✍
Мане МАНУШЕВ
С
А Ј Б Е Р
КРИМИНАЛИТЕТ
Хај
-Тек криминалот во новава Информациона ера
Живееме во време кое е наречено Information Age. Интеграцијата на
глобално ниво, односно интеграцијата на технологијата од секој
аспект на бизнисот и општеството дава нови и неоткриени можности и
предизвици за секој индивидуа на земјинава топка.
Интернетот
и новите можности за Криминално однесување

Додека глобалната мрежа INTERNET нуди можности и информации за разни
аспекти на бизнисот, општеството, медицината, технологијата, науката
и слично – во исто време се отвара можноста за нови облици на
криминално однесување и злоупотреба на оваа мрежа. Интернетот дава
можност луѓето електронски да комуницираат што е вообичаена појава
во последниве неколку години, но во исто време имајќи ги во предвид
сите иновации во областа на компјутерите (било од хардверска или
софтверска природа), криминалот во таа област многу брзо се развива
и всушност ја следи секоја иновација, а во некои рамки и ја
надминува.
Само за информација,
минатата 2005 година кај нас се регистрирани официјално 60 обиди за
ваков криминал,
што сепак е голема бројка ако се земе предвид фактот што само 4% од
населението користи Интернет!
Со самото наше конектирање на интернет ние стануваме потенцијални
жртви на т.н. „сајбер криминал“, затоа што
персоналниот компјутер е инзвонредна можност истиот да стане „плен“
на компјутерските хакери ширум светот.
Се поставува прашањето колкав е всушност компјутерскиот т.н.
„сајбер криминал“ (односно „хај тек криминалитет“)?

Единствено се знае дека компјутерскиот криминал ја чини и прави
штета на индустријата и општеството во светски размери, билиони
долари секоја година. Постојат супстанцијални докази дека ваквиот
криминалитет брзо напредува и се развива, така што оставен без
никаква борба за своето сузбивање, сајбер криминалот веќе ја
загушува експанзијата на електронската комерцијална работа (бизнис),
а со тоа претставува потенцијална опасност за општествената
сигурност, посебно имајќи ја во предвид ранливоста на критичните
инфраструктури во самото општество - како што се банкарскиот систем,
воздушната контрола на летање во светот, а додека пак кај нас
компјутеризацијата на државните установи една од нив и
правосудството на Република Македонија, банкарството и друго,
кадешто веќе секојдневната работа се темели на компјутерските и
компјутерската мрежа.
Видови
„хај-тек“
криминал
Генерално земено, сајбер криминалот може да се сретне во неколку
поважни сегменти:
Првиот сегмент
е тој кадешто самиот PC (персонален компјутер) е цел на т.н.
„хакери“ - каде што хакерот пробува да украде било каква
информација од самиот компјутер користејќи го Интернетот како алатка
за влез во туѓ компјутер, или пак постои друга можност каде што со
самиот влез во компјутерот, хакерот сака да ги уништи податоците што
се во него. Познати се примерите каде што преку примање на
електронската пошта во која се наоѓаат популарните „вируси“
кои пак предизвикуваат разни проблеми со работата на компјутерот -
во зависност од нивната природа.

Вториот сегмент
е тој што компјутерот е алат за извршување на разни криминални
финансиски трансакции - односно истиот се користи како замена за
телефон, т.н. илегална, незаконита телемаркетиншка операција, и тоа
со користење, креирање и испраќање на детска порнографија
(што е во последно време во светот во голем пораст), или финансиска
трансакција. Како пример за ова криминогено однесување се и
руските копјутерски хакери во градот Сент Петербург, кадешто
преку компјутерот провалиле во Градската Банка каде преку
електронски пат извршиле трансакција на пари во износ од 10 милиони
американски долари ($) со префрлање на пари во други банкарски
сметки надвор од Русија и тоа во најмалку во 7 различни држави.
Членовите на групата подоцна биле уапсени во различни држави на
Европа, но имајќи ги во предвид податоците од Градската Банка од
Сент Петерсбург 400.000 долари сеуште не се пронајдени.
Друг е примерот со германските хакери, кадешто со
нивната умешност, ја презедоа контролата над Интернет
сервис-провајдерот во Мајами - САД, уценувајќи го самиот провајдер,
а потоа упатувајќи им закана на сите сопственици на кредитни
картички дека ќе им бидат уништени сите лични податоци и податоците
околу нивното салдо на кредитната картичка, ќе им биде уништен
системот за дистрибуција на производи – купување преку Интернет со
кредитни картички, се додека провајдерот од Мајами не плати одредена
сума пари. Германските власти подоцна го уапсиле „хакерот
“ во
момент кога ги подигнал парите од уцената.
Веќе се познати примерите каде хакерите нелегално дистрибуираат
заштитени авторизирани софтвери (компјутерски програми) - овде
спаѓаат и неовластените пристапи на различни хакерски групи во
безбедносните системи на САД.
Како
трет сегмент
на сајбер криминалот е „софтверското пиратство“, коешто е во
постојан подем и директно ја загрозува хај-тек индустријата
за изработка на софтвер, затоа што Интернетот како појава и другите
компјутерски системи не познаваат граници меѓу државите, бидејќи
секое лице кое што е опремено само со подобар компјутер, може по
сопствена волја да ги виктимизира било кои индивидуи било каде на
земјината топка, и тоа без да излезе од својот дом.
Борбата против овој вид криминогено онесување
Иако појавата на глобалната мрежа наречена Интернет не познава
граници, а борбата против Сајбер - криминалот мора да го почитува
суверенитетот на државите. Од тие причини, во последно време се дава
примат на меѓународната соработка на разноразните
организации и агенции за примена на законите во борбата против
растечкиот сајбер - криминал. За наша несреќа различноста на
правните системи во државите доведуваат до диспаритет во техничката
експертиза меѓу разноразните организации и агенции кои се борат
против сајбер - криминалот. Мошне тешко е откривањето на локацијата
каде што е сторено кривичното дело од областа на сајбер -
криминалот, затоа што особено е тешко во денешни услови,
телефонската комуникација преку компјутер може да кружи преку САД,
да се изврши избор од некоја кабловска компанија, па потоа преку
сателит да се дојде до Европскиот континент. Откривањето на ваквата
комуникација бара ангажирање не само на бројни телекомуникациски
компании од САД и Европа, туку и на многу други Агенции кои се
специјализирани за откривање на ваквиот криминалитет.

