф Е С
(се наоѓа во денешна Турција) –
во тоа време овој град бил еден од најголемите во Римската империја,
со околу 300 000 жители. Бил многу просперитетен како економски и
пристанишен центар. Во него се наоѓале многу споменици, театри и
храмови. Најпознат бил храмот на Дијана кој имал 127
мермерни столбови високи по 18 метри и бил едно од Седумте
(антички) светски чуда. Овој град е познат и по многуте религии,
вклучувајќи го тука и Култот кон Императорот, разните
мистични култови кои биле остаток од древната македонска држава,
окултните обичаи и елинизираниот јудаизам. Се сметал за
интернационален туристички центар, кој бил толку профитабилен што
неговите водачи ја отвориле и првата банка во светот токму во овој
град. Ефес бил живеалиште на неколку христијански водачи, како на
пример Тимотеј, Ераст, Онисифор, а бил и често
престојувалиште на апостолите Павле и Јован.
2.
С М И Р Н А
(денешен Измир, во Турција) –
град во Егејското крајбрежје кој бил основан во III-от
век пред Христа и станува еден од најразвиените градови во
Мала Азија. Лоциран е на природниот пат кон Рим. Станува богат
земјоделски центар и важно пристаниште. Сепак, најпознат бил по
своите архитектонски зданија од кои по својата убавина се издвојувал
комплексот наречен „Венецот на Смирна“.
3.
П
Е Р Г А М
– градот во кој бил изграден првиот и долго време
единствениот храм посветен на култот кон императорот (славење на
римскиот принцепс како Бог). Бил и центар на други пагански култови,
поради што самиот Јован го нарекува „Престолнина на
Сатаната“.
4.
Т И Ј А Т И Р
(денешен Акхисар - Турција) – важен центар за
производство и трговија на текстилни, грнчарски и бакарни производи.
Меѓу најзначајните претставници на тијатирскиот трговски сталеж била
Македонката Лидија од македонскиот град Филипи,
која е спомената во делата на апостолот Павле.
5.
С А Р Д
– некогаш познат град по златарството (кујунџиството),
којшто уште во првиот век ја загубил својата слава. Главно занимање
на жителите им било боењето на волнени облеки.

6.
Ф И Л А Д Е Л Ф И Ј А
– познат земјоделски град од тоа време
во кои имало и многубројни храмови. Тука се одржувале разни
религиозни фестивали.
7.
Л А О Д И К Е Ј А
– еден од најбогатите градови во
околината, особено за време на Римската империја. Бил проучен и по
изработката на скапоцени текстилни производи, по својот банкарски
систем, како и по производството на лекови (особено
благотворната мас за очи). Поради недостиг на вода во самиот град
бил изграден систем од цевки (латински aquaduct) кои ја носеле
водата од жешките извори кои се наоѓале во околината на градот, а
сепак водата во него пристигнувала млака.
II.
СТРУКТУРА НА ОТКРОВЕНИЕТО
Веднаш по Воведот (од 1 до 8 стих), можат да се дефинираат
три главни делови на оваа Книга, и тоа:
Првиот
дел:
во него Јован има видение во кое го видел прославениот Христос меѓу
Седум светилници. Тој му вели на Јована да им напише
писмо на седумте споменати цркви во Мала Азија. Секое писмо вклучува
и симболичен опис на прославениот Господ Исус Христос, потоа
проценки за Црквата, зборови на пофалба или укор, зборови на
предупредување до пет цркви, повик за послушност и покајание и
ветување за сите победници.
Вториот дел:
ги опишува виденијата за работи на Небото и на
Земјата во врска со „Јагнето“ – Христос и Неговата
улога во расплетот на историјата и во крајот на светот. Овде се
опишани и Седумте печати и Седумте труби кои служат
како вовед кон следниот (трет) дел.
Третиот дел:
дава детален приказ на последните времиња и конфликтот меѓу Бог и
Неговиот противник – Сатаната. Во ова финале на историјата Јован го
гледа Христос како доаѓа на Бел коњ како Цар над царевите за
да го порази Ѕверот и неговите сојузници. Последните
пророштва завршуваат со големиот бел Престол на правдата,
праведната казна за злите и новото Небо и новата Земја – како
наследство на светиите.
III.
ТОЛКУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ
Папството како „Ѕвер“ !?
Пророчкиот синџир во кој се наоѓаат симболите започнува во 12-та
глава на Откровението со
Л А М Ј А
која сака да го убие Христос по неговото
раѓање. Тука заклучуваме дека Ламјата е всушност Сатаната
бидејќи тој го поттикнувал кралот Ирод да го убие Спасителот.
