|
|
||
|
постои светски тренд на концентрација на населението во урбаните центри: на пример во Аргентина (88%); во Мексико (77%) или во Индија (34%)!
само во Франција живеат околу 5 милиони муслимани!
|
секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна)!
358 енормно богати мулти-милијардери денес поседуваат повеќе од она што половина човештво заедно го заработува!
вкупниот Бруто Национален Производ (GDP) на 48-те неразвиени сиромашни земји од „Третиот свет“ е еднаков на богатството што го поседуваат тројцата најбогати луѓе во светот!
воениот буџет на САД е два пати поголем од буџетите на сите земји членки на НАТО заедно (и изнесува неверојатни 400 милијарди $ - американски долари)!
во секој момент во светот постојат над 30 000 нуклеарни бомби, кои ако експлодираат во еден момент ќе ја уништат целокупната материја што воопшто постои на планетава!
САД имаат издвоено 100 милиони $ за рушењето од власт на поранешниот српски претседател - Слободан Милошевиќ!
само 29 % од целокупната територија на Земјава е под суверенитетот на државите, а останатите 71 % сé под режимот на „меѓународното право“ кое претежно е т.н. обичајно право!
над 4 милијарди жители на планетава живеат на Јужната Хемисфера, а има само едвај 1/5 од вкупното светско богатство!
преку 3 000 комерцијални вештачки сателити и над милијарда телевизори го претвора светот во едно огромно гледалиште, кадешто милијарди луѓе во исто време гледаат исти спектакли и настани!
трошоците за еден TV приемник произведен во САД чинат 54 долари, додека во фабриките на островот Формоза (попознат како Тајван) тие опаѓаат на само 4 долари – $!
цената на трудот на 47 виетнамски работници е еднаква со онаа на само еден француски работник!
само четири светски новински агенции дневно емитуваат оклу 34 милиони зборови (т.е. 90% од вкупното издаваштво на весници и емитувањето вести преку радиото и телевизијата)!
девет од 10-те најголеми рекламни фирми и маркетинг агенции се американски!
во Холивуд се произведуваат 4/5 од сите филмови во светот!
за само една деценија уделот на американски филмови во европските киносали се зголеми од 56 на 70%!
во моментов во светот постојат преку 20 000 транснационални корпорации!
400 корпорациски џинови во свои раце држат 66% од светското производство, а само 1% од корпорациите во своите раце држат 75% од вкупните инвестиции во другите држави!
10-те најголеми фирми од областа на телeкомуни-кациите контролираат 86% од светскиот пазар (којшто, пак, е вреден цели 300 милијарди долари)!
пред две децении 180 корпорации ја контролираа светската индустрија за храна и пијалоци, а денес истата таа моќ ја делат само 60 „мамутски“ мултинационални корпорации!
пред две децении 65 хемиски компании биле во жестока конкурентска трка, додека денес преку 90% од светскиот пазар на пестициди го владеат само девет компании!
вкупно 2/3 од странските директни инвестиции потекниваат од само четири земји (САД, Велика Британија, Јапонија и Германија)!
брокерските финансиски трансакции достигнуваат неверојатни размери од 1 300 милијарди американски долари на ден (или сликовито кажано, онолку колку што изнесуваат резервите на сите национални банки во светот)!
„Договорот од Кјото“ кој го регулира намалувањето на емисијата на штетните гасови во воздухот, и покрај тоа што е поддржан од 53 нации, сепак не беше потпишан од страна на американскиот претседател Џорџ Буш!
|
|
|
З А Н А С |
||
|
✍ Редакција на М А Х А Т М А ©
Д е л о в н о C.V.
Асоцијација „МАГНА КАРТА“ (Association „Magna Carta“) е невладина, непартиска и апсолутно непрофитна младинска организација - со седиште во револуционерниот и секогаш прогресивен град Велес (античкиот Вила Зора), којашто дејствува на територија на цела Република Македонија. Формирана е во месец декември 2004 година.
Во нејзини рамки функционираat и два одвоени Сектори - како нејзини постојани работни тела, и тоа: 1. Комитетот за мир, солидарност и антиглобализам – кој е прв од ваков тип во земјава, и кој наидува на „тивок организиран бојкот“ кај надлежните државни, како и кај останатите т.н. „невладини“ паразитско-сапрофитски структури. За прв раководител на овој сектор е избран Димче Апасиев. 2. Сектор „еКарта“ – специјализиран за мултимедијални проекти изработка на Едукативен и практичен, бизнис и културен информатор. За прв раководител на овој сектор е назначен Тодор Спасев.
