НАСЛОВНА  US Invader

Манифест Проглас до почитуваните ни читатели

Интро       Не ни стојте на патот...   

Антиглобализам Глобализацијата како војна од нов тип   

Антимилитаризам Кампот „Бонд Стил“ на Косово

Радикализам Велигденското Востание во Ирска (1916)

Атентати Марсејскиот атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Левица Хегемонијата на капиталистичките вредности

Политологија Политичката контрола над егзекутивата

Човекови права Историски дискурс за „слободите и правата на човекот и граѓанинот“

Цивилизации Бушидо - душата на Јапонија

Религија Откровението на Новиот Завет од светиот Апостол Јован Богослов

Македониум Македонците во Библијата

Ораториум Индијански (од)говор

Фељтон „Екоцидот“ при НАТО агресијата врз Југославија (1999)

Интервју Ексклузивно за МАХАТМА:   разговор со Умберто ПАСКАЛИ

Профил Нелсон Мандела - герилецот кој доби Нобелова награда

Сајбер High-Tech криминалитетот во денешнинава

Препораки Што да читаат алтер-глобалистите?

Деконтаминација Мрак во Македонските „медиуми“

Контра став Општење за општеството...

Наука Алберт Ајнштајн - големиот научник бил одличен љубовник

Книжевност Борба за возвишување (или бесмртност на тлото на златната средина)

Антологија Писмо од Земјата што зборува - преписка

Поезија „Соларни симболи“ од Димче Коцев

Филм Stigmata & Trainspotting

Музика Милан Младеновиќ - фронтменот на Е.К.В. (1958 - 1994)

Лирика Bob Marley - политички мотивирани текстови

Екстремен спорт Aggressive inline skating-от во Македонија

Фото клуб Фотографии од наши активности

Архива Првиот број на МАХАТМА (октомври 2005)

Редакција Уредник, Членови, Поддршка и Соработници

Линкови

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!

 

358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!

 

вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!

 

воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!

 

во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!

 

САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!

 

само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сι под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!

 

над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!

 

преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!

 

трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како  Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!

 

цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!

 

само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!

 

девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!

 

во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!

 

 

за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!

 

 

во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!

 

 

400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а  само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!

 

 

10-те најголеми фирми од областа на телeкомуни-кациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!

 

 

пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“  мултинационални корпорации!

 

 

пред две децении  65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!

 

 

во субсахарска Африка, 20 држави има реално помал приход per capita (по глава на жител), отколку што имаа во доцните 1970-ти години!

 

за нас конститутивни акти приклучи се контакт

 

В О В Е Д

 

 

 

Уредникот ©

 

 

САМО ЕДНО ДА ВИ КАЖАМ:

Не ни стојте на патот!

 

П о ч и т у в а н и !

 

Така-вака, или ако сакате вака-така - еве го пред вас и вториот број на првото македонско електронско списание за антиглобализам и геополитика МАХАТМА (ееејјј ама чудно звучи ова ...вториот број на првото списание за антиглобализам  ха-ха-ха).

 

Инаку, овој број на МАХАТМА започнавме да го подготвуваме после доаѓањето на новата 2006-та година, па се до крајот на месец февруари – значи за околу два месеци успеавме да ви подготвиме содржини од околу 200 илустрирани страници. Е сега, за оние кои се занимаваат со издаваштво, па и оние кои читаат книги или весници – знаат што значи овој голем фонд на страници, кои обработуваат теми коишто и да сакате не можете да ги најдете на ниту едно друго место во нашава ...мила и никогаш непрежалена Татковина.

 

 Што се однесува до рубриките, како што и сами можете да забележите има некои измени, чунки мислиме на „поарно“. Имено, во овој број имаме, верувале или не 11 (читај единаесет) нови рубрики, а тоа се следниве:

 

*  Атентати – во оваа рубрика ќе се анализираат атентати и нарачани убиства на познати и помалку познати личности, како од Македонија, така и ширум светот. Се надеваме дека токму оваа рубрика ќе побуди најголем интерес во иднина.

*  Радикализам – рубрика во којашто ќе бидат прикажани едни од најголемите протести, револуции, демонстрации и граѓански војни во поновава и подалчечна светска историја.

*  Профил – тука ќе ви ги прикажуваме животните стории на познати светски личности кои оставиле белег на времето во кое живееле и за кои сметаме дека треба да им оддадеме должна почит за нивното дело.

           

*  Музика – рубрика која е специјализирана за уништување и дефинитивно искоренување на турбо-фолкот во нашава земја и разните останати форми на дегенеризам, кич и шунд што доаѓаат од нашето поблиско или подалечно опкружување.