Измамата преку Интернет
е како секоја друга измама и истата би требало да биде спречена само
преку континуираната едукација на корисникот,
ценејќи ги притоа забелешките и искуствата од досегашната практика
во сузбивањето на сајбер - криминалот. Во таа насока би требало да
се инвестира во време и енергија за испитување на легитимноста и
законитоста на секоја странка во нејзината интеракција преку
интернет (ова посебно се однесува на разните финансиски трансакции
кои се одвиваат преку Интернет). Поголема претпазливост би
требало да се има посебно во користењето на кредитните картички.
Безброј се примерите каде се злоупотребува купување на разни
производи со кредитни картички, а кадешто сопственикот воопшто не
знае дека неговата кредитна картичка е злоупотребена од друго лице.
Компјутеризацијата
во Македонија
Република Македонија е во фаза на компјутеризација на
државните служби и постепено поврзување во една единствена
мрежа на информации.
Примери за тоа постојат многу и тоа компјутеризација на: Управата
за јавни приходи, Македонски телекомуникации, Фондот
за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидко
осигурување, Банките, Министерството за внатрешни
работи, Централниот Регистар и други институции - при што
сето ова поврзување е интерно (што значи за свои потреби), и притоа
не е достапен никаков пристап за други корисници кои сакаат да
дознаат било какви информации за тие служби.

Исто така претстои коплетна компјутеризација на правосудството
во Република Македонија. Иако само во почетна фаза – со
компјутерско опремување на сите Основни и Апелациони и Врховниот Суд
на Република Македонија. Во оваа почетна фаза е и обуката на
вработените за ракување со компјутерката опрема. Како една од идните
фази претстои и поврзување на Основните судови од едно апелационо
подрачје со Апелациониот суд каде се наоѓаат, а потоа претстои и
поврзување на сите апелациони судови со Врховниот суд на Република
Македонија. Предностите на ваквото поврзување на судството во
Македонија со еден збор кажано се „несогледливо позитивни“,
во однос на комуникацијата помеѓу судовите, размената на разни
информации. Непосредно би се следела судската практика на судовите
од страна на Врховниот суд на РМ и слично.
Во фаза на изработка е и единствен софтвер преку кој ќе биде водена
евиденција на сите предмети.
Би требало да се формира Архива на предмети (посебно за секој
предмет), во која ќе бидат сместени сите писмени докази, списи од
предметот, со тоа што уписниците постепено би се исфрлиле од
употреба.
Заштитата од „Сајбер - криминалот“
Но, овде се поставува прашањето дали би требало
Правосудната компјутерска мрежа на Македонија (network) - да
биде отворена за други корисници (се мисли на физички лица, кои ќе
сакаат да се конектираат преку Интернет) и во кој степен таа би
требало да биде достапна до јавноста, дали во однос на објавување на
специфични судски одлуки, дали во однос на презентирање на разни
извештаи од работата на самиот суд ?

Според мене, најпрво би требало да се изготви научна експертиза дали
работата на судовите во Република Македонија (поединечно или групно
во рамките на апелационото подрачје) би требала да биде презентирана
на „Веб страница“ (Web site) достапна до јавноста, дали секој
суд би требало да има своја „Веб страница“ или таа би била заедничка
во рамките на Врховниот суд на РМ, или пак да речеме Министерството
за правда. Експертизата би се однесувала и за сигурноста на самата
компјутерска мрежа - Дали таа ќе биде заштитена од упади на разни
хакери кои ќе сакаат да ги уништат податоците во било кој суд; како
би функционирала таа во поглед на тоа што би требало и кои
информации би му биле достапни на обичниот корисник кој е конектиран
преку Интернет?
Инвестицијата за изработка на единствениот софтвер за евиденција
на предметите е многу скапа, но заштитата на самата компјутерска
мрежа од разни упади и вметнување на разни вируси е уште
поскапа,
па затоа при изготвување на научната експертиза би требало да биде
согледано искуството од Европските земји. Би требало да биде
согледано мислењето и искуството од судовите во Македонија, затоа
што и најскапо обезбедените компјутерски системи во светот не се
имуни на се повеќе растечкиот сајбер-криминал.
Ω
г
о
р
е
|