Моментално оваа Асоцијација брои нешто помалку од стотина активни членови и активисти од цела Република Македонија (Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Куманово, Вевчани, Штип, Охрид) - и тоа претежно:
* * *
За само половина година од своето постоење Асоцијацијата МАГНА КАРТА има организирано и реализирано солиден број активности* (намерно не го користиме зборот „проекти“ кој во јазикот на нашево плуралистичко (мало)граѓанско општество навлезе заедно и истовремено со продирањето на разно-разните петоколонашки странски фондации).
Нашите досегашни активности се следниве:
54-ри часовен фестивал (techno, trance и ragge music) на Велешкото езеро „Младост“, токму на празникот 2-ри Мај 2005 година. На фестивалот имаше два добро озвучени подиуми со различен вид музика, а учество земаа над 30 Македонски Dj и 10 Dj од странство (Србија, Бугарија, Хрватска Англија и Германија).
Фестивалот беше поддржан од страна на Градоначалникот и Општината Велес, во склоп на мега-настанот: „В Е Л Е С - Град на културата 2005“. Одговорен за овој фестивал беше Ацката од Soul Of Trance.
изработка на над 100 плакати, флаери, маици и друг пропаганден материјал по повод Самитот на седумте најразвиени земји, плус Русија - кои ја сочинуваат групата G-8, а кој се одржа во градот Единбург (Шкотска) во месец јули 2005. Мотивот беше борба против сиромаштијата во неразвиените земји од Третиот свет.
Ова збиднување е реализирано од самопридонес на нашите пожртвувани, совесни и пред се лојални членови. Одговорен за овој изблик на револт беше Мане Манушев.
прво македонско младинско студентско електронско т.е. интернет бесплатно списание за антиглобализам (сајбер зин) кое излегува 2 пати годишно, во месеците октомври и март, и тоа на приближно 200 страници (текст и илустрации).
Во секој број обработува теми кои не многу често се обработуваат
во нашите медиуми – антиглобализам, антимилитаризам, радикализам,
национализам, религија, атентати, екстремни спортови, ораториум,
човекови права, биографии на познати личности, сајбер, антологија на
краток расказ, поезија книжевност, уметност, филм и
слично. Прочитајте повеќе откако ќе се логирате на www.mahatma.ecarta.info. Одговорен уредник е Димче Апасиев.
голем Рок хепенинг одржан во Амфитеатаралниот простор на Младинскиот парк во градот Велес на 2-ри август 2005 година, по повод „102 години од Илинденското востание ‘903“, на којшто учество земаа три македонски underground музички атракции:
F o l t I n (Битола), D. N. O. (Скопје) и Bad Sector (Велес).
Ова беше еден од најмасовните спектакли организирани некогаш во Велес од страна на невладина организација, којашто меѓу другото го презира паразитскиот начин на финансирање на останатата НВО-мафија во Македонија. Концертот го поддржаа Министерството за култура на Рeпублика Македонија и локалната самоуправа на град Велес. Одговорно лице беше Ангел Панов.
современ, модерен, едукативен и практичен бизнис и културен
информатор кој излегува на нашата интернет страница
www.ecarta.info
на којашто има и Форум кој е отворен за дискусии и дебати, а
во подготовка е и издавање на мултимедијално CD. Со оваа капитална и долгорочна акција ќе се овозможи поголема достапност до информации за одделни производи и услуги на пазарот и динамизирање на развојот на малите и средни претпријатија и изумрените занаети во нашиот град и неговата поширока околина. Информаторот е финансиран по пат на спонзорства од фирмите кои партиципираат во истиот. Одговорен реализатор е Тодор Спасев.
F E S T I V A L “S h i n i n g f a c e s”
На фестивалот имаше три сцени (добро озвучени подиуми) со различен вид музика, и тоа: Stage 1 > EXTRANS (Activities / Accessories): учество земаа над десетина Македонски Dj ( Велес, Скопје, Струмица) како и Dj од странство (Словачка). Stage 2 > MAIN (Psychedelic music): учествуваа над триесетина домашни Dj (Скопје, Велес, Струмица, Битола, Куманово, Гевгелија, Прилеп), како и странски Dj (Грција, Чешка, Бугарија, Нов Зеланд, Ирска). Stage 3 > CHILL (Chill / Ambient / Oriental music): учествуваа над дваесетина Dj и бендови од кај нас и од странство. Фестивалот беше поддржан од страна на Soul of Trance, а медиумски спонзори беа телевизиите Сител, Телма и МС, потоа дневните весници Дневник, Вест и Време, како и радијата City, Club FM и CD radio. Одговорни за овој фестивал беa Ацката и Гелсот. Ω
|
||