*  Филм – во оваа нова рубрика редовно ќе Ви претставуваме по неколку врвни остварување од светот на „Седмата уметност“ кои по многу нешта се разликуваат од клишето на холивудските комерцијални изданија кои ја окупираат светската сцена промовирајќи секс, неморал, насилство, фетишизирање на парите и садомазохизмот. Ете затоа, за да не заглавите во овој вител на искривени вредности, ние преку оваа рубрика ќе се потрудиме да ви презентираме добри филмски остварувања кои заслужуваа да одвоите барем малку време и „на раат“ да си ги изгледате.

*  Деконтаминација – рубрикава е посветена за анализа на многу т.н. „транзициони“ проблеми со кои секојдневно се соочуваме во оваа наша пост-комунистичка недоквакана демо(н)кратија. Но, овие проблеми ќе ги анализираме од еден сосема поинаков аспект, за кои во останатите т.н. медиуми на нашиов (бит)пазар нема доволно место. Ај, да не ја тупам – прочитајте и ќе сфатите...

*  Политологија – рубрика наменета за теориска анализа на современи политиколошки проблеми, теории и системи (надвор од досаднава и банална дневна политика), како кај нас така и во светот.

*  Препораки – рубрика во која во секој нареден број ќе ви презентираме по минимум три книги, кои се однесуваат на различни теми и кои сметаме дека вреди да ги прочитате до издавањето на следниот број на МАХАТМА. Тоа се претежно книги кои се преведени на мекедонски, но може да се случи да бидат и на друг јазик (руски, англиски, српски, бугарски и слично).  

*  Приклучи се – преку оваа страница можете да видите како изгледа официјалната пристапница за зачленување во Асоцијацијата „MAGNA CARTA“, и доколку изразите желба да му се приклучите на нашето младо, оригинално, несекојдневно и отворено за соработка  д в и ж е њ е.

*  Архива – место кадешто ќе може да ги проверите претходните броеви на МАХАТМА. Намерно не велам „старите“ затоа што едноставно не постои стар број на ова списание, бидејќи темите се така одбрани за кога и да ги читате да звучат свежо и актуелно.

*  Манифест – место за разни емотивни и помалку патетични, но сепак искрени и реални апели, повоци, прогласи, меморандуми, декларации и слични „дејанија“ со кои се пренесува некаква порака до нашата читателска публика.

            

   Од овој број, исто така имаме и петина нови членови на Редакцијата, а тоа се Тања, Тина, Сашко, Томе и Борче – кои мошне сериозно си ја сфатија оваа волонтерска работа, и на кои им пожелуваме среќа во иднина (ај па да ни пишуваат уште подобри текстови).

   Исто така имаме и нови привремени соработници,  а тоа се Спасе, Денис и Умберто.

   За најголеми „забушанти“ за овој втор број Редакцијата и Уредникот ги прогласуваат: Гелсот и Виктор (по втор пат - трет пат и ауф!!!), Лиле, Крсте и Софија, а пак највредни и најангажирани при подготовката, морам да признаам беа Мане, Борче и Емануел.

 

   За овој број, освен горенаведените содржински новини, се обидовме колку што можеме, знаеме и умееме да го подобриме и дизајнот на самото списание (што се разбира не значи дека на ова и ќе застанеме, туку напротив во иднина визуелното решение ќе биде сι подобро и подобро).

     

   Мораме да изразиме благодарност и до сите оние над 600-ни луѓе кои го посетија ова електронско списание во изминативе шест месеци, и дел од нив кои ни испратија пораки за поддршка (но, исто така ни дадоа и некои добронамерни забелешки од кои дел усвоивме – за што сме им многу благодарни, бидејќи помогнаа во конечното обликување на ова прво списание од ваков вид кај нас).

   Инаку, што се однесува до бројката на посетители на нашата веб страна, сме повеќе од задоволни – затоа што мораме да ви признаеме дека поради недостиг на финансиски средства (а нι на креативноси и  идеи!) – не бевме во можност да направиме никаква, ама баш никаква рекламна кампања. Но, затоа за овој втор број решени сме да го исправиме тој наш пропуст, и списаниево да започнеме да го рекламираме на начини како што заслужуива (со линкови преку е-меил пораки кои ги испраќаме до нашите пријатели и непријатели, потоа преку флаери, постери, плакати и ТВ и радио соопштенија, како и информации по разни форуми на Интернет коишто постојат кај нас доколку, се разбира, изразат желба за взаемна обострана соработка).

        

На крајот на краиштата, нам и не ни е потребен некој којзнае колкав аудиториум, туку доволна ни е скромна, но одбрана, лојална, ревносна и пред сι желна за знаење публика.

 

p.s. Колку сме, толку сме - токму сме !

      

 

г о р е

 

]