Имено, негово главно оружје со кое војувал во првите векови по
појавата на христијанството било Римското Царство со неговата
многубожечка религија. Значи Ламјата во поширока смисла го
претставува многубожечкиот Рим.

Во 13-та глава е опишан еден друг ѕвер кој
„беше како Р И С “
и на кој Ламјата му ја дала
„својата сила, својот престол и големата власт“.
За овој ѕвер се кажува дека
„му се даде уста кој зборуваше дрскости и хулења... И тој ја отвори
устата да хули против Бога, да хули на името Негово, на Неговата
Светост и на оние кои живеат на небото... И дадена му е власт над
секое племе, колено, јазик и народ“.
Овој симбол, како што денес веруваат некои протестантски теолози, го
претставува Папството во Ватикан.
Пророкот понатаму кажува:
„Му беше дадена власт да прави така 42 месеци... И видов една од
неговите глави како да бешесмртно ранета...“.
Овие 42 месеци се смета дека го означуваат времето за кое папската
власт ќе го угнетува Божјиот народ (42 x 30 денови во еден месец =
1260 а, тоа е бројот на годините во кој ќе доминира Римо-Католичката
Црква). Овој временски отсек почнал во VI-от век од
нашата ера, поточно со папската превласт во годината 538 по Христа,
а завршил во годината 1798 (значи точно по 1260 години) кога
француската војска го заробила римскиот Папа. Тогаш всушност
папската власт добила смртна рана и се исполнило пророштвото:
„Кој води во ропство и самиот во ропство ќе отиде!“.
Америка во пророштвото!?

Во истата 13-та глава се појавува уште еден симбол:
... „И видов друг Ѕвер како излегува од Земјата. Тој имаше две рога
како кај јагне“.
Од појавувањето на овој
Ѕвер со два рога како на
Јагне се гледа дека тој е поинаков од другите ѕверови
(кои, пак, се симбол на моќните царства/држави кои ќе владеат со
светот) затоа што овој ѕвер е виден
„како излегува од земјата“.
Наместо да ги урне до темел другите власти и самиот да воспостави
своја власт, овој вака претставен народ би морал да се појави од
едно дотогаш ненаселено подрачје и да се развива постепено и
прилично мирно (без судири од голем карактер). Затоа овој народ не
би можел да биде некој народ од Стариот свет, коишто биле многу и се
броеле меѓу себе, односно не може да биде од она
„немирно море на народи, колена, племиња и јазици“,
туку мора да биде некој условно кажано „нов“ народ кој токму во
годината 1798 (значи крајот на XVIII-от и почетокот на
XIX-от век) започнал да се појавува на историската сцена
како сила во новиот дел на светот и со текот на времето станувал се
поголем и посилен. Одговорот после ова и не е толку тежок – само
еден единствен народ одговара на ова пророштво кое јасно упатува на
С А Д – Соединетите Американси Држави. Овој
„Ѕвер со два рога“
многу добро го претставува карактерот на
уредувањето на САД – изразено преку неговите два темелни принципи –
Републиканизмот и Протестантизмот кои се
всушност и тајната за успехот на оваа млада нација. Оние кои први го
пронашле своето засолниште на бреговите на Американскиот континент
биле среќни што на тоа тло ќе можат да основаат власт поставена на
широки темели на религиски и граѓански слободи.
Но,
внимавајте - Пророкот понатаму вели:
„Ѕверот со рогови како Јагне зборува како Ламјата... и сета
власт на првиот Ѕвер тој ја врши во негово присуство... ја присилува
Земјата и сите нејзини жители да му се поклонат на првиот Ѕвер,
чијашто пак смртна рана се исцели“.
Роговите како кај Јагне, а гласот како на Ламја укажува на
забележливата противречност, меѓу начелата и постапувањето на овој
народ. Основачите на САД сториле многу за да ја спречат Црквата да
ја употреби световната власт, па затоа во Уставот на САД (кој
е првиот пишан устав во светот донесен 1787 година) запишале:
„Конгресот не смее да издаде закон со кој се воспоставува некоја
религија или се забранува слободното исповедање на било која
религија“!

Пророштвото продолжува вака:
...„И им советува на земните жители да му направат Икона на ѕверот
кој беше удрен со меч, но преживеа...“.
Овде јасно се истакнува дека во државното уредување на таа земја
законодавната влест е во рацете на народот (граѓаните или
„земните жители“).
Значи, Ѕверот со два рога (Америка) ќе му направи икона на првиот
ѕверот (Сатаната/Папата). За да може САД да направи „Икона на
Ѕверот“ црковната власт мора да ја контролира цивилната
власт, за да може Црквата да ја искористи моќта на државната власт
за свои сопствени цели и интереси кои немаат ништо заедничко со
Бога.
Светото Писмо кажува дека пред Господовото
доаѓање ќе настане сосотојба на ...опаѓање
во верата.
Таму јасно се зборува за тоа дека во последните времиња некои ќе
отстапат од вистинската вера слушајќи
„лажни духови и ѓаволски науки“
(Тимотеј). Па затоа, кога водечките
цркви во САД ќе постигнат согласност во точките на науката што им се
заеднички, и кога ќе почнат да влијаат врз световната власт да ги
наметне и признае нивните прописи и да ги поддржи нивните установи и
институции, тогаш протестантска Америка ќе стане „икона“ на римската
свештеничка власт, а неизбежна последица ќе биде наметнувањето на
граѓански казни за оние што веруваат поинаку.
По
опомената да не му се приклонуваме на Ѕверот и на неговата икона,
пророштвото кажува:
„И ќе помислува да ги ги промени времињата и законите“
(Данило),
а пак апостолот Павле оваа власт ја нарекува
„Човек на Беззаконието“
– кој се издигнува над Бога. Значи само со менување на Божјиот закон
(некои теолози сметаат дека е тоа Четвртата Божја заповед
која ја дава Саботата (хебрејски SABATH) како ден
Господов, а не Неделата) Папството можело да се издигне над
Бога.
Затоа послушноста кон папските закони е знак за верност кон
Папата, а не кон Бога! Католичките писатели ја наведуваат токму оваа
промена на Саботата во Недела – што ја одобруваат и протестантите,
...зашто со признавањето на Неделата тие ја признаваат и власта на
Црквата да ги одредува празниците поинаку од Бога...
– Henry Tubetville. Кога луѓето ја отфрлаат установата за кој
лично живиот Бог кажал дека е знак на неговата моќ, а наместо неа
почитуваат установа која е дадена од страна на Рим како израз на
неговата врховна власт, тие на тој начин го примаат она што во
пророштвото се вика
„Жиг на Ѕверот“.
Новиот Светски Поредок доаѓа!
Неодамнае
издадена книга со наслов
„Keys of This Blood
- Клучевите на оваа крв“
од авторот Малаки Мартин, језуит и човек од
внатрешноста на Ватикан. Поднасловот на оваа книга е
„Папата Јован Павле Втори против Русија и контролата на Западот врз
Новиот Светски Поредок“.
Тој во неа укажува на главните актери во најновите светски настани и
за нивната крајна цел. Во книгата се среќаваат и одредени пророштва
за иднината на светот и истовремено се дефинира значаен дел од
Ватиканската стратегија за контрола на светот. Едно од овие
анализирани пророштва ја опишува папската стратегија за елиминација
на поранешниот Советски Сојуз (бившиот познат гигант СССР).
Исполнувањето на ова пророштво гледано од денешна дистанца може
да го оквалификуваме како добро документирана историја. Светскиот
печат со неверојатна точност ја разоткри активната папска улога во
дезинтеграцијата на социјализмот, чијшто почеток беше
со паѓањето на Берлинскиот Ѕид (на 9 ноември 1989 година). Сега кога
бившиот СССР е само дел од светската исорија, актерите коишто
преостанаа во оваа битка за наметнување на своето влијание, па дури
и контролирање на целосната иднина на човештвото се САД, НАТО, ООН и
Папата (Ватикан).
Значи преостанува само уште да се види дали комунистичка Кина ќе
успее да им се спритивстави на овие „аждери“ и ќе прерасне во
геополитичка супер сила.
Меѓутоа секако дека не е доволно само ова претскажување на еден
језуитски автор за заканата што доаѓа од Новиот Светски Поредок
за да го вклучи алармот за трвога. Но, секако алармантен фактор
е тоа што предметот на горенаведената книга е тесно поврзан со
пророштвата запишани во Библијата скоро пред 2000 години!?
Колку далеку ќе бидат спремни да отидат Ватикан и САД во
привршувањето на овој навидум бескраен конфликт во светот денес?
Какви правци ќе бидат завземени во настојувањата да се донесе мир
среде актуелниов светски социјален, политички и религиозен немир?
Дали Новиот Поредок или новата Светска Влада ќе биде воспоставена во
нашево време, се со цел да се поврати релативната
стабилност на некогашните одминати светски империи?
Историјата и библиските пророштва ни ги даваат едни од
најсензационалните и најсериозни проникнувања во последните светски
настани.
Ω
г
о
р
